Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе можи некој да ми кажи некоја Македонска комедија како на пример Викенд на Мртовци или Солунски патрдии ? П.с можеби ова не е за тука но се решив да побарам

Овде ти го преместив мислењето, мислам дека повеќе ќар имаш ако е поставено овде :)
 
Искрено, штом го видов Рајан Гослинг, не би го отпишувала филмов предвреме. Дечкото е феноменален, најдоброто нешто од Холивуд во моментов, а и не глуми во холивудски бљувотини. Ме потсетува на стилот на Бред Пит. Дефинитивно навивам за него и почнав да ги гледам неговите филмови.
Еве еден предлог од мене од негов филм што го гледав неодамна. Се вика Stay. Има доста добра актерска екипа и исплеткана приказна која не знам зошто ама ме потсети на Jacob's Ladder. Гослинг не мора да спомнам дека е извонреден во филмов.
 
Веста е постара, прочитав пред некој момент. :(

Македонски филмови во Кинотека на Македонија
Сабота, 17 Септември 2011 10:09

Останати проекции:
Sep 23 „Сенки“, 23.09.2011 (петок), 20 часот
Sep 24 „Боли ли?“, 24.09.2011 (сабота), 20 часот
Sep 25 „Јас сум од Титов Велес“, 25.09.2011 (недела), 20 часот
Sep 27 „Филм“, 27.09.2011 (вторник), 20 часот
Sep 28 „Превртено“, 28.09.2011 (среда), 20 часот
Sep 29 „Созерцание“, 29.09.2011 (четврток), 20 часот
Sep 30 „Мојот татко“, 30.09.2011 (петок), 20 часот
Oct 01 „Војната заврши“, 01.10.2011 (сабота), 20 часот
Oct 02 „Мајки“, 02.10.2011 (недела), 20 часот
Oct 04 „Ова не е американски филм“, 04.11.2011 (вторник), 20 часот
Oct 05 „Панкот не е мртов“, 05.10.2011 (среда), 20 часот

**Влезот е бесплатен за сите проекции.

Најверојатно е срамота да кажам, ама јас за Контакт слушнав дури кога дознав дека ќе има бесплатни проекции на македонски филмови, и затоа и отидов. Да не навлегувам во содржината на филмот* (Лабина Митевска и Никола Којо во главни улоги), она што ме изненади е дека бевме се‘ на се‘ 15-тина луѓе. Што е работата, дали сме толку културно необразовани и незаинтересирани, не знам да си објаснам. Порано мислев дека главна причина е немање пари, ама овие проекции се бесплатни и во одлично време. Греота.

*ептен сум тапа за пишување рецензии, инаку на кратко, убаво филмче ;)
 
она што ме изненади е дека бевме се‘ на се‘ 15-тина луѓе. Што е работата, дали сме толку културно необразовани и незаинтересирани, не знам да си објаснам. Порано мислев дека главна причина е немање пари, ама овие проекции се бесплатни и во одлично време. Греота.
Секогаш е вака во кинотека. Не е до тебе или до мене, културата ни е на толку високо ниво, што не може да биде. А мислам дека и мала улога имаат и медиумите, кои за жива глава не пуштаат реклама ако се работи за бесплатни проекции, без да добијат надокнада. Епа, така ќе биде, не ни е првпат.

Во меѓувреме, го надополнија распоредот:

Sep 26 Премиера на „Две времиња“ и „Чекори“, 26.09.2011 (понеделник...
Sep 27 „Филм“, 27.09.2011 (вторник), 20 часот
Sep 28 „Превртено“, 28.09.2011 (среда), 20 часот
Sep 29 „Созерцание“, 29.09.2011 (четврток), 20 часот
Sep 30 „Мојот татко“, 30.09.2011 (петок), 20 часот
Oct 01 „Војната заврши“, 01.10.2011 (сабота), 20 часот
Oct 02 „Мајки“, 02.10.2011 (недела), 20 часот
Oct 04 „Ова не е американски филм“, 04.11.2011 (вторник), 20 часот
Oct 05 „Панкот не е мртов“, 05.10.2011 (среда), 20 часот
 
Не сум изненаден што малку идат да ги гледаат филмовите на сестрите Митевски, самиот знам колку сум се мачел да ги гледам. Ако некој не доаѓа да те гледа ни за џабе значи дека не вредиш бе братче. Ај, да не чуле за тебе, па да разберам, но за сестрите сите сме чуле, башка и премногу ги има по медиумите, од мрсење преку колумни, до расправање метафизика ’са неком цепанком за шанком’ (Марчело). Нека почнат да прават нормални филмови, а не да се кријат позади термините ’авторски’ и ’уметнички’ да ни нудат бљувотини, па после уште да им е крив народот кој е глуп да ги разбере нивните прогресивни идеи (ова важи скоро за сите наши филмаџии).

И за се да гледате проблем во и така недефинираниот поим култура. Веднаш ми доаѓа да реагирам како лошиот чичко Гебелс, кој рекол: ’Кога ќе го слушнам зборот култура, веднаш се фаќам за пиштол’. :) Да бидеме најточни ова не е негова изјава, некои ја пронаоѓаат и пред него, но меѓу јавноста е позната како ’гебелсов момент’. :)
 
Чекај малку, од каде сега дека сите се филмови на сестрите? Најискрено ти кажувам дека ни јас нив не ги почитувам, но филмот сакав да го гледам пред се‘ дека не сум го гледала, а е македонски, и не е режија на Теона, туку на Сергеј Станојковски. И плус, има германска копродукција. Сеедно, знаејќи дека има бесплатни проекции, а да има само толку малку луѓе е чудно, ти мислиш дека не вреди, што е во ред, за вкусови се работи, ама сигурна сум дека не мислат сите така. Од таму произлезе моето прашање..
 
Секој има право да даде критика. Не се сите филмови на сестрите, тие мислам само еден имаат од овие.

Вечерва има Премиера на „Две времиња“ и „Чекори“, 26.09.2011 (понеделник), 20 часот

Кинотеката на Македонија премиерно ќе ги прикаже најновите филмски остварувања „Две времиња“ и „Чекори“ на Академик Киро Урдин.
Добредојдени се сите добронамерни луѓе кои ја ценат филмската уметност. :)
 
Чекај малку, од каде сега дека сите се филмови на сестрите? Најискрено ти кажувам дека ни јас нив не ги почитувам, но филмот сакав да го гледам пред се‘ дека не сум го гледала, а е македонски, и не е режија на Теона, туку на Сергеј Станојковски. И плус, има германска копродукција. Сеедно, знаејќи дека има бесплатни проекции, а да има само толку малку луѓе е чудно, ти мислиш дека не вреди, што е во ред, за вкусови се работи, ама сигурна сум дека не мислат сите така. Од таму произлезе моето прашање..

Не велам дека сите се нивни филмови, погрешно сме се разбрале. Разбрав дека се работи за слаба посетеност на проекција на тој еден филм, а не дека така е на сите. Скоро сигурен сум дека на ’Панкот...’ ќе има доста народ, па и на ’Ова не е...’, додека на другите исто ќе биде климаво. Дека не вреди не е само мој став, туку на повеќето, затоа што не успеале ни бесплатна сала да пополнат. Според мене најдобар критичар за филмови е публиката, потоа доаѓа времето, а ’академските’ култирњаци се на последно место. И сите нивни филмови се копродукциски и добиваат пари од некакви фондови, затоа и толку се лоши, кога би правеле филм за публика сигурно би биле подобри. Кажи си ги во себе најдобрите филмови, мислам според твој вкус, и сигурен сум дека потоа кога ќе провериш сите тие филмови поминале добро. Можеби не биле некој ’факинг мејнстрим’, но барем во алтернативните кругови постигнале успех.

ОК е твоето прашање, и јас сум си го поставувал, и на крај дојдов до заклучок дека се работи за лоши филмови, затоа напишав таков пост...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom