Да си пишам јас за Стуарт додека се тркалаат тамблвидс на темава. Од телефон пишувам, појма неам пасусиве како ќе излезат, good luck to all.
Стуарт јас го дефинирав како филм што не можам да кажам дека не ми се свиѓа, ама сигурно не би го предложила некому да го гледа. Едноставно филмот е неинтересен, и не постигнува било каков ефект, а впрочем и непознато е каков ефект сака да постигне. Освен глумата на Том Харди, која беше извонредна,се останато беше просек и испод просек. Во главно ништо особено не се случуваше во филмов, а и дијалозите не беа ептен engaging. Вистина не знам што виде толку интригантно Александер кај Стуарт па се реши книга да пишува за него, апсолутно никаква имагинација треба да немаш како писател за да земеш да пишуваш животна приказна за просечен бездомник алкохоличар.
Инаку без да се задржувам многу само ќе кажам, многу педерски од страната на Александер онака да го стави Стуарт on the spot да раскажува за првиот пат кога лежел затвор пред група луѓе што не ги познава, очигледно му беше непријатно и не сакаше да зборува за тоа воопшто, а не па пред толпа непознати.
Не ми беше особено криво што умре на крај, ниту особено мило, како што реков никако не бев инволвирана емотивно во филмов, а не знам ни дали беше целта да бидам.
6/10