FILM CLUB (КРУГ 5) (204. Palmer: 28.10-10.11.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Епа драги мои, дојде моментот што сите го чекавте, баш ме радува вашата нестрпливост за мојот предлог :love:

Одлучив во духот на овој голем христијански празник, карактеристично за моите предлози да соодветствуваат со периодот да дадам еден голем, огромен филм од скоро 3 часа по повод Велигден. Филм во кој маестралната режија на Скорсезе и неповторливата глума на Дафо и Кејтел ја доловуваат епската приказна на единствениот Син Божји, Исус Христос од Назарет, нашиот и вашиот спасител и избавител од земните гревови. Филм кој во 88ма ја разбранува филмската јавност,

†The Last Temptation of Christ†























































СЕ ШЕГУВАМ, НОРМАЛНО!

1620069846875.png


Лаура. Најубавите стихови во историјата се напишани за Лаура. Вечната муза на Петрарка. Лаура ќе биде и нашата муза овие две недели, не онаа на Петрарка, но на Преминџер. Портретот на Лаура ќе ве прогонува и во соништата и во спомените. Лаура. Лаура Хант.


За крај, добредојдовте во мојата чајџилница, каде се служат исклучиво црни чаеви.

Уживајте!
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
А да каже некој каде да ја најдеме Laura ?
Побарав на 1377x.to - нема, Netflix - нема ...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.627
Поени од реакции
36.359
Angst го гледаа 11 души, 3 помалце од претходните 3 филма, и му дадоа средна оценка 5,7, која, можеби изненадувачки за @Gazpapir , не е најслабата средна оценка во клубов, по рестартот, а не е ни во топ 5 најслаби воопшто, од почетокот на клубов. Го испуштија:

@Setsuko , @wot , @Violetova - прв неизгледан
@Imperatorot , @Shawn Spencer - втор неизгледан (жолт картон)
@Leo Bonnie , @Tyler Durden - трет неизгледан (црвен картон, кој знаете дека сепак ништо не значи...)

124 филм во клубов е Laura, кој конечно, после неколку години откако мене ми беше предложен, ќе „морам“ да го изгледам. :P

@Violetova , ќе ти пратам линк од торент во приватна порака.

@Shawn Spencer , pole dancing е всушност фитнес вежба која се практикува насекаде во светот, и не мора по дифолт да се поврзува со нешто еротско. Постојат дури и спортски натпреварувања во многу држави во кои натпреварувачите се оценуваат слично како во уметничкото лизгање, на пример. Ти го напоменувам ова, зашто постојаното навраќање на таа шипка во таква конотација во која ја споменуваш, е навредливо. Тоа е слично ко човек кој тренира борење, на пример, да го исмеваш дека личи на педер зашто носи тесни хеланки (или како и да се викаат тие). Затоа и ти беше избришано мислењето, и тоа не е прво такво. Се надевам дека малку е појасно сега? ;)
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.731
Поени од реакции
27.718
Не ми го дава ни со година, пробав со заграда, без заграда...
Како може да не ти го дава?
Само Laura напиши. Одбери movies only. Види Sort by по seeders дали ти е ставено.
Види дали го отвораш вистинскиот 1337x чиј домејн е 1337x точка to
1620075482920.png

P.S. Yts сајтот имаше случај каде што по пријава на одредена компанија, Yts беа „приморани“ да го дадат идентитетот на некој симнувач ;)
Не дека шансите се нешто големи тоа да се деси но, сепак.

P.P.S Рандом глупави факти. Од досегашните оценки на поактивните во клубот, ист просек на оценки на филмовите имаат
@Corvus и @Imperatorot - 6.5
@Leo Bonnie и @Setsuko - 8

Најдарежлив е @ob1 - 9 - значи му се погодил клубов :D
а најстрог е @Джонтра Вохохолта - 5.25 - значи давајте подобри филмови, аман, што е ова.
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Лаура и Марк ми личеа на млади Милена Дравиќ и Шон Конери. :D

Тапа филм иначе, ич не ми беше интересен. Еден куп зборење со тој старовремски нагласок, акцент, говор на актерите, ме замараше. Само Џими Стјуарт не ме замара. Еднаш реков дека не ми лежат вакви старовремски филмови ако кај нив не е потпишан Алфред Хичкок.

Не ми беше интересна приказната. Оваа убиена а никој не беше свесен дека погрешна жена е жртвата. Ебати џандарот, вика ги видел сликите од убиството а не ни препозна дека друга девојка е убиена. И сеа ко да треба озбилно да му ја сфатам истрагата.
Оваа фатална девојка нешто, тој стариот Валдо се заљуби у неа, беа ли у врска, што правеа?.. од нигде никаде оваа се вери со тој Шелби, така рандом ајде ете ќе се венчаме. И Валдо онака едноставно си продужи да ја сталка и да бидат у контакт сите тројца-четворица. Јас никаква љубов не видов тука, од никој кон никој. Глупо убиство по грешка, уште поглуп обид за убиство на крајот.

На толку глупи филмови до сега ќе се откажев дефинитивно ама ај ваљда се буди некој мазохизам у мене па ќе видам до кога ќе терам и каков просек на оценки ќе извадам на крај.

3/10.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Како може да не ти го дава?
Само Laura напиши. Одбери movies only. Види Sort by по seeders дали ти е ставено.
Види дали го отвораш вистинскиот 1337x чиј домејн е 1337x точка to
Сè така правам, и сајтот е тој, мемориран ми е, и не ми дава како на твојата слика. Movies обавезно ставам, Sort by не сум ставала до сега, еве и тоа го кликнав сега. Не сум логирана, ако нешто значи?
Ама никогаш не се логирам.
И сега пак пробав, и не дава резултати:
Screenshot_1.jpg

Се надевам дека за филм од 1944 нема да ме гони никој преку Yts :D

Update: Всушност јас на 1377x сум пребарувала, на 1337x го дава филмот, скроз си во право Anon :)
 
Последно уредено:
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Laura
Глумата во старите филмови е многу извештачена, и мене ми смета тоа.
Ама па приказната во основа си беше интересна: мислат дека е Лаура убиена, а таа се појавува по некое време. Друга девојка во нејзиниот стан што наликува на неа во ставата и облечена во нејзиното неглиже била убиена, па детективот Марк истражува кој е убиецот. Кога му дозволи на вереникот на Лаура, Шелби, да пребарува низ станот за да го најде резервниот клуч, си реков: лелееее, каква глупост е ова, Шелби може да го подметне кучот, кога тоа му била поентата на детективот, знаел дека ако Шелби го „најде“ клучот, ќе биде подметнат. :)

И така рабоејќи на убиството, ние слушаме за животот на Лаура; Валдо бил потајно вљубен во неа; вереникот Шелби е женкарош; детективот се вљубува во Лаура; сите ја сакаат Лаура, а хепи ендот е неизбежен, посебно во американски стар филм.

За црно-бел филм од 1944 година, баш и не е лош. Американскиот филмски институт го прогласил за еден од 10 best mystery films. Од мене: 8/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom