Филозофски факултет

  • Креатор на темата Креатор на темата Scarlett O'hara
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки вака. Ич не сум упатена во овие работи. На брат ми му треба моја потврда за редовен студент, за запишување во средношколски дом. Ги исконтактирав на факултет поради тоа што имав специфична ситуација. Јас бев редовен студент но од финансиски и здравствени причино во 5 семестар го прекинав студирањето. Од таму ми рече дека не може во моментов да ми издаде потврда. Кој документ сега треба да му го дадам на брат ми да го однесе за мојот статус во семејството? Треба да идам во завод за вработување или како? Таа од таму ништо не ми кажа и не ме упати. Доколку некој може да ми помогне би ви била МНОГУ благодарна..
 
Нешто ме фати мерак да се запишам вонредно историја, пошто имам завршено еден факултет и моментално обавувам стаж, па нема да можам редовно.
Како полагаат вонредните, какви се професорите, лесно ли е, тешко ли е, има ли литература за секој предмет (или е ебиветар, снаџи се па живи, како на стоматологија)....
Можеш и на колоквиуми да си идеш, професорите воглавно ок, за литература ќе те насочат, нешто на српски, повеќе нешто на наше. А и можеш нешто на нет (гугл букс, ако знаеш англиски). Вонредните сепак се мрцварат, како и останатите вонредни, пошто има некои потешки предмети.Треба да си ептен загреан за историја и да ја познаваш од претходно за (по)лесно да минеш на смеров. :)
 
Дали би ме примиле со 64-5 поени (тука негде) на социјална работа и политика????
 
Здраво. Утре ми се уписите на филозофскиот факултет- социјална работа и политика. Прво дали има некој од тука што ќе се запишува или е запишан? Друго ме интересира дали знаете со колку бодови примаат бидејќи секој различно кажува. И дали знаете кој треба да биде називот на таксената марка. И ако има некој што е запишан малце подетално за студиите. Ви благодарам.
 
Дали некој знае каде може да ја најдам литературата Историја на Аргеадите од Нада Проева?
 
Дали некој знае каде може да ја најдам литературата Историја на Аргеадите од Нада Проева?
Ако сакаш да ја купиш ја имаш во сервисот а ја има и низ антикварниците низ стара чаршија.
Ако сакаш да копираш или ти треба нешто за кратко тогаш ја имаш во: библиотеката на институтот за историја, библиотеката на касични студии, универзитетска библиотека спроти факултетите, МАНУ..
 
Дечки планирам да се запишам на историја бидејчи ме влечи. Е сега сакам да прашам дали е тешко - лесно, совети, објаснувања како шо се учи колку предмети од прва до четврта, со колку поени се потребни, колку души се запишуваат од прилика. Сигурен сум дека че се запишам на чиста историја, размислувам и за географија ако се најди некој за гео нека кажи шо како оди бла бла + студенскиот дом реновиран е, или еби ветар. Рано мие за факултет но би сакал пред време да се информирам.
 
Дечки планирам да се запишам на историја бидејчи ме влечи. Е сега сакам да прашам дали е тешко - лесно, совети, објаснувања како шо се учи колку предмети од прва до четврта, со колку поени се потребни, колку души се запишуваат од прилика. Сигурен сум дека че се запишам на чиста историја, размислувам и за географија ако се најди некој за гео нека кажи шо како оди бла бла + студенскиот дом реновиран е, или еби ветар. Рано мие за факултет но би сакал пред време да се информирам.
http://www.fzf.ukim.edu.mk/ddtest21/page/programs/post/istorija_29
Тука имаш се. Од програма до литература. Ако си баш сигурен дека сакаш да запишеш може и да си прочиташ и нешто што ќе ти фати око .. чисто да си знаеш со што фаќаш работа. ( ако ти треба помош со литература пиши слободно.. имам доста книги ќе ти спаковам фолдерче).
Јас студирав на археологија, ама имав доста предмети од историја така да можам да ти кажам дека не е тешко ако сакаш да учиш, ако не, на било кој факултет да се запишеш ќе биде тешко.
Пред да се запишуваш те молам размисли добро.. во однос на иднината со професија историчар. Не е толку ужасна како онаа на археолозите, ама сепак! Мора навистина да посветиш внимание, труд, љубов и живци ако сакаш да успееш. Внимателно и со среќа.

Професорите повеќето се генијални, ќе дискутирате, можеш секогаш да им се обратиш и ако го видат твојот интрес ќе се вложат и тие.
 
Последно уредено:
Некој ако може да сподели повеќе информации во врска со полагањето на предметот Филозофија кај Бранислав Саркањац на 16. јануари 2018.
Разбрав дека требало да се пушува есеј и дека е лабаво за препишување. Доколку некој имал искуство со овој предмет, би бил благодарен доколку сподели повеќе информации, од каде тема, материјали нешто итн. :)
 
Дали знае некој дали воопшто се запишуваат студенти на институтот по археологија? И отприлика колку луѓе идат?
Исто така на предметната програма за услови за запишување на страницата пишува "завршено високо или вишо образование на сродни факултети или виши школи" што подразбираат под ова?
 
Дали знае некој дали воопшто се запишуваат студенти на институтот по археологија? И отприлика колку луѓе идат?
Исто така на предметната програма за услови за запишување на страницата пишува "завршено високо или вишо образование на сродни факултети или виши школи" што подразбираат под ова?
Има. Се запишуваат. За условите битно е средно да имаш. Ова што го пиша, е за пост дипломски.
 
Постои ли некако број за контакт на студентски прашања ?
 
сакам да запишам социологија, ако има некој некое искуство да ми пише. Лесни се испитите и дали има полагање на колквиумски само?
исто така слушнав муабети дека социологија од оваа година дипломата е признаена и во странство, факултетот бил акредитиран или така нешто, ако знае некој да ми каже. од оваа година гледам различна е програмата па ќе мораме да се снаоѓаме :icon_lol:
исто така да прашам за пријател за безбедност, одбрана и мир. што може да се работи после тој факултет?
 
би сакала да прашам некој подетално да ми каже за безбедност,одбрана и мир ... која професија одговара на овој смер ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom