FILM CLUB (КРУГ 5) (200. All Quiet on the Western Front (1930): 12.05-26.06.2024)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Пред да се пуштам на форум денеска, добив инфо на фб дека следи БУГАРСКИ филм во клубот и секако одма доби Х од мене и ознака `никад нема да биде гледан`.
Ама коа видов сеа дека баш овој филм ми стои на списокот ``странски`` филмови што го праев пред некое време за да изгледам што е можно повеќе филмови од различни држави, башка Мики Манојловиќ (као бе може да не го сакате :icon_mrgr: ) дефинитивно ќе биде гледан. (y)

Не може да биде лош филм со Мики Манојловиќ, он е сам по себе смешен као појава, мене у Клопка што е доста сериозен филм ми беше смешен коа ќе го покажеа у кадар па не сеа во ваков позитивен филм ко што вика Злате погоре. :D

Може и уште денеска да биде изгледан. (y)
 
G

grande-juve

Гостин
Знаев дека е овој.. само требаше да го најдам последниот балкански филм што го воодушевил Злате( балкански беше реална претпоставка, последен беше коцкање). После одеше лесно:
French_Poodle.jpg
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.104
Поени од реакции
34.899
Знаев дека е овој.. само требаше да го најдам последниот балкански филм што го воодушевил Злате( балкански беше реална претпоставка, последен беше коцкање). После одеше лесно:
Прегледај го приврзокот 159671
Нееее, Гудфела погоди дека е бугарски, затоа он следен ќе предложува.




























Секако нему и му беше ред. :D
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.366
Поени од реакции
25.096
Плус, @џимеј имаше ептен позитивна реакција за филмот откако го изгледа (до душа - пред јас да го гледам), па ви реков - јас поминав преку некои стереотипи и му седнав.
Жал ми е што навистина имам се помалку време за дискутирање и гледање филмови предложени овде, ама ги читам сите постови досега на темата... Се надевам дека ќе се смени тоа, но непланирано од почетокот на годинава досега ми се изменија многу нешта и планови.

Супер предлог Злате, ете тие стереотипи кои што ги спомна, кога ќе се надминат, има безрезервно уживање во филмот. Јас немаше можеби никогаш да го гледам, ако не испаднеше да го гледам на иста проекција со продуцентот на филмот (т.е. копродуцентот од Словенија) и според неговото раскажување, филмот бил долга и макотрпна работа што ете, целта му се исполнила - ја ставил Бугарија на светската мапа на кинематографија со тоа што влегол во најтесниот избор за оскар (исфрлен е во последниот круг мислам).
Интересно е што режисерот на филмов по професија бил доктор, и еве прави филм што е толку light and heartwarming што иако ќе знаеш што ќе се случи и како, буди убави емоции. :)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781

:love:

Освен сцените со децата горе, мислам дека не осетив никакви други позитивни вибрации шо го натерале Злате да му даде 10ка на овој филм и да го предложи овде. Каква идеја му текна на стариот бе, од Германија до Бугарија на точак, пардон, тандем :icon_lol: Го пишувам ова 5-6 часа од кога го изгледав и изгледа ниедна реченица шо ја кажа стариот не успеа да ми влезе во глава, како ништо вредно да се памти не кажа цел филм, а баш од него очекував да има цитати шо ќе ме мислат некое време... а можеби и до јазикот е, па затоа не ми текнува ништо од стариот, не ми беше убаво да го слушам бугарскиот, ама ај имаше мала компензација со малку италијански :love:
Тие шо треба да гледат ако чујат нешо добро, нека запишат, дека барав цитати од филмот и не најдов.
аа ми текна, во еден момент мислам стариот кажа дека среќата си нема врска со таблата, како бе? или грешка слушнав или не го мислеше ваљда тоа сериозно.
Како и да е океј ми беше филмот за гледање, посебно делот Саша кога беше мал ми беше многу убав.
Ќе ми остане во сеќавање само по тоа дека е единствен бугарски филм шо го имам гледано, тешко по друго нешто. 7/10.
И мислам дека тука завршив со гледање бугарски филмови.

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.104
Поени од реакции
34.899

:love:

Освен сцените со децата горе, мислам дека не осетив никакви други позитивни вибрации шо го натерале Злате да му даде 10ка на овој филм и да го предложи овде. Каква идеја му текна на стариот бе, од Германија до Бугарија на точак, пардон, тандем :icon_lol: Го пишувам ова 5-6 часа од кога го изгледав и изгледа ниедна реченица шо ја кажа стариот не успеа да ми влезе во глава, како ништо вредно да се памти не кажа цел филм, а баш од него очекував да има цитати шо ќе ме мислат некое време... а можеби и до јазикот е, па затоа не ми текнува ништо од стариот, не ми беше убаво да го слушам бугарскиот, ама ај имаше мала компензација со малку италијански :love:
Тие шо треба да гледат ако чујат нешо добро, нека запишат, дека барав цитати од филмот и не најдов.
аа ми текна, во еден момент мислам стариот кажа дека среќата си нема врска со таблата, како бе? или грешка слушнав или не го мислеше ваљда тоа сериозно.
Како и да е океј ми беше филмот за гледање, посебно делот Саша кога беше мал ми беше многу убав.
Ќе ми остане во сеќавање само по тоа дека е единствен бугарски филм шо го имам гледано, тешко по друго нешто. 7/10.
И мислам дека тука завршив со гледање бугарски филмови.

