Vanlok
deus ex machina
- Член од
- 30 мај 2009
- Мислења
- 28.231
- Поени од реакции
- 37.851
Владе, aко целта е поголема ефикасност на согорувањето тогаш требаат што повисоки температури на тоа согорување. Лесно доаѓаме до моментот кога се добива повеќе енергија одошто ни треба за дадена температура...За термалната маса малце. За тие печки да бидат ефикасни треба кога ке ја запалите во октомври да речам, гаснење во март или април. Значи ложење нон стоп, затоа што таа термална маса колку што и треба време да се олади толку и треба да акумулира енергија. Ефикасноста зависи од дизајнот на печката па одтаму и не мора да значи дека е ефикасна или има добро согорување.
Кај ракетните печки кои ги спомнав, согорувањето е на многу повисоки температури и енергијата што се ослободува е огромна. Концептот е брзо, многу брзо (и ефикасно) согорување и добиената топлина да се складира во термална маса.
Значи напротив, не постојано да се ложи туку еднаш (или 2 пати) на ден. Со оглед на количеството на енергија што се добива при тоа согорување, инерцијата на загревање на просторијата не е преголема. Луѓето што ги користат велат дека наутро се пали печката и по горење одредена количина дрва, термалната маса потоа цел ден (и ноќ) пасивно ја загрева просторијата. Секако дека температурата ќе опаѓа со време, ама не под онаа температура за која е дизајнирана големината на термалната маса.
Нели е ова многу покомфорно отколку ложење на секои пар саати, како што мора со обичните печки? (иако ефикасноста е правата добивка)
Инаку, во секој случај преку оџакот се губи многу топлинска енергија. Со обезбедување на термална маса низ која ќе поминува оџакот, се зачувува енергијата (топлината) во просторијата, наместо да излезе неискористена надвор. Еве неколку фотографии за илустрација на концептот.

Ние што сме учени поиаку да ги гориме е наша грешка а не грешка на камините. Кај нас традиционално кога ке го распалат каминот ке го пригушат до максимум за да дрвата тлеат а не да горат, за повеќе време да горат. Најновата генерација на камини колку што имам заприметено имаат толкава искористеност и добро согорување што им е потребно и акомулатор на топлина ( тука мислам на котлите за парно) затоа што за да се постигне согорување со најголема ефикасност и со најмала емисија на издувни гасови потребно е да работи со одреден режим на работа. При тој режим ослободува количество на топлина кое нас во моментот ни е непотребно па или ке ја намалиме( пригушиме) а со тоа драстично ке им ја намалиме ефикасноста или ке треба да поставиме акомулатор на топлина со што вишокот топлина ке го искористиме покасно кога нас ни треба. Такви котли се попознати како котли на пиролиза и котли со долен провев. И пак тука иди она нашето традиционално каде попрво ке го пригушат согорувањето отколку што ке стават акомулатор на топлина. И после не биле ефикасни или нечинеле. Е па нема да чинат.
За ова зборувам, но со тоа што сакам да истакнам дека за да се искористи концептот не мора да се купуваат такви скапи системи. Има можност и да се помине многу поевтино, кој не го мрзи да поработи сам.
Навистина од естетска страна не може да стане споредба (иако и тоа зависи од вкусовите), но темата е заштеда а не естетика...
