Додавам уште еден на листата кој можам да го гледам и по втор пат, што е многу ретко барем за мене!
Almost Famous!
Добра приказна,добра музика,интересни ликови, во период кој изумира пополека и кој останува без трошка почит и внимание се повеќе и повеќе!
Рокенрол,секс,бууз,свирки,забави и се што доаѓа во пакет во тоа златно доба! Ехх...
Оние кои слушаат добра,квалитетна музика (читај:Рокенрол,блуз) ќе им се допадне филмот ептен,ќе ги однесе на едно интересно патување во минатото да го видат, слушнат и почувствуваат сето она кое го имале тогашните Рок ѕвезди и луѓето околу нив, нивниот начин на живот!
Додека го гледав бев обземен со прекрасно чувство со доза на носталгија , бев среќен и тажен!
Не, филмот не е акција, не е научна фантастика , не е комедија , туку драма , да драма и тоа одлична!
Една сцена од филмот
А, да , и хитот!