- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 14.425
- Поени од реакции
- 35.818
Може, ми се допаѓа, убав предлог. Само има два проблеми:@Zlatikevichius a зoштo не oстaвиш секoј штo е нa ред сaм дa си гo претстaви филмoт? Дa кaже сaм зoштo се решил зa негo, мoже не е сaмo зoштo бил нoминирaн некaде или декa oсвoил не знaм штo или пaк декa дoбил пoзитивни критики...
Јaс бaрем сaкaм дa знaм oд пoчетoк зoштo гo oдбрaл бaш тoј филм, пoштo пoсле низ мислењaтa зaбoрaвaм кoј гo предлoжил.
1. Може насловот да leak-не предвреме како што еднаш се случи, и после да настане калакурница.
2. Може да се скапеме од чекање за да биде претставен филмот, доколку тој кој го претставува се подзаборави (како што се случува со KSC натпреварите во Музика).
Затоа, мислам дека ќе е најдобро, и тоа ќе го направам од наредниот пат: ќе го натерам предложувачот да напише неколку збора зошто баш тој филм го одбрал, но кај мене по приватна порака, па кога ќе дојде ред за нов филм, да го почекам, на пример во понеделник кога треба да почнеме со филмот, од сабајлето до 20:00 часот најдоцна, па ако го нема предложувачот за сам да го претстави филмот, јас да преземам, но сепак со неговите зборови, т.е. со презентацијата која претходно ја направил во приватната порака кај мене.
------------------------
За Grave of the Fireflies јас не пишав ништо оти вашиот драг полу-модератор (ако смеам така да се наречам ) имаше многу тежок месец (работни проблеми), па не можеше баш да стигне. 10 од 10 и од мене! Прекрасна анимација! Може немаше такви пејсажи како во филмовите на Мијазаки или, еве, последен на кој ми текнува - When Marnie Was There, но ми се допадна многу повеќе од некои од филмовите на Мијазаки и другите јапонски аниме кои сум ги гледал, од проста причина што тука приказната беше многу пореална, поприземна, и со тоа побуди повеќе емоции. Кога знаеш дека тоа што го гледаш можело да се случи и навистина, и веројатно многупати се случило, тежината на изгледаното е многу поголема од ситуации во кои на пример, црната вештерка ти ги претворила родителите во свињи, си запознал мистериозни мали луѓе кои живеат под твојот под и позајмуваат работи од твојата кујна секоја вечер, дознаваш дека твојата најдобра пријателка од летниот одмор е всушност духот на твојата баба, или со твојот измислен пријател кој е всушност едно џиновско влакнесто суштество се возите со мачко-автобус... Дефинитивно број еден аниме според мене! Не велам дека целата таа фантастика која обично ги краси филмовите од овој жанр не е добра, напротив. Само едноставно, сметам дека не може до толку многу да допре до тебе како што може една болна приказна која за жал веројатно е секојдневие на земјата. Што друго да додадам? Сѐ си кажавте, со сѐ се сложувам. Убав избор на @ob1 , иако сметам дека е подобро кога бирате филмови, да бидат тоа некои кои повеќето не ги гледале.
------------------------
Да сумираме, 15-мина го гледаа и оценија, сосе оценките на @Anon и @Хефест кои ја украдов од letterboxd, иако тие не нѐ почестија со мислење/рецензија. Средна оценка - 9,2, што е извонредно остварување, еднакво на најдоброто до сега, The Intouchables. Не го гледаа @Џонтра Волта , @Krk1 (трет по ред филм, но можеш да се вратиш било кога, иако нема да бидеш тагнуван ), и @Iceboy .
@ManUtdChampions , иако имаше 90% учинок до сега, по сопствено барање, и оправдано, нема да не дружи некое време, но вети дека на крајот од годинава ќе се обиде да не стигне. Јас му посакувам прекрасни денови, недели, месеци од животот и се надевам дека иако нема да не дружи, барем ќе не посетува во темава. Се гледаме друже!
И сега, ај да пробаме по ново: оставам до вечер, до 21:00 новиот предложувач, @Goodfella сам да го претстави филмот кој го одбра, да каже зошто го одбрал и да не натера повеќемина од нас да го гледаме. Доколку не е тука, или не може, вечер во 21:00 се враќам јас со вестите.