FILMOVISION CHALLENGE - Запознај ја филмска Европа

Дали сакате нов филмски предизвик и каков?

  • Може да одмориме малце, доволно беа предизвици

    Гласови: 0 0,0%
  • Нешто сосема трето (пишете во коментар)

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .
Член од
7 април 2015
Мислења
2.792
Поени од реакции
1.703
Grbavica (2006) ова е филм на режисерката на Quo Vadis, Aida? преку кој всушност и дознав за филмов. Одличен филм за судбината на жените во војната, како и за односот на мајката и ќерката, интересно што глумицата која ја глуми Есма е Србинка, што означува дека има некое помирување помеѓу Србите и Бошнаците, дури мислам дека не е оспоруван филмот во Србија. Дејството не би го прераскажувал, подобро е само да го откриете.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
When Father Was Away on Business (1985)
Otac na sluzbenom putu

1950та у Сараево каде актуелни се политичките натегања помеѓу Тито и Сталин, ја следиме приказната на трговечкиот патник Меша кој е во швалерска авантура со една жена пилот која ја лаже дека ќе се разведе и ќе биде со неа. Откако ќе сфати дека нема да биде ништо од тоа, ќе искористи една невкусна шега за Сталин на која Меша се смееше гледајќи ја во весник, и ќе му ја каже на Зија кој пак е некојси висок функционер во комунистичките води, шура на Меша, и по брза постапка ќе го смести у затвор а дома на неговите ќе им каже дека, таткото е на службен пат.

Имав големи очекувања од филмов со оглед на тоа што режисер е Кустурица, а главна фаца е Мики Манојловиќ ама испадна многу досаден, политичка љубовна драма со комунистите, шпиуни, љубовници и слично, немаше некој хумор, возбуда, прилично рамна линија.
Има добра актерска екипа, покрај Мики Манојловиќ тука се и Мира Фурлан, Мустафа Надаревиќ, Мирјана Карановиќ, Павле Вујисиќ.

6.5/10 оценка.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.461
Поени од реакции
3.601
За босански филм сега брзо го гледав Dobro ustimani mrtvaci, лабава комедија, а еден од сценаристие е сценаристот на Луд, Збуњен, Нормалан. Солидно филмче, иако ме нанервира една сцена.
7-8/10

Летово исто го гледа Sjećaš li se, Dolly Bell? и исто ми се допадна. Ви го препорачувам. 8/10
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Time of the Gypsies (1988)
Dom za vesanje

Култен филм на Емир Кустурица, највеќе познат по Едерлези односно Џурџевдан песната. Мислам дека самиот култ кон филмот е највеќе заслужен баш по изведбата на Бјело Дугме иако во филмот песната е на ромски јазик во изведба на некоја Васка Јанковска, македонка. Бабава на сликава е истотака македонка, филмот е снимен во Шутка.
Трубачи, цигани, Емир Кустурица и Горан Бреговиќ е добитна комбинација.

Емотивна љубовна драма сместена во едно циганско семејство каде Перхан кој живее со својата баба, полухендикепирана сестра и проблематичен чичко се заљубува во Азра (Синоличка Трпкова, добра цицка) и сонува за голема свадба со неа. Судбината ќе го спои со Ахмед, богат циган, кој ќе и вети на баба му дека ќе ја однесе малата Данира на операција во Љубљана, Перхан и Ахмед одат во Италија и тука неговиот живот започнува драстично да се менува. Цигански работи, кражби, превари, лажги, сиромаштија. Драми се циганите, не можеш да им најдеш крај.
Кустурица опасно ги работи овие работи, голем режисер е човекот, иако филмов е малце повеќе просечен сепак станува збор за едно големо остварување, има некоја тежина, има емоции. Не знам од кај му е опседнатоста со циганите, ама добри ги вози.

На песнава би се шлогирал од пиење, со трубачи околу мене, со искината кошула, мокар, со цигара у уста, распарчен од алкохол и емоции, главење и себепосрамотување со сите нишани. :D

Има еден коментар на летербокс кој вели вака, Столе Попов е Кустурица од Али Експрес. Истово го помислив, поготово кога го гледав Отац на службеном путу, многу ме потсети на Среќна Нова 49та. Нашиов ко да го копира у двата филма, мада што знам, за мене Џипси Меџик засекогаш ќе остане број еден цигански филм, што поради песната на Влатко а највеќе поради беспрекорната глума на Мики Манојловиќ, ваљда и затоа што го имам гледано 10 пати можеби, а и полабав и посмешен е некако.
Џипси Меџик > Црна мачка бели мачор > Дом за вешање, вака би изгледало моето циганско рангирање.

Ако се симне Сечаш ли се Доли Бел до утре задутре ќе се обидам и него да го изгледам, ако не, тоа е тоа од Босна а Филмовизија за мене се надевам ќе заврши до 1 Октомври пошто оцд-то замара со Шкотска :D

7.5/10 oценка за Саорома бабо бабо.
 
Последно уредено од модератор:

Среќна нова 49 > Отац на службеном путу, класи над според мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
Најјако од се е ко ќе се врати од Германија / Италија или кај и да беше, и Синоличка трудна. И овој ја прашува: чие е бебето? Му вика: твое е (а тој 3 години во странство :pos: ). И дури ја зеде за жена. :pos::pos::pos: Ова е прекрасен опис за циганлукот, значи попарадигматично не може да биде! Овој момент кажува се. :pos:
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.461
Поени од реакции
3.601
Мене и двата ми беа досадни и просек, мада ако би морал да ги споредам и да одберам еден, и јас би го одбрал нашиот.
Нашиот има појаки дијалози, култни реплики, овој е мех филм. Глеј го Доли добар е, јас онлајн го гледав мислам, не го симињав. (или можда од форум го симнав)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Do You Remember Dolly Bell? (1981)
Sjecas li se, Dolly Bell

1060та година во Сараево, Дино живее со семејството сочинето од мајка домаќинка, строг татко изгорен комунист ама добар во душата, двајца браќа и една мала сестра. Деновите ги поминува во комунистички состаноци со пијаниот татко, дружба со другарите таму во еден театар или кабаре или што и да беше кај што се собираше младината, и кога е сам обично седи горе на таван и чува голуби. Еден ден, една локална фаца ќе му донесе една девојка и ќе му каже на Дино да ја сокрие горе и да се грижи за неа. Таа е проститутка а Дино ќе се заљуби во неа, и така.

Дебитантски филм на Кустурица, ми личеше ко некоја театарска претстава, ништо посебно, досаден филм со една добра песна италијанска. Има квалитетна музика у филмовите на Кустурица, тоа е една огромна пофалба.
Славко Штимац е многу кул лик и доста пријатна појава, многу симпатичен актер, многу природен.

5.5/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Шкотска

My Name Is Joe (1998)

Шкотска љубовна драма во режија на Кен Лоуч. Сместена во Глазгов, ја следиме приказната на Џо и Сара, самци близу 40ка кои на случаен начин ќе се запознаат и ќе започнат една симпатична љубовна авантура.
Џо е апсолутно ништо, невработен, со проблеми во социјалното, лечен алкохоличар чиј живот се состои од тоа што е тренер на една многу лоша фудбалска екипа, грижа за еден дечко кој има проблеми со дрогата и девојка му која никако да се тргне од хероинот, секако чат пат и по некоја работа за која бива платен на црно.
Сара е некоја медицинарка која истотака се има врзано за дечково и девојкава и гледа да им помогне и да им го олесни животот со оглед на тоа што со нив живее и бебе.

Интересна, пријатна социјална драма, препознатлив стил на режисеров, обични улични приказни и индиректни проблеми од кои пати индивидуалецот.
Уште од сам старт ми се засвиѓа филмов коа го слушнав како збори шкотскиот Пол Њумен. Прејак јазик, нема што. Добра глума, солиден тек, добар филм.

7/10.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
The Last King of Scotland (2006)

Шкотска продукција, Шкотска во насловот, шкотски режисер, главниот актер е шкот, ликот што го игра е шкот. Иако дејството на филмот се одвива во Африка и централен лик е претседателот, генералот односно диктаторот на Уганда во 70тите години.

Вистинска приказна за Иди Амин, угандиски воен генерал кој доаѓа на власт во земјата во 1970та година и првичните впечатоци се дека конечно некој ќе застане зад својот народ и ќе ги поведе напред. Доктор Николас Гариган е млад доктор од Единбург кој ќе отиде на некоја пракса во Уганда и набрзо ќе стане личен доктор и асистент на Амин.

Форест Витакер има Оскар за улогата на Амин, Џејмс МекАвој е младиот доктор Гариган а Кери Вашингтон е сопругата на диктаторот.
Голем дел од приказната е вистинита со тоа што Гариган е фиктивен лик пошто филмот е снимен по книга а авторот на книгата е британски новинар кој го вметнал докторот како лик преку кој ги раскажува дешавањата во Уганда тој период.

Нема што посебно да се додава или одзима, генерално добар филм, добра глума, нема да е на одмет да се погледне.

8/10
 
Последно уредено од модератор:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.902
Поени од реакции
37.029
Е па, ladies and gents, го завршивме успешно и ова патување. Колку, толку - токму бевме. Благодарност до сите кои учествуваа: @devilko , @Shawn Spencer , @Dumbledore , @The Cooler King , @Shutmanga , @Mark Renton , @grande-juve , @moongoses , @Violetova , @Corvus , @Imperatorot , @zmija1 , @Artemisia Vulgaris , @Jon The Snow , @JBTgirl и сите останати, простете ако заборавив некој. А особена благодарност до @Џонтра Волта , @Major Tom и @Варвара кои беа најредовни и кои посетија најмногу држави (ако не сум грешка - првите двајца ги посетија сите држави :cuc::cuc:).

Сега, што понатаму? Ќе одмараме ли, или продолжуваме со нешто друго? Направив мала анкета да видам дали би биле расположени за учество во некој нов филмски предизвик. Имате 5 дена да гласате. Анкетата ќе биде повеќе од информативен карактер, да го видам вашето расположение. На крај сепак вашиот филмски диктатор @Zlatikevichius ќе одлучи што ќе правиме следно.
 
McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.506
Поени од реакции
13.781
Дај барем да имаме избор меѓу 2-3 опции :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom