Јас одма го изгледав, да се искупам за тие што ги немав гледано претходно.
Интересен филм, ептен. Ама некако како кнедла ми стои во грло еден дел..
Како е возможно да се согласиш да убиеш човек во замена за пари, човекот прв пат го гледаш, сомнителна фаца, се појавува од нигде никаде и оп оди уби го човекот и ти така наивно земаш пиштол, одиш и убиваш.
Ок тој дел со убиството не го спорам, очај е во прашање, ама парите? Зошто прво не ги зеде парите, не направи некој договор што знам што, некоја сигурност и гаранција дека парите сигурно ќе завршат во негови раце?
Друго, како за филм од нашиве подрачја пријатно ме изненади. Очекував секс и пцовки, дрога и расипана младина, а никако не мислев дека ќе изгледам така добро скоцкана и интересна приказна.
Ептен жален ми беше делот каде ученичката и кажува на мајката дека една глупа празна рамка за слики кошта исто толку колку животот на нејзиниот син, исто и моментите кога едно цело семејство се распаѓа и еден живот е под знак прашалник за едни ебани 26 000 евра. Ни стан со нив не можеш да си купиш. Жално е да го гледаш на филм, а не сакам ни да помислам на сите тие што сценариово им се случува дома.
И уште една замерка имам, онака чиста глупост само татково толку беше очаен да стигне до пари што дури и човек уби, а кога таа плавата му ги нудеше парите за детето, тогаш му текна на моралност и гордост, па ја одби и ја избрка, а уште без пари беше. Ама ако.
Повеќе глупости заприметував него да се задлабочам во приказната, смешно ми беше а ич не е за смеење, делот кога таткото го однесе синот во школо и свирна на заминување за поздрав. Тоа само кај нас го има на пример. И на друг филм нема да го видиш. И количињата. И џемперот на тој вработениот. И онолку јасно да слушаш како дише некој, што мислев во врат дека ми дишат. И дури незгодно ми падна.
Да го споредам филмов со општо сите филмови (од сите страни на светот

) ќе му дадев 7. Ама како за српски филм, си заслужува 8.
Не дека нешто сакам да понижам и навредам, само повеќето балкански филмови не се по мој вкус. Да бидат како овој, ќе ми бидат по вкус.