Sideways (2004)
Ваков филм никогаш не би одбрал да гледам сам, ама ете по препорака го пуштив и не зажалив.
Филм за виното, љубовта и кога не иде, не иде.
Мајлс е професор и писател во обид чија пасија е виното.
Од друга страна Џек е актер кој е веќе во залез на кариера и го чека женидба.
Двајцата прават трип до Санта Ињез каде Џек е решен да се омрси уште еднаш пред свадба, а Мајлс буквално не му е до ништо дојдено од толку што не му иде на сите полиња, и само му се густира вино додека Џек едвај чека да се начука за да урла. Него секое вино му е врв.
Супер глума. Споредниот карактер феноменален, истотака перфектно одигран. (додека го пишував постот барајќи му го името, видов дека бил номиниран за спореден актер за оскар)
Одлични сцени и дијалози, и препорачувам да се гледа во што поголема резолуција и со што подобар квалитет за да се доживеат подобро сите тие сцени на лозјата.
П.С. Интересен момент кога цел филм го спремаше виното во колекција од 61ва за посебна прилика, за да на крај го испие во пластична чаша јадејќи бургер.
8/10