Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

S

Sattva

Гостин

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Адмиралот Аладин за банот од оскарите
човекот си ги бара билетите назад со ултиматум до 12 сато

паднав од стол од смеа
 
VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Знам дека имаше тема, ама не можам да ја најдам, затоа овде од мене препорака за еротски филм: Q. Ме мрзи рецензија да пишувам, а и не сакам да испуштам нешто од говорот на Миланка, затоа на кратко. Се работи за филм во кој една девојка, Сесил, се обидува да ја преброди смртта на својот татко. И тоа, преку секс. Филмот е баајќи експлицитен, можеби некаде би го класифицирале во жанрот порно, ама ете за французите ова е еротика.
Финтата со филмот не е само експлицитност for the sake of it, туку и разработува интересни теми. Од тоа како еден човек се справува со тешки ситуациии во животот, па до тоа како младите живеат во средина со голема невработеност.
Ако некој сака да го најде на нет, ќе го најде под името Desire. Тоа.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Кога некомпетентни луѓе ќе се соберат на едно место, кој филм излегува?

J.Edgar Hoover

Утнати шминки, досадно сценарио со нејасен фокус (слично како кај Benjamin Button, место да се фокусираат на битното, они тупат) и стварно не ми е јасно ова, ама ужасен артистички стил. Сфаќам дека периодов е од 1920-1960, ама тоа не значи дека треба да го направат филмот да изгледа како да е сниман во 30та година.
Ова можеби изгледа океј во кино, ама на телевизор кој е произведен 80 години подоцна, едноставно изгледа заморно за очи, недоволно детално и како да гледаш лоша кино снимка снимена со веб-камера. Морав да го завршам во 3 гледања, само заради ваквиот "избор" на артистички стил, па глава ме болеше после 30 минутно гледање.

Ме потсеќа на другиот тренд, овојпат во фотографијата, каде што користат Nikon D5000 и после милион ефекти во фотошоп за сликата да изгледа како да е направена со чкартен мобилен телефон. Кон многу глупи трендови се движи кинематографијата, имаме неверојатна технологија, а што добиваме од неа?

Прво почна со MTV "реалната" акција, па така од Борновиот Идентитет имаме "shaky camera", тоа беше океј таму, ама ја претераа во Bond и сите други филмови. Сега се случува истото со old school look, некогаш е погодено, ама 90% од времето ќе биде вакво срање.

И да, на почетните сцени на филмов, не само што е премногу темно, туку и на самите агли имаше затемнување? Поентата беше демек гледаме низ очите на Hoover?
Зашто потоа го немаше тоа низ целиот филм, туку само во првите 10тина минути...
Пошто не ме јебете 2% и скоро никој не дискутира со мене, сам ќе си реплицирам.
Пример за тоа како се користи денешната технологија максимално и плус се доловува временски период е филмот Hugo. Од сценариски и секој друг аспект не го дискутирам сега, ама од поглед на боите и тонот на сликата, треба да го прикажуваат како школски пример за правење филмови во денешно време. Ултра квалитетна слика, а сепак боите доловуваат дека се наоѓаме во Париз во 30ти години. И фала курцу, го искористиле фактот дека сите имаме LCD телевизори денес, па не ја "мателе" сликата. На пример, кога Jude Law го гушка син му, се гледа како искача прашина од нивните облеки во моментот кога ќе се гушнат.

Вака се прави филм во денешно време со денешната технологија, а не како филмов што е опишан во претходниот пост.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Да се надополнам, ова го пишав незнаејќи дека на Оскариве претходнава вечер Hugo ги прибрал сите награди од технички аспект. :)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Вака, доколку некој фанатик и љубител филмови го има гледано The Hours со Мерил Стрип и Никол Кидман нека каже тука за да подискутираме..Филмов е створен за дискусии, критики, рецензии...Му нема рамен...За да не зборам сама со себе тука да видам прво кој го гледал па да збориме... (y)
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365

