Дечки вака. Ич не сум упатена во овие работи. На брат ми му треба моја потврда за редовен студент, за запишување во средношколски дом. Ги исконтактирав на факултет поради тоа што имав специфична ситуација. Јас бев редовен студент но од финансиски и здравствени причино во 5 семестар го прекинав студирањето. Од таму ми рече дека не може во моментов да ми издаде потврда. Кој документ сега треба да му го дадам на брат ми да го однесе за мојот статус во семејството? Треба да идам во завод за вработување или како? Таа од таму ништо не ми кажа и не ме упати. Доколку некој може да ми помогне би ви била МНОГУ благодарна..