Добро сега, не се само позитивните вибрации тоа што ме натерало да да дадам 10, иако можеби беа пресудни. Си има филмчево многу квалитети: ми се допадна камерата, особено некои сцени додека беа на „тандемот” (кинематографот одлично си ја завршил работата), ми се допадна глумата, немаше ништо ни нападно, ни претенциозно, ни лошо, ми се допаѓа и како филмов делува малечок, а на многу симпатичен начин прави некои споредби и си игра со симболи за многу комплексни работи. Пример: таблата е како животот. Коцките се судбината и иако никогаш не знаеш што ќе ти се падне (што ќе ти донесе судбината), сепак ти ги држиш в раце, и она што ќе ти се падне во голема мера зависи од тоа како ќе ги фрлиш. И уште многу нешта, но не можам сега, сонлив сум.
 
G

grande-juve

Гостин
Овој ми е втор бугарски, првиот беше Мисија Лондон солидно комедииче.

Филмчево можам да го опишам ко рамна линија, како почна така и ми заврши. Далеку ми беше од фил гуд, поише фил ништо :D. Не се поврзав со ниеден лик, не почувствував ништо, и мислам дека тоа беше затоа што филмов беше поделен на односов дедо-внук, на патот на внуков назад кон нормален живот, жртвувањево на родителите, па комунизмот што ефекти предизвикуел, па третманот на азилантиве.. некако се ми беше ко само прикажано и никаде не можев да се инвестирам. Од друга страна, немаше нешто лошо да кажеш, метафорите и симболите беа забележани, се си беше ок на техничко ниво, али главното ми фалеше, душа. И малце предолг ми делуваше.

Климава 6ка :D

Најубав момент ми беше баш од сликата Гудфела што ја ставил, кога детенцево ја баци, мислам дека после тоа и двајцата имаа искрена реакција таква усрамена малку, не ми делуваше на глума, слатко :noze:

А не знам што беше финтата во кампон со музиката кај што застанаа на враќање, коа почна некоја традиционална музика дедово стана демек го погоди во срце, мислев ќе заигра некое оро или нешто традиционално, он почна да игра џајв, пасо добле, и на крај квикстеп :D
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.851
Поени од реакции
5.990
И јас се слагам со Гудфела за се што напишал. Ова ми беше прв бугарски, а сигурно и последен. И веројатно по тоа само ќе биде запаметен.
Приказната не ме воодушеви премногу. Зборовите на стариот не допреа до мене. Немаше нешто што ќе ме заинтересира и ќе се поистоветам со ликовите од истиот. Ниту сум ја делел истата судбина, ниту знам некој што ја делел... Но и во многу други филмови неможеш да се поистоветиш со некој лик, нели?
Можеби и должината играше клучна улога? Добро рекол гранде-јуве горе: "Од друга страна, немаше нешто лошо да кажеш, метафорите и симболите беа забележани, се си беше ок на техничко ниво, али главното ми фалеше, душа. "
Најлошо од се беше јазикот. Едноставно не можам бугарскиот да го смислам (како озбилен јазик), самиот по себе ми е трагикомичен. Свака му част на Мики Манојлович како го совладал.
А у нашиве филмови, секогаш кога глуми некој српски актер, уфрла по некој србизам, или едноставно се примеќа дека не е наш. Можеби и поради моето познавање на бугарскиот, кое е оскудно довело до тоа да мислам така, не знам.
На сред филм се решив да направам мала промена бидејќи неможев да го трпам јазикот. Па се решив да го "мјутнам" и да го гледам со превод (српски). А филм без тон... шо да ти расправам..
Можеби и тоа доведе да не целосно се вклучам во истиот и го гледам со очите, со кои го гледал Злате.
Од мене исто така добива една климава 6ка.

П.С Мразам табла. Од дедо ми, ми е наследено, кој беше првак у шах во маало. Игра во која нема среќа, само знаење. ;)
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Дај нека ми прати некој добар торент, само еден најдов, на пајрат беј ама двд рип е некако не ми се симнува тоа.
На друго место нема.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ќе напишам јас посебна рецензија за филмов пошто ми е гледан лани мислам, туку за тие што велат дека немало да гледат пак бугарски. Прва прилика ако излезе Викторија на торент, одма го предложувам. Предобар филм! Направи бум на сите фестивали, многу награди и многу публика во кино салите. Овој го гледав јас годинава, исто не ми беше лош, Urok.

Годинава исто им излезе Godless, филм кој што ја зема главната награда во Лукарно, жири наградата во Сараево, први награди во Варшава, Рејкјавик, Момбај и други награди на други фестивали. Се надевам на СФФ ќе имаме шанса да го изгледаме.

Од постариве нивни, Източни пиеси имам читано дека бил вреден за гледање.
 
D

Daedalus

Гостин
Ја се извинуем што доцнам малце. Другиве два филма ќе ги изгледам утре.


Still Life


Филмот ми се свиѓаше за некое чудо. Филмот е спор, али на свој начин. Филмот има посебна врста на спорост, не е тоа Тарковски тип на спорост, не е Тар спорост, не е Ларс вон Триер спорост (лудиов уште и сцените ги успоруе) туку е некако спокојно спор. Смртта во филмот, не е покажана во форма на нешто што е болно, агонично и тажно, туку во форма на тишина и смиреност.
Некако го има тој пагански шмек во кој, починатиот станува едно со природата кога умира, а тоа не е страшно, тоа е циклус којшто тече. Гледачот, или барем јас, има чувство дека ова е еден архајски процес којшто постои од почетокот на времињата и со течењето на времето, секој бива заборавен, тоа што останува се само надгробните плочи како некој белег којшто покажува дека некогаш постоел тој и тој. Има доста такви романтичарски елементи, Меј честопати сака да ужива во природата (тука пичи некој келтски фолк у позадина) и во храната којашто методично си ја делка (најчесто крофна со кафе), исто така не сака да остава недовршени работи. Постои чувството на некој циклус којшто мора да биде довршен, не смее да биде оставен така, на пола и неизбалансиран. Ко режисерот да сака да напраи паралела со животот којшто мора да стигне до некој кложр, а тоа е смртта. Можда на мене ми делуе ко да има таква симболика...

Еди Марсан е роден за таа улога. Со тој летаргичен поглед и таа методична смиреност, Џон Меј симболизира празнина која пробува да ја пополни со некој надворешен локус. Бидејќи нема нeкој којшто би се грижел за него и би тагувал доколку умре, тој сака да им го овозможи тоа на другите коишто починале. Во една сцена, шефот му кажа дека погребот е за живите коишто тагуваат, а не за мртвите, поради што треба да се пристапи со некој утилитаризам и можеби да им се скрати маката на живите со тоа што нема да знаат за мртвиот. Али за него тоа значи дека нема да може да им го овозможи на луѓето тоа што не може да си го овозможи сам, што не му се допаѓа.
Он воопшто не е засегнат од овоземните секојдневни пориви и проблеми, кога му кажуваат дека е спор и немаат потреба од него, неговата реакција на емотивна болка е празна, кога му кажуваат пијандуриве дека е грд, воопшто не им се лути, комотно може да се каже дека ликот е ходајуча меланхолија или неговата болка е толку огромна и собрана у еден куп којшто го крие со таа мртва маска којашто ја покажува надвор, што не останало ништо што би го задржало на овој свет. И која иронија на судбината, на крај завршува така како што не сакаше да завршат останатите.

Откако го изгледав филмот, гледав уште 2 минути во екранот на празно.

8/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
И јас исто се слагам со горните коментари, ова е прв и последен бугарски филм што го иам гледано. Имаше среќа, ко што спомнав и во првиот коментар коа видов што филм следи, што глуми Мики Манојловиќ иначе никад немаше да биде гледан.
Не можам бре бугарски да слушам и точка, не можам. Исто и Карло Љубек т.е Саша беше интересен како лик, интересна фаца. Мики класика.

И мене не ми беше нешто посебно фил гуд што ти знам, онака, исто ко другите така и јас ќе го памтам само по тоа што е прв бугарски филм што го иам гледано.
Ништо не запамтив, никакви мудри мисли, т.е само едно нешто запамтив на почетокот коа му се јавија на телефон на Мики, ``дјецата, катастрофирали се``. :pos: Кој ти е овој збор бе, катастрофирали се, кои сте бе вие бугари комедија од народ. :icon_mrgr:

Тој па таткото, Димче од Вратиче се роде.

Обичен филм, 6 и од мене.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
Ех, конечно и јас го изгледав.
Злате, погреши (но @Хоуп беше во право!). Филмот ми се допадна, и тоа многу. Па јас сакам вакви животни приказни, со животни мудрости, поврзување на карактери... <3 Топлина и љубов ме топат, ме топат!
Не ми сметаше мешањето на јазици, бугарскиот и слично... но сметам дека доколку беше друга продукција филмов ќе беше врх! Некои ситни работи можеле подобро да ги изведат.
Има италијански шмек, и музичето така потсеќа...
„Кога имаш нешто важно што сакаш и јас да го знам, погледни кон облачето горе и кажи му, тоа ќе дојде до кај мене и ќе ми соопшти“ <3
Едино хејтот кон болницата и алкохолот no-no.
7.5/10
 

Expecto Patronum

Citizen Erased
Член од
13 јули 2011
Мислења
1.331
Поени од реакции
3.281
Го гледаше бе некој Фантастични Ѕверки ( :unsure: ) да кажи впечатоци?
Јас го чекам среда во 2Д пошто мразам 3Д.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
Го гледаше бе некој Фантастични Ѕверки :)unsure:) да кажи впечатоци?
Јас го чекам среда во 2Д пошто мразам 3Д.
Малку така како да си ја утнал темата :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom