Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Не е лош The Time Traveler's Wife. Добри перформанси од страна на Ерик Бана. Позади филмов стои и Бред Пит (мислам како сценарист).
Интересно е да се види, онака, 2 часа, има емоции, има добро направени сцени, па гледај го.
А ако сакаш викни си и женско друштво. Јас го гледав Silent Hill последно во женско друштво. Зависи сепак од друштвото. Јас филмови обожавам да гледам сам, само ак е нож до коска гледам со девојка или со другари. Дури и во кино си одам сам. Пред две години на францускиот фестивал филмови во Охрид беа прикажани вкупно 11 и на сите сам си одев.
 
The Time Traveler's Wife ми се допадна многу,многу добра актерска игра од Бана и Рејчел Мек Адамс,трогателна приказна.Е сега можно е и да има врска ова со женскиот аспект на работите бидејќи мене ме трогна а другар ми ми рече дека џабе сум му го испофалила:pipi:
 
Psyside,Џимеј фала ви и на двајцата .Ке размислам(подобро него да го гледам во женско друштво него бљувотината Sex and the city на пример.)Иначе за да го гледам насамо ретко гледам филмови од овај жанр а и тешко дека емоционално ке ме погоди (после Million Dollar Baby ниеден друг филм не ме има.....нема збор јбг. да го опишам чувството)
 
На Вулфман мислев, али го читав погрешниот цитат, него уствари Вулфман му се допаднал, нема везе :)
Како саат ипол забава (ги обожавам сите вакви филмови, врколаци, вампири, јунаци ала Соломон Кејн и сатаниите...фантазија на која не и гледам многу квалитет :) ), онака...нова верзија на стара приказна. Инаку у право си, ако гледаме од аспект на некоеси уметничко постигнување, ништо посебно ни од глума ни од приказна :)
 
Psyside,Џимеј фала ви и на двајцата .Ке размислам(подобро него да го гледам во женско друштво него бљувотината Sex and the city на пример.)Иначе за да го гледам насамо ретко гледам филмови од овај жанр а и тешко дека емоционално ке ме погоди (после Million Dollar Baby ниеден друг филм не ме има.....нема збор јбг. да го опишам чувството)

Нема проблем, БТЊ Си го гледал The Green Mile?? :) 10x потрогателен него Милион Долар Бејби според мене или пак Елефант Мен, исто поголемо внимание остави кај мене него Милион Долар Бејби.

Како саат ипол забава (ги обожавам сите вакви филмови, врколаци, вампири, јунаци ала Соломон Кејн и сатаниите...фантазија на која не и гледам многу квалитет :) ), онака...нова верзија на стара приказна. Инаку у право си, ако гледаме од аспект на некоеси уметничко постигнување, ништо посебно ни од глума ни од приказна :)

Да ако гледаш од тој аспект не е лош можда ја малце бев премногу критички настроен али тоа е кога очекуваш многу :)
 
Нема проблем, БТЊ Си го гледал The Green Mile?? :) 10x потрогателен него Милион Долар Бејби според мене или пак Елефант Мен, исто поголемо внимание остави кај мене него Милион Долар Бејби.

Сега баш седвам да го гледам The Green Mile. Можда ќе пишам рецензија покасно ако имам време. :)

Инаку вчера го изгледав The Man From Earth. Не ми се допадна од аспект на глума и режија. Уф, глуп професорски хумор и уш поглупо прикажан, а почетната идеја на филмов ми се гледаше баш океј. И развитокот на настаните(не дека имат миљон настани) не ми се допадна. Си ја почна приказнава од нигде никаде, си ја заврши со зборовите
"Ха, толку ве измамив.. ова беше приказна", за после да се дознае дека сепак не било
. :icon_conf. И е стварно ептен преценет на имдб. Само ме зачуди шо имат оценка 8.1, а не е во топ 250.

И музиката во поголемиот дел од филмов е катастрофа. Не одговарат на сцените и то е!

Ај почвам со најгореспоменатиот. :)
 
^ Ќе бидеш запрепастен од филмот, за мене најдобриoт на сите времиња :)

Магична приказна од големиот Стивен Кинг! :cuc:

The Green Mile ми е еден од најгледаните филмови ,баш пред некое време го даваат на канал 5 мислам и пак си го гледав.Уште 100 пати да го гледам никогаш нема да ми здосади.
Иначе еден од најомразените филмски ликови воопшто ми е од филмов -Percy Wetmore .
Чиста 10ка за филмов
 
Првпат да имаме различно мислење со Болиглава. :) Мене ептен ми се допадна The man from earth. Филмови на кои давам јас мои 10ки. :)
 
Првпат да имаме различно мислење со Болиглава. :) Мене ептен ми се допадна The man from earth. Филмови на кои давам јас мои 10ки. :)

А бе и со мене немаше многу различни мислења ама она ЛОСТ не раскара не запусти :pos:

Патем, се молат сите патници/добронамерници на темава да и објаснат на Srcee кој е убиецот воBasic Instinct (1992) . Ја не можам сам, а пробав :)
 
http://www.imdb.com/title/tt0914863/
Unthinkable

Филмот ниту како забава, ниту како филозофија, ниту како акција...додуша акција немаше освен брзо вадење пиштол...не ми се допадна. Секоја чест за С. Џексон и Кери-Ен Мос, но филмот немаше никаква поента освен мачење и наводна борба на добрите/Мос против лошите/Џексон. Прво што воочив беше -мора да си муслиман за да си терорист (ако си католик, треба да смениш вера за да бидеш терорист). Второ беше мерилото за човечност и жртви, трето би било нема спас од муслиманите терористи, четврто во пола филм текстот беше where's the bomb, give just one location...се на се џабе режев цд. Ваше е дали ќе го гледате, но ја вторпат не би, премногу проста приказна без крајна идеја или заклучок....ниту тројка од 10.

Го гледав филмот и мислам дека е многу добар. Семјуел Џексон владее маестрално со ликот кој што го глуми, човек кој што е исправен пред дилемата што да прави за да ја спаси земјата во која што живее од голема несреќа. Не е така едноставно добрите против лошите, агентката на ФБИ сам си ја одбира за да му држи рамнотежа да не забега со претераноста во мачењето па да го убие пред време. Ликот на Кери Ен Мос држи рамнотежа во однос на ликот од Џексон, нејзиниот скептицизам е видно присутен за успешноста на испитување со мачење.
На крајот од филмот ќе бара нејзино одоброволување за да им ја одери кожата на децата од негативниот лик за да ја каже четвртата бомба која се сомнева дека постои, и таа нема да му го даде. Ќе излезе дека Семјуел Л. Џексон е во право. Мачлеништвото на терористот е стоички прикажано човекот сам се предава и тоа ја покажува силината на неговата воља, добро прикажан лик.
 
^ Ќе бидеш запрепастен од филмот, за мене најдобриoт на сите времиња :)

Магична приказна од големиот Стивен Кинг! :cuc:
Уф уф уф! Магична indeed. :)

Комплетен филм морам да речам. 100ка од мене, не 10ка.

The Green Mile ми е еден од најгледаните филмови ,баш пред некое време го даваат на канал 5 мислам и пак си го гледав.Уште 100 пати да го гледам никогаш нема да ми здосади.
Иначе еден од најомразените филмски ликови воопшто ми е од филмов -Percy Wetmore .
Чиста 10ка за филмов

Мене онај лудакон ми беше најсмрден, ама одглуми прејако. Moon e филм во кој го забележав првпат Sam Rockwell. Одличен глумец.

Првпат да имаме различно мислење со Болиглава. :) Мене ептен ми се допадна The man from earth. Филмови на кои давам јас мои 10ки. :)

:)
 
^Мило ми е што ти се допадна :)

@ Zeegerman,

Исто и мене над 15-на пати ненормално добар филм, ненормално добро сценарио сипматични улоги, екстремно лајкабл карактери,совршена приказна,без дупки во истата! Кoга на сето тоа ќе се додаде сетапот на местото на одвивање(затворот) и перфкетно доловената атмосфера мислам дека имам винер! За Перси што да се каже сум го замрзел од дно на душа толку се соживеаав со филмов. Еден од 3 филма што ме имаат расплакано у живот и не се срамам да го признаам тоа! :cry:

The Green Mile,

:cuc::cuc::cuc:
 
офтопик малце , утре на 5ка ќе го даваат I know who killed me со линдзи лохан . има страшно ниска оцена на ИМДБ 3.6 . дали вреди да се гледа , оти гледам има по некој добар збор за него на имдб , ваше мислење , некој што го гледал :)
 
Како не вреди, што ти е! слаба глумица да не е Линдзи Лохан? не зезај одличен си е. Андер- рејдет филм, остај на Имдб што пишува гледај го.

П.С. Може и вреди :pos2:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom