FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.427
Поени од реакции
9.331
Таа ми личеше на онаа од канал 5 суспендираната што отекоа на фб.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
И некои работи не сфатив, пример што се деси со местото што го изнајми овој за да продава цигари кога работите му се поплавија и што имаше во кутиите? Тоа некако небрзина ми се исподеси само.
Кутиите беа празни, односно полни со слама наместо со цигари. Продавачот од кој што го купи беше измамник а овој наивно наседна и ги фрли парите.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
1984, конечно. Ве исчитав сите, од прв до последен, и се приклучувам на онаа група на која не ѝ се допадна / помалку ѝ се допадна / имаа замерки. @Corvus - книгата ми е на to read shelf, ама тешко дека ќе се нафатам да ја почнам, а посебно не по негативната рецензија на @џимеј за истата, и по она што беше спомнато погоре, парафразирано: дека за Орвел не била многу важна формата, односно стилот, наспроти содржината, односно пораката која сакал да ја пренесе. Истиот проблем го имав и со филмов: јас премногу сакам дистописка фикција, меѓу најомилените филмови пола ми се со таква тематика, а сепак овој ми беше екстремно досаден. Да не го опишувам тоа сликовито со кружење околу столици, чепкање нос и сл. само би спомнал дека филмов морав да го почнувам неколкупати (4 пати, поточно), зашто секој претходен пат заспивав на пола филм. Денес успеав да го довршам само зашто денов ми е преубав, па упорно му давав шанси, и покрај дремките кои ме фаќаа. Поентата ја сфаќам, убаво сето тоа, рекоа многумина: многупати сме виделе нешто слично во дистописките филмови, но за разлика од повеќето од нив, мене тука ми фалеше само шминка, т.е. само нешто плус што би го задржало вниманието на гледачот. Да не навлегувам повторно во образложувања за идејата, за содржината на филмов, сѐ убаво сте си објасниле, сето тоа е ОК. Ни за глумата, камерата, сценографијата - сето тоа е во служба на дополнување на содржината, и сѐ си е на место, а сепак... Значи, сумирано: ова е еден од оние филмови во кои се чини дека сѐ си е на место, сѐ е ОК, но не допира на никаков начин до мене, па затоа морам да го оценам со послаба оценка. Само 5/10 од мене. Sorry.

А толку сакав повеќе да го сакам. Дури и роден сум во 1984... :(
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329

Јас сосема те разбирам, без гајле
За книгата уште сметам дека требаше да ја прочиташ пред да го гледаш филмот. И што се однесува до истата и оценката на @џимеј (каде си, ми фалиш) како фактор за твоето обесхрабрување да ја почнеш, сакам да напоменам дека ја има така оценето во најголем дел ради стилот на кој е пишувана најверојатно, our Jimmy is a style over substance guy, така што можам да разберам како 1984 за него е обратно од тоа што една книга треба да биде.
Затоа и филмот е таков, plain, ненашминкан, па може да се каже и минималистички.
Ама те разбирам комплетно за тоа зошто не ти легнал, од оние филмови е што Или ти се свиѓа, или не. А и во двата случаи you just cant put your finger on Why
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
сакам да напоменам дека ја има така оценето во најголем дел ради стилот на кој е пишувана најверојатно, our Jimmy is a style over substance guy, така што можам да разберам како 1984 за него е обратно од тоа што една книга треба да биде.
И јас сум ист, затоа. ;)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.359
Поени од реакции
25.054
1984, конечно. Ве исчитав сите, од прв до последен, и се приклучувам на онаа група на која не ѝ се допадна / помалку ѝ се допадна / имаа замерки. @Corvus - книгата ми е на to read shelf, ама тешко дека ќе се нафатам да ја почнам, а посебно не по негативната рецензија на @џимеј за истата, и по она што беше спомнато погоре, парафразирано: дека за Орвел не била многу важна формата, односно стилот, наспроти содржината, односно пораката која сакал да ја пренесе. Истиот проблем го имав и со филмов: јас премногу сакам дистописка фикција, меѓу најомилените филмови пола ми се со таква тематика, а сепак овој ми беше екстремно досаден. Да не го опишувам тоа сликовито со кружење околу столици, чепкање нос и сл. само би спомнал дека филмов морав да го почнувам неколкупати (4 пати, поточно), зашто секој претходен пат заспивав на пола филм. Денес успеав да го довршам само зашто денов ми е преубав, па упорно му давав шанси, и покрај дремките кои ме фаќаа. Поентата ја сфаќам, убаво сето тоа, рекоа многумина: многупати сме виделе нешто слично во дистописките филмови, но за разлика од повеќето од нив, мене тука ми фалеше само шминка, т.е. само нешто плус што би го задржало вниманието на гледачот. Да не навлегувам повторно во образложувања за идејата, за содржината на филмов, сѐ убаво сте си објасниле, сето тоа е ОК. Ни за глумата, камерата, сценографијата - сето тоа е во служба на дополнување на содржината, и сѐ си е на место, а сепак... Значи, сумирано: ова е еден од оние филмови во кои се чини дека сѐ си е на место, сѐ е ОК, но не допира на никаков начин до мене, па затоа морам да го оценам со послаба оценка. Само 5/10 од мене. Sorry.

А толку сакав повеќе да го сакам. Дури и роден сум во 1984... :(
Немав време да ѕирнам цела дискусија, ама книгата на Goodreads од Петер Хандке, Стравот на голманот од пенал, нема врска со Небото над Берлин :) А во Небото над Берлин Петер Хандке е сценарист и затоа сум ти го спомнал, а дали е според книга појма немам... :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.791
Поени од реакции
33.602
Немав време да ѕирнам цела дискусија, ама книгата на Goodreads од Петер Хандке, Стравот на голманот од пенал, нема врска со Небото над Берлин :) А во Небото над Берлин Петер Хандке е сценарист и затоа сум ти го спомнал, а дали е според книга појма немам... :)
Не мислев на таа лоша рецензија, џими, туку на 1984 од Орвел.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Јас па, сум нешто понапред од Злате (сме се развлекле како полжави), и само што го завршив I'm Not There.
Можам да кажам дека genuinely уживав во сцените на Бланшет, and that's that.
Не сакам да го навредам @ob1 за предлогот, ама dude, dullfest.
Имам мал проблем со оценкава овде, кај мене 6 е пролазна оцена, 6 е оцена кај што го ценам трудот, ама otherwise сум незадоволна од резултатот.
I'm Not There нема пролазна оцена за биографски филм, меѓутоа може да има и повеќе од пролазна за исполнување fun service, јас не можам да го оценам филмов, зашто филмов не е сниман за публика како мене, или Анон, или било кој овде што не е детално запознаен со животот на Дилан.
Проблемот не е во лежење или нележење на филмот, туку во недостатокот на информации за истиот да се разбере. Јас не можам да кажам дека е лош, не можам да кажам ни дека е добар, затоашто не знам дали е лош или добар, затоашто немам информации за животот на Дилан за да знам дали ова што го гледав е добро изведено или не.

Јас ќе му дадам 5/10 и многу ми е жал заради тоа, што има добри шанси рејтингот на филмов да пати заради незапознаеност од моја страна. Ама истовремено и не е user-friendly, so.... serves it right.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Небото над Берлин (1987)

Филмов крена голема прашина на времето кога излезе, го гледав уште тогаш и не ми беше јасно зошто е таа прашина. И сега при ова гледање не ми се разјасни. Филмот нема содржина повеќе е формалистички, а такви не ги можам освен ако навистина нема оригиналност или да е вешт изведен, што тука не е случај. Најверојатно затоа и Вендерс е еден од режисерите чии филмови едноставно не ми се допаѓаат. Ниеден филм од неколкуте негови што ги имам гледано не ми се допаднале, исто и овој кој демек му е нај.
Сепак мора да му оддадам признание на снимателот, одлична фотографија имаше филмот а особено мазните фарови беа милина да се гледаат. Актерите беа добри во својата улога, но ликовите им беа такви да воопшто не создадоа некоја емпатија. Со оглед како влегуваа во животите на обичните луѓе и им ги слушаа мислите, на моменти имав впечаток како да гледам некое банално реално шоу ос тоа што учесниците не знаат дека се во него.
Музиката исто ми се допадна, фино ја надополнуваше целата атмосфера, освен оние делови од живи настапи.
6/10
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Јас вчера го почнав, 20 мин едвај ги изгледав и го прекинав... ептен ми е тежок за гледање, дефинитивно не е филм за мене. Ќе пробам да го изгледам цел, ако можев Eraserhead(не дека се слични, онака ми текна :D), можам и овој, ама не ветувам ништо.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Никој не го гледавте бе? :icon_lol:
Ко демек јас сум го гледал, ама вечер сигурно, ко и секогаш на последниот ден.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Небото над Берлин (1987)

Филмов крена голема прашина на времето кога излезе, го гледав уште тогаш и не ми беше јасно зошто е таа прашина. И сега при ова гледање не ми се разјасни. Филмот нема содржина повеќе е формалистички, а такви не ги можам освен ако навистина нема оригиналност или да е вешт изведен, што тука не е случај. Најверојатно затоа и Вендерс е еден од режисерите чии филмови едноставно не ми се допаѓаат. Ниеден филм од неколкуте негови што ги имам гледано не ми се допаднале, исто и овој кој демек му е нај.
Сепак мора да му оддадам признание на снимателот, одлична фотографија имаше филмот а особено мазните фарови беа милина да се гледаат. Актерите беа добри во својата улога, но ликовите им беа такви да воопшто не создадоа некоја емпатија. Со оглед како влегуваа во животите на обичните луѓе и им ги слушаа мислите, на моменти имав впечаток како да гледам некое банално реално шоу ос тоа што учесниците не знаат дека се во него.
Музиката исто ми се допадна, фино ја надополнуваше целата атмосфера, освен оние делови од живи настапи.
6/10
Тука некаде сме со мислењето за филмов. :)
Емпатија дека создаваат не, но некако Дамиел и неговото прикажување со желбата да биде човек, да чувствува, да допира, да ужива во кафе и цигара ја доловува неговата намера сето тоа што значи, to be a human being.
Атмосферата, музиката и кинематографијата (бај д веј одлично сработено од Хенри Алекан) се полн погодок + сцената со перформансот на Ник Кејв ми имаше Only Lovers Left Alive шмек, па затоа и има силна 8 од мене филмов.

A fantasy that goes right in spite of its solemn style.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Пред повеќе од 10 години го гледав римејкот City of Angels со Николас Кејџ и Мег Рајан и оттогаш Wings of Desire ми е на watchlist, а никако да дојде на ред. Добро е што не сум го гледала порано, немало да ми се допаѓа ко сега.

Филмот треба да се разгледува како визуелна поезија и никако поинаку. Филм кој го слави животот и пред сѐ човекот.

Зошто бесмртен ангел би посакал да стане смртен човек?

За времето и просторот да почнат да добиваат смисла. За да престане да биде статист во туѓите животи, немо набљудувајќи ги и конечно да ја добие главната улога. За да престане да го гледа светот како да е црно-бел. За да почне да чувствува болка, да гледа бои, да почувствува топло кафе во дланките, а подоцна и вкусот на истото тоа кафе. За да љуби. Станува смртен за да љуби. Човекот е време, капка крв што љуби.

Додека за едниот ангел (Касиел) важни се настаните како Олимпијадата, тура низ градот со балон и сл. историски случувања, за другиот (Дамиел) интересно е да се забележи дека една дама го собрала чадорот додека надвор врнело и целосно накиснала. Таквите тивки и незначајни моменти никогаш нема да бидат запишани во историјата, тие треба да се почувствуваат. Оттука и копнежот да го жртвува своето вечно постоење.

Колоритност кога нештата се прикажани од човечка перспектива, а црно-бел свет од перспектива на ангелите. А ние луѓето веројатно би очекувале да биде поинаку? За црно-белата снимка да биде автентична снимателот Хенри Алекан користел филтер направен од свилените чорапи на неговата баба. Уникатност, оригиналност и посветеност. Затоа ефектот е таков каков што е. Играта со сенки, ритамот со којшто пулсира целиот филм ве тера одново да го засакате животот. Во функција на тоа секако е и улогата на веќе познатата ѕвезда од ТВ шоуто Columbo, ангел кој не зажалил што станал човек. Инспириран од поезијата на Рилке, надополнет со настапот на Ник Кејв, натопен во уметност.

Единствена замерка можеби ми се претераната спорост на моменти и тивките гласови, шепотењето кое понекогаш делуваше annoying.

Оценка: 9/10.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom