FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

  • Креатор на темата Креатор на темата Zlatikevichius
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Не мислам дека постои нација со по развиен хумор од србите. Секој филм со жанр хумор е навистина хумор. Пцовките да не ги спомнувам, нај хардкор пцовки у свет.
Ау, на овој филм како се имам смеено! Мислам дека уште стомак ме боли од пред 15 години. :pos: Гледан минимум 10 пати, имав оригинално DVD.

„Шта радите“
„Ништа“
„А могу ли ја с'вама да не радим ништа“ :pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
@Zlatikevichius овој не ти е српски. Босански и странски продукциски куќи го застапуваат. Он и Отац на службеном путу се или за Југославија или БХ. До душа Центар филм се продуценти на Отац на службеном путу кои се основани во Белград ама важат за југословенска продукција. На веб сајтот што им е, го нема овој филм.

Барем ја ова успеав да најдам кога ги бирав филмовите.
 
Не мислам дека постои нација со по развиен хумор од србите. Секој филм со жанр хумор е навистина хумор. Пцовките да не ги спомнувам, нај хардкор пцовки у свет.
Јој Милунка сунце ти јебем.
 
Да ве поздравам само. :)
Од почеток на септември се заглавив со обврски (организација на неколку настани) и до 20 октомври ќе заврши сè, пак ќе ве дружам во гледање филмови.
 
@Zlatikevichius овој не ти е српски. Босански и странски продукциски куќи го застапуваат. Он и Отац на службеном путу се или за Југославија или БХ. До душа Центар филм се продуценти на Отац на службеном путу кои се основани во Белград ама важат за југословенска продукција. На веб сајтот што им е, го нема овој филм.

Барем ја ова успеав да најдам кога ги бирав филмовите.
Точно, во право си потполно. Ама реално, и покрај што продукцијата е од Босна и Херцеговина, во филмов дури има повеќе македонско од босанско, а Кустурица е српски режисер, па така морав да го сместам тука. За Босна имам друго во план.
 
The Tour или Turneja/Турнеја (2008)

Конечно ми се погоди држава од која имам филмови за гледање па решив да се качам на возот.
Филмов го знаев од најтрогателната сцена од цел филм, кога ќе ги тераат хрватот да оди преку минското поле само затоа што не ја знаеше да ја пее Кукавица од Цеца.
Бидејќи го знам од одамна, ама не се погодило прилика да го гледам, сметав дека сега со предизвиков е одличен момент.
Што да кажам за филмов, трагедија што се прикажува како комедија. Добро е што барем се смееме на нашите балканштини кои на некој од Запад му немаат смисла. Дејството е група на глумци од Белградскиот театар одат во Српска (Босанска) Краина на тура каде што беснее војна, и можете да замислите што ќе им се случува по пат.
Им го препорачувам на сите кои сакаат да гледаат филмови за војната во Босна во 90те ама од чисто ненавивавчки и осудувачки кон сите побуди.
Од мене филмот добива 7/10.
 
Cabaret Balkan (1998)
Bure baruta
MV5BNDljMTE0YjgtNzUxNS00OTJmLWE1MTgtNTNjYTQxMjQ3MjFlXkEyXkFqcGdeQXVyMzIwMTIwODc@._V1_.jpg


Вака коа ќе очекувам многу од некој филм и на крај коа ќе ми допре дно, се вадам од кожа.
Го знам Буре барут одамна, нели театарска претстава е првенствено, али никад не сум го изгледал.
И сеа коа ги бирав филмовите ми текна, плус коа ја видов актерската постава очекував многу јак филм со милион дешавки, со хумор со све. Не може да е слаб филм со ваква постава.

Ама очигледно може.
Еден огромен мех од филм, ништо, да не речам глуп. Ја сфаќам поентата, све тоа е океј, али тапа, многу тапа некако, умирав гледајќи го. Имам гледано поголеми трагедии од ова. Тоа comedy нека се тргне од жанров пошто погрешно насочува.

5/10.
 
48. Barking at the Stars / Лајање на звезде (1998)

1664995747580.png

Ова е веројатно нај-feel-good филмот некогаш снимен, не само во Србија, туку на цел Балкан! Комедија на ситуации за IV-2 класот во една провинциска гимназија во '60-тите години, во која централна приказна се обидите на младиот Михајло Кнежевиќ, звани Филозоф да го освои срцето на неговата соученичка Даница, која истовремено е и девојка на неговиот брат. Но освен таа приказна, тука има уште десетици други, и помеѓу учениците, и помеѓу професорите, и верувам дека не може да не изнудат барем една насмевка кај било кого. Совршена актерска екипа, совршена глума, и иако на моменти изгледа како серија скечеви од школските клупи, собрани сите како целина прават преубав филм кој уште долго ќе го паметам. А ако некогаш ме затепа носталгија по средношколските денови, и ќе му се навратам, зашто сите сме биле во некое слично IV-2, и помалку или повеќе сме лаеле на ѕвездите. ;)

Омилен професор: Слободан Лазаревиќ (Берчек)
Омилени ученици: Јован Слобеновиќ (Небојша Миловановиќ) и Младен Ложаниќ Малер (Милорад Дамјановиќ) - тешки пропалици, ме смееја само фаците ко ќе им ги видев.

Чиста 10/10
 
20. Србија

Sky Hook /Nebeske udice/ (2000)

Како шо рече Злате, удара наа емоции. Амаа.. филмот е голем просек. Освен Небојша и Никола другите ликови не ми се допаднаа, површинска глума.

