Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не, не..
The.Descendants.2011.DVDSCR.XviD-PRESTiGE

Zombies? (uploader)

Оваа е од друг и ми изгледа на подобра слика
Kzpe7.png

Паранормал 3 уште го немам гледано, кецот ми се допадна, сам во 3ам ме исплаши си признавам, и затоа како хорор од мене има 8ца. 2та не бев толку среќен како Јонзе, го гледав и онака разочарува, а овој не планирав ама дека е prequel многу ме интересира and I can't help it.
 
^Ја вакви филмчиња си чувам за со друштво да ги гледам, до сеа имам собрано добра колекција на филмови што можеби би ги гледал.
 
^Ја вакви филмчиња си чувам за со друштво да ги гледам, до сеа имам собрано добра колекција на филмови што можеби би ги гледал.

Не би се согласил. Овие се moody филмчиња, тензични и бараат фокус и само така функционираат. Кога излезе кецот имаше добар маркетинг, па сите го збореа и да не излезат пички да го гасат ако е СТВАРНО нели толку страшен, го гледаа со друштво. За да не одаат да мочат после сами де. Го нема филмот целото твое внимание кога некој стално сака да те исплаши па се смеете или некоја те замара. Првите реакции овде на форум беа „ЛЕЛЕ го гледавме 5 другарки врска нема филмот умревме од смеење и ништо не се случува“ и „еве сега го догледувам, на поголема глупост немам потрошено време“ - Напишано во 2ипол поручек.

За друштво хорор.. повеќе слешер некој, каде нема проблем и да скокнеш дел пошо има ептен линеарен плот па исто како да си го гледал, ако има добри трилер елементи да ти задржи вниманието и некој ефекти или нагли движења/звуци да те мрднат од место. Ама не да те исплашат да се мислиш после еј.. пеш сум, како ќе си одам. Значи, моите филмови што можеби би ги гледал би биле во стил на овој. Со квалитетно сараунд да се плашат и тие најодпозади кога летаат лопати and whatnot.
 
Не би се согласил. Овие се moody филмчиња, тензични и бараат фокус и само така функционираат. Кога излезе кецот имаше добар маркетинг, па сите го збореа и да не излезат пички да го гасат ако е СТВАРНО нели толку страшен, го гледаа со друштво. За да не одаат да мочат после сами де. Го нема филмот целото твое внимание кога некој стално сака да те исплаши па се смеете или некоја те замара. Првите реакции овде на форум беа „ЛЕЛЕ го гледавме 5 другарки врска нема филмот умревме од смеење и ништо не се случува“ и „еве сега го догледувам, на поголема глупост немам потрошено време“ - Напишано во 2ипол поручек.
Тоа ќе да е, ме просветли :)

Најпрво не гледам хорори од причина што не се мочам од страв, друга причина што скоро секогаш знаеш кога ќе дојде она страшното и под дифолт не ми е страшно. Затоа хорорите си ги оставам во друштво, ефектот ми е ист како и кога гледам сам, не можам да гледам некој филм како Dogvile со друштво, романтични комедии и хорори секако.

И да, филмот си беше океј, кецот, но пак не би го гледал сам, ниту со друштво не би го дал како предлог освен они ако напињаат..
 
Не ме болдирај и вади од контекст, секако дека не го мислам ова за тебе туку за тие со 3-4 филмови зад нив. Знаеш дека тебе те сакам. <3
 
Слешери да, сериски убијци, чудовишта, ова она... ама да гледам 3 дела од филм во кој најјака фора е што се отвора вратата сама...
АМА ПО ВИСТИНСКА ПРИКАЗНА Е!!!!!!!!!!!!ЕДЕНЕДИНАЕСЕТЕДЕН
 
The Artist им послужи на IGN како повод да направат една суперлиста (како што би рекол коментаторон на Телма, стално го заборавам како се викаше) на најдобрите модерни (од 1970-та па навака) црно-бели филмови :

http://movies.ign.com/articles/121/1216682p1.html
http://movies.ign.com/articles/121/1216682p2.html
http://movies.ign.com/articles/121/1216682p3.html

Е сега, како и на секоја листа, фалат некои филмови, како:
Paper Moon
La Haine
Following
Wings of Desire
итн...
 
Џорџ Лукас ќе се пензионира. Со среќа нека му е, нема да ми недостига. Би рекол дека единствениот негов добар филм е Американски графити, и толку. Дури и не заслужува целосно да му се припише заслугата за Стар Ворс зошто иако идејата била негова, сценариото кое го предложил за четвртиот дел (прв снимен, нели) било толку лошо што морале да најмат некој што знае да пишува да го подобри. Исто и со 5тиот дел, The Empire Strikes Back. Човекот немал речиси никакво креативно влијание врз петтиот дел, и иронично e што бап тој филм се смета за убедливо најдобриот од сите шест. Единствено можам да ги пофалам неговите придонеси во полето на специјални ефекти и тоа е тоа. Како режисер, никогаш не го бивало. Е ама го исхејтав...
 
Лукас има заслуги и во Индијана Џонс,мада не толку голема како на Спилберг.

Инаку сум приметил како од толку Стар ворс книги,стрипови,игри итн подобри приазни испаѓаат баш од автори на кои Лукас не им се мешал многу.

Бај д веј http://www.cracked.com/article_18932_alien-film-franchise-based-entirely-rape.html

Верувам дека сите кои го сакаме Осми патник ќе гледаат ептен поинаку на оваа франшиза после овој натписна cracked.
 
Конечно најдов време за Moneyball да го изгледам.

Едвај чекав да го гледам затоа што уште лани кога новите газди дојдоа во Ливерпул, прво нешто што прочитав за нив беше moneyball стратегијата и успехот со Ред Сокс (некако за сеа не им иде у фудбалот, ама и на филмов тек после некое време почна да проработува :D ).

Инаку, одличен филм, баш ко за мене како голем љубител на спортските драми.

Браво за целиот филм и посебно браво за Бред. He nailed it! (на моменти у фацата ми заликуваше на Бенисио Дел Торо, остарел мајку му..) :)
 
Се надевам не ја утнав темава за препораки на филмови :icon_mrgr:
Не видов некој асолен филм во другине теми, па овде да препорачате нешто од Акција филмови , до зомби филмови? :icon_mrgr:
 
Гледан Descendants. Добро филмче. Клуни Оскар, без дилеми.
Одјава.
 
Некој да каже збор-два за Tinker Tailor Soldier Spy?
Добар е, лош? Прочитав дека многу бавно се одбивало дејствието, а сепак ликовите не биле целосно разработени.

Дејството се одвиваше таман, со оглед на тоа дека има повеќе ликови, локации и дејства. Ликовите би можело да бидат подобро разработени од проста причина што филмот е екранизација на книга. Но сепак, тоа не пречи во доживувањето на филмот. Главниот лик е најдобро разработен, што е и најбитно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom