- Член од
- 18 март 2019
- Мислења
- 445
- Поени од реакции
- 2.045
Браво каков мозочен удар јадев. Вчера вечер после 5 изгледани филма, видов дека е последниот ден за овој круг од филм клубот и избрзав да го изгледам филмот. И место Days of Darkness го изгледав Minamata. Како и да е, откако видов што глупост направив побрзав вечерва да го изгледам правиот филм.
Days of Darkness
Прав даркнес за Понеделник навечер после срање ден и почеток на работна недела. Тешка депресија од главен лик, околу кој се врти целото дејство на филмот. Почна интересно, првите 30 минути ми држеше внимание, после замина во неповрат. Веќе од делот на фестивалот кај што глумат витези не можев веќе да издржам и премотував понапред. Реален муабет, филмот држи вода со приказната и имаше некој саркастичен хумор во него. Иако не успеа да ме насмее ради антипатичноста на Жан Марк, беше присутен нон стоп. Можеби не е толку лош филмот, колку што мене не ми легна добро, не знам, стварно ме измачи. Многу беше бавен и повторувачки, особено со сцените кога му доаѓаа "странки" на работа.
5/10 од мене.
Minamata
Класична masterpiece улога на Џони Деп. Ми требаше добра третина од филмот да помине за да сфатам дека е уствари тој. Уште еден меланхоличен карактер, но со многу подлабока и по cool приказна. Самото тоа што се работи за вистинска приказна му додава многу повеќе тежина и на ликот и на филмот. Исполнет со вознемирувачки кадри и сцени, успева да го долови амбиентот и "хоророт" низ кој врват жителите кои се изложени на загадувањето од фабриката и тортурата која ја трпат од страна на коорпорацијата. Успеа да ми задржи внимание, не е некое којзнае какво филмиште но е добар. Онака класична 6-6.5ка, но кога ти се свиѓа некоја девојка и даваш и 7ца.
7/10