FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Nobody’s Fool (1994)

Одлично филмче за овој период од годината.

Мало градче со необични ликови, но секој посебна и интересна приказна. Одличен setting за ваков филм.
Пол Њуман си е одличен, како и секогаш. Иако беше прилично бавен филмот во своето дејство, воопшто не беше досаден.
Мислам го знаев дека постои филмов, но никогаш не ми бил во план да го гледам а има одлични глумци насобрано, фала за можноста да го откријам.

Од мене добива 7/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.824
Поени од реакции
33.721
Nobody's Fool

Nice one, Џонтра! Филмче во кое нема приказна, ама има многу ликови, секој со својата приказна! Ме потсети на мелодрамата Гратчето Пејтон, иако таму се случуваше многу повеќе отколку тука. Супер е глумата од сите, малку ме растажи кога го гледав Брус Вилис, знаејќи што му се случува во моментов. Атмосферата и сетингот супер за овој период. Имаше само една сцена кај што малку се подзаборавиле веројатно: гога одат Сали и син му да го крадат тој снегофрлачот од стовариштето кај кучето што беше: одат таму нели, не паѓаше снег, бело насекаде наоколу, за во следната сцена, додека чекаа во колата кучето да заспие - интензивно врнеше дожд. Наредна сцена по таа - повторно бело се наоколу и паѓа снег. Сето ова во времетраење од неколку часа. Сепак, вакви филмски грешки се дозволени секаде и не влијаат многу на вкупната оценка, зашто веројатно ретко кој и ги забележува. Реков, тука се друго си е на место. Но дефинитивно број еден е сценариото! Убави реплики, убаво изградени ликови, и тоа не само еден или двајца, тука видовме портрети на десетици ликови, прекрасно извајани. Убав предлог за почеток на годината. 7/10

Бонус :цицки:
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.040
Поени од реакции
55.501
Мило ми е што испадна како што мислев и го погодив филмот.

Се согласувам со сите што пишавте, така и јас го доживеав. Ништо посебно ама добро, убава атмосфера, добри глумци, добар сетинг, одлична кинематографија. Филмовите од 90тите си носат посебна магија, и лошите филмови имаат по некоја позитивна карактеристика.
Обожавам вакви снежни филмови, сместени во вакви мирни и тивки градчиња. Глумците топ, Пол Њумен стара школа, Брус Вилис класа како и секогаш.

7/10 и од мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.824
Поени од реакции
33.721
Мило ми е што испадна како што мислев и го погодив филмот.

Се согласувам со сите што пишавте, така и јас го доживеав. Ништо посебно ама добро, убава атмосфера, добри глумци, добар сетинг, одлична кинематографија. Филмовите од 90тите си носат посебна магија, и лошите филмови имаат по некоја позитивна карактеристика.
Обожавам вакви снежни филмови, сместени во вакви мирни и тивки градчиња. Глумците топ, Пол Њумен стара школа, Брус Вилис класа како и секогаш.

7/10 и од мене.
Има еден нов филм со истата атмосфера и многу потсетува на филмовите од 90-тите. Еден од посериозните кандидати за номинација за Оскар годинава - The Holdovers на Александар Пејн. Ако не ти е гледан, препорака и за тебе, и за сите тука.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.040
Поени од реакции
55.501
Има еден нов филм со истата атмосфера и многу потсетува на филмовите од 90-тите. Еден од посериозните кандидати за номинација за Оскар годинава - The Holdovers на Александар Пејн. Ако не ти е гледан, препорака и за тебе, и за сите тука.
Го глеав, тапа е, класичен мех, лејм приказна, 70ти вајб, дно актери. :D
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.548
Поени од реакции
34.863
Nobody’s Fool (1994)

Сентиментална драма за емоционално незрел човек. Намќор, ама добродушен намќор.
Одлично сценарио,сценографија бонбона. Њуман маестрална изведба, а и цела актерска екипа Мелани топ, денес за жал упропастена пластична кукла. Брус Вилис, навистина е жално, каков бил, а каков е денес, барем тој од болест :(
Ме трогна моментот кога при автостопот, едно од децата во колата го прашува таткото (син му) „Кој е овој човек“, а ликов одговара „ова е твојот дедо“ :(

8/10
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
За следен филм одбрав романтика, ни фали во овој период:
Eat Pray Love
со Џулија Робертс и Хавиер Бардем.
Вистинска приказна, филмот правен по книга која е биографска.
Освен што сум женско и си сакам романтики, овде ми се допадна и тоа што љубовта е прикажана како судбинска, морало да се случи.
Автоматски споено мислење:

И да додадам, не проверив кој го гледал, и дали некој не го гледал, само сакав да го имаме како наслов поминат во клубот. :)
 
Последно уредено:
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.257
Поени од реакции
3.190
Nobody's Fool

Го изгледав, каква досада од филм, ништо посебно не се случува, а нема ни некој посебен шмек, ни е лабав, нема ни приказна, ни поента, филмов е ништо. Го гледав само зашто рековте дека го има оној 90-ти стил и искрено само тоа го вади и прави гледлив.

5/10
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.040
Поени од реакции
55.501
Nobody's Fool

Го изгледав, каква досада од филм, ништо посебно не се случува, а нема ни некој посебен шмек, ни е лабав, нема ни приказна, ни поента, филмов е ништо. Го гледав само зашто рековте дека го има оној 90-ти стил и искрено само тоа го вади и прави гледлив.

5/10
Вака се осеќам коа го читам постов. :D

 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Eat Pray Love (2010)

Да бев женско може и ќе ми се допаднеше филмов или ќе се пронајдев или ќе ми имаше смсла, but alas I am not.

5/10

Моја теорија, кога женско бара да се пронајде себеси се снимаат вакви филмови, со патување, романтики, медитација, а кога машко бара да се пронајде себеси се снимаат филмови како All quiet on the western front.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.824
Поени од реакции
33.721
Eat Pray Love (2010)

Нели на македонски книгава беше преведена како: „Јади, моли се, уживај“? Од кај уживај = love?

Пандан на Оскарите во Шпанија се Гоја наградите, секоја година се доделуваат на најдобрите филмови. Е па група критичари од Шпанија секоја година доделуваат и Јога награди (Јога = игра на букви, анаграм на Гоја), за најлошите филмови од минатата година. Погодете на кој филм му дале Јога за најлош странски филм од 2010!

Не знам, за мене ова беше ужас и би им се придружил во наградата. Никогаш не сум мислел да направам поделба на филмовите на „женски“ и „машки“, ама по ова - дефинитивно постојат „женски“ филмови и искрено не верувам дека ова би му се допаднало на било кое машко. Ова е филмска верзија на лимонатките во книжевноста. Не може да се спореди ни со Халмарк романси - таму и покрај цел ужас може да ти се погоди згодна актерка па да го гледаш навивајќи дека ќе има секс сцена. Овде ти се паѓа Џулија Робертс многу години откако престана да биде секси. Читај: стара. Не знам зошто пробувам да најдам зборови за да го доловам цел ужас што го преживеав гледајќи го филмов. Еве, најблаго: sorry @Violetova , but this was not my cup of tea.

3/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom