Немаше потреба да навлегуваме толку во детаљи. Само мали забелешки ми беа тоа за филмот, некако несватливи, особено таа со спиењето, другите не толку со оглед на тоа што знаеме дека Ана имала тешко детство и дека е личност со голема емпатија кон другите.
Нема потреба да се прашува што јас би направил доколку другар ми направи такво нешто, бидејќи јас сум различен од неа. Се ставив на нејзино место, затоа реков дека дефинитивно не би останал толку долго во куќата каде другар ми извршил масакар, барем тоа го знам сигурно.

Затоа и ми беше некако чудно се што правеше Ана. Oд друга страна ми се допадна ликот на Ана, одлично беше доловен од режисерот, и беше одлично изработан. Само не морале толкава спанка да ја направат.
Насловот знам што значи, како што тераше филмот го сватив неговото значење. Филмот беше супер во целина како што кажав, меѓутоа имаше неколку ситни недостатоци кои мене ми беа чудни.