3,5/5
 
Cabaret Balkan (1998)
Bure baruta
MV5BNDljMTE0YjgtNzUxNS00OTJmLWE1MTgtNTNjYTQxMjQ3MjFlXkEyXkFqcGdeQXVyMzIwMTIwODc@._V1_.jpg


Вака коа ќе очекувам многу од некој филм и на крај коа ќе ми допре дно, се вадам од кожа.
Го знам Буре барут одамна, нели театарска претстава е првенствено, али никад не сум го изгледал.
И сеа коа ги бирав филмовите ми текна, плус коа ја видов актерската постава очекував многу јак филм со милион дешавки, со хумор со све. Не може да е слаб филм со ваква постава.

Ама очигледно може.
Еден огромен мех од филм, ништо, да не речам глуп. Ја сфаќам поентата, све тоа е океј, али тапа, многу тапа некако, умирав гледајќи го. Имам гледано поголеми трагедии од ова. Тоа comedy нека се тргне од жанров пошто погрешно насочува.

5/10.
Да прекинеш да гледаш филмови. Филмов е врв, ремек дело, пример за каков треба да биде еден филм. Вакви реплики, содржинско значење и општествена критика е вистинска реткост.
 
Србија
#40. Танго Аргентино (1992)

MV5BZmE4MDFlMjUtMzc5ZC00OGNkLWI0NDEtODgxMjYxYmM4OWNiXkEyXkFqcGdeQXVyNjcyOTkzNTI@._V1_.jpg


Имав фатено некоја сцена од филмов на телевизија, делуваше интересно и го ставив на watchlist, плус Паскаљевиќ е режисер што ветуваше доста, ама некако ми ја немаше таа Паскаљевиќка магија што ја имаат Варљиво лето, Посебан третман, па и Буре барут или Чувар плаже.

Во филмов се работи за малиот Никола кој потекнува од не толку имаќно семејство. Татко му (Мики Манојловиќ) наставник по музичко и свирач по свадби, мајка му учи бугарски и руски како би заминала на Истокот по работа и малиов додека неговите си тераат свои работи добива задача да им помага на неколку старци со спремање храна, чистење низ станот и сл.
Добри реплики имаше детево и супер изигра, али во глобала филмот не ме допре на начин на кој што би го допрело некој што пораснал со баби/дедовци ваљда.

Некој збореше Александар Микиќ се изнаебал и изнаснимал во Македонија со сиот негов раскошен неталент, а во Србија го победува Мики Манојловиќ. Толку нехаризматичен, неталентиран глумец мислам немале Србиве досега, а снимал и снима у пм. И сегде е иста фаца, исти покрет и ко глуми циго во Џипси Меџик и кај Кустурица, и ко глуми мафијаш во Јужни Ветар и ко глуми свирач во филмов.
Оцена: 3/5.


#41. Млад и здрав као ружа (1971)

Ја гледаш сликава подолу од Гаги Николиќ и си викаш ова ќе е јак филм, али прц, преварио си се.

1665002021085.png

Стеван звани Стив е битанга ко Алекс од Clockwork Orange и интересна работа што сега ја приметувам е дека двата филма излегле истата година. Поднаслов на филмот комотно може да биде секс, дрога и криминал зашто само тоа го видов, без некоја развиена приказна.

Повеќе делува ко некој експериментален филм, снимен со рачна камера и одредено тресење на камерата додека поголем дел од говорот е како еден наратор што во позадина ни објаснува.
Филмов има доста анти-Југа говор, многу голотија, ваљда прв ју филм кај што се лапаат 2 женски голи, сигурно и еден од првите кај што лик симулира секс со телевизор додека ја пцуе државната телевизија, поради што и бил забранет за прикажување по само 2 проекции. И од премиерата во '71 не бил прикажан сè до 2006, ако му се верува на Летербоксд.

Драган Николиќ е српскиот Белмондо, српскиот Џејмс Бонд, српскиот Бред Пит или you name it кој шармантен актер. Шармантен, харизматичен лик во секој филм, легенда на Ју филмот и дефинитивно најголемиот глумец што Србија го имала.
Филмов добива 2/5 ѕвезди само ради него. Инаку ќе беше чиста 0.
 
Национална класа

Лабав филм, братот има трка и филмот е неделата пред трката. Се случуваат срања, треба да оди во војска, проблеми со женската итн.

6.5/10 ама 7 заради Миле рент а бубрег.
 
MV5BOGIyMjY4NWQtN2I5Ni00NDBhLThmNTUtMzg0ZDQwY2YxODdiXkEyXkFqcGdeQXVyMTE0MDc2NTY0._V1_.jpg
Балканската линија е руско-српски пропаганден филм од 2019 година во режија на Андреј Волгин, кој прикажува тајна операција за заземање на аеродромот Слатина во Косово по бомбардирањето на Југославија, предводена од Јунус-бек Јевкуров. Овие настани станаа најопасното влошување на односите меѓу Русите и Западот од Кубанската ракетна криза.

Оцена 9/10
 
Лепа села лепо горе (1996)

Убавите села убаво горат, грдите села и кога горат се грди.

Ме остави без зборови филмов.

8/10 а може и повисоко.

Да се не љубимо.
 
20. Србија

Barking at the Stars /Лајање на звезде/ (1998)

Смор. Филмов можда бил некогаш интересен али од денешна гледна точка има многу кринџ сцени. Ме насмеа неколку пати ама не е тоа тоа.


3/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom