Многу квалитетни климатизери, но ми се сврте во глава од цената!... Многу квалитетна машина, но и многу пари!
Колку е Daikin во Фонко и кој модел според тебе ќе ми врши работа?
Затоа ме чуди за кои тоа клими во Фонко рекле дека не се за загревање. Веројатно мислеле на НЕ-инвертори, кои работат (греат) на температури до -6-7 степени....
Утре ќе се јавам пак. Можеби затоа што лани се јавив во јули месец и барав клима за греење или тој на телефон или јас нешто не убаво сум разбрал. Сега си го враќам филмот, да не ми рекол дека тој период не ги продаваат ... ама дури и така да ми рекол тоа не е во ред одговор. Не беше многу љубезен на телефон кога слушна дека барам клима за греење на тоа се сеќавам, можеби дека беше баш во јули. Ако не се лажам нешто спомнуваше дека сите биле на одмор а тој не бил упатен.... Можеби требаше да се прејавам уште еднаш а не да си направам екскурзија на умот со техномаркет.
Daikin е сепак топ марка од се што сум прочитал. Кај да се најди од овие што се блиску до нив, а не се толку скапи и со кои еве сум имал искуство - Mitsubishi? Тешко во Македонија? Гледам по балканов малку, Daikin се секаде далеку поскапи од Mitsubishi. Mitshubishi-то кое го спомнав, по балканов е 670евра (односно 770евра со подобрата надворешна единица онаа што е до -20, со ознака H на крајот). Тој модел кој јас го користев мислам дека беше со оваа, подобрата надворешна единица. Daikin почнуваат од 1000 нагоре