Одамна го немам гледано , можеби од кога излезе таму 2003 некаде а се што ми текнува од филмот е дека Никол Кидман изгледаше како средовечен глушец со периката и вештачкиот нос што и го ставиле . Ама знам дека ми се допаѓаше филмот , ке го изгледам повторно за впечатоци да напишам
--- надополнето: 1 март 2012 во 23:22 ---

Сега видов случајно, искочил деновиве на блуреј :vozbud: досега само Лајф Оф Брајан го имаше.
Ni!Ni!Ni!
Многу подобар од секогаш ми бил Лајф оф Брајан . Инаку имам желба Спемалот да го гледам во живо а само ако е со Тим Кари . Ама пуста желба неостварлива :)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Деновиве гледам филмови на David Fincher.
The girl with the Dragon Tattoо е одлична преработка на книгата и шведскиот филм. Rooney Mara заслужи оскар дефинитивно! Daniel Craig беше просечен, не очекувам од него ништо подобро ионака. Еден од подобрите трилери во полседниве години.
The Zodiac, филмов е доста долг и на моменти се одвива бавно, но ми се допаѓа што режисерот одлучил максимално да се одржува до вистинските случувања и полициските извештаи наместо да измислува заплети за филмот да биде побомбастичен.
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Добар е Финчер , си има свој стил човекот и го почитувам тоа . Ама почнувајки од Паник Рум па навака не ми оставено некој голем впечаток филмовите што ги има снимено од 2002 па навака како што ме вчудоневидеа филмовите што ги снимаше девеесетите . Зодијак беше искрено предолг , Бенџамин Батон се обидуваше да биде сериозен ама целата премиса на филмот ми правеше да имам една огромна насмевка на лицето додека го гледав и исто како и Зодијак предолг . Социјал Нетворк требаше да земе оскар за најдобар филм минатата година наместо филм кој се обидува да направи како говор на еден дткав крал ја менува втората светска војна . Ама да не ме свати некој погрешно , го сакам сепак Тхе Кингс Спич :) . Драгон тату уште не ми е изгледан , ама сум ги прочитал книгите и изгледал оригиналните филмови така да не ми се брза
--- надополнето: 2 март 2012 во 01:41 ---
Инаку , имало планови да се направи продолжеток на Севен , ама само што Морган Фримен сеге е видовит и зборува со духови (y)
 
Јас Бенџамин Батон многу му го хејтам.
Не му требаше тој филм. Досаден, приказната не беше ништо посебно, предолг, му фалеше поента на тој филм апла.
Зодиак е многу подценет филм според мене.
Филмот си беше во 2007 на ист ранг со There will be blood.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Kaко тоа Сошл Нетворк ТРЕБАЛО да зема оскар.. :pos:

Финчер ми го сјеба малце Ејлиен, ама ако.. The Game, Se7en и Фајкла се доволни за почит.
Другото досега.. meh. The Girl w.. уште не ми е гледан. А и незнаев дека е излезен на квалитетна.
 
Па да . Требаше да земе , можеш да го образложиш смајлино? :confused:

За Ејлиен да не збориме . Не бил во целосна контрола на Финчер а и буџетот бил ептен намален . А инаку 4 дел од таа франшиза не постои . Како и тие против Предатор што се . Го има на добра снимка инаку Драгон тату
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Празно место оставај само после интерпункциски знак. Пред иститe - не. Koга веќе сакаш да изгледа убаво. :)

Буџетот и не е некое оправдување. Види го Камерон со Т2. A Social Network, едноставно не е оскар материјал. Нема некоја глума, таргет групата им се млади луѓе.. оти популарна тема, па Џастин Тимбрлејк го кастираа дури. Сигурно нема татко ми да се заинтересира еве, овој да го гледа. Ќе ми се изнасмее кога ќе му кажам дека конкурирал за оскар. Едноставно филм што се заборава, ништо вредно. Саундтрак имаше добар чинам, и тоа беше највисоко што може да оди.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Три оф лајф добар и за оскар, Сошл нетворк не, абе ајде....

:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom