FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
И јас исто како @ob1 бев скептичен поради "годините" кои ги има филмот. Впрочем, ако добро паметам, ова ми е еден од најстарите филмови кои сум ги гледал, ако не и најстар.
Баш напротив, филмот успеа да ме разубеди уште на почетокот и истиот го одгледав во еден здив. Ова ќе ми биде повод да се посветам во иднина повеќе на гледање црно бели филмови, и во боја од '50, '60 па и постари.
За разлика од @wot, иако ми се допаѓаше и таа страна кој он ја опиша, мене ме освои спротивното, манипулацијата. И истиот го доживеав на малку поинаков начин, занемарувајќи ја комедијата и светлата страна во филмот. Напротив, повеќе се насочив на драмата и сторијата.. заплетите кои се редеа како течеше дејствието, претворајќи го во еден одличен трилер каде што наместо убиец, имаше шампион, но, и над шампионот постои уште подобар шампион. ;)
Addison DeWitt: It's important right now that we talk, killer to killer.

Eve Harrington: Champion to champion.

Addison DeWitt: Not with me, you're no champion. You're stepping way up in class.
Гледајќи го филмот, бев воодушевен исто и од фактот на каков начин се водени дискусиите наспрема денешните филмови каде што дијалогот е толку прост. Како секоја изговорена реченица да содржи некоја мудрост во себе. Не би можел да бидам сигурен дали и во вистинскиот живот, секојдневието, луѓето тогаш разговарале на тој начин, но едно е сигурно, ние сме подредени наспрема нив кога е во прашање културата.
Исто така, и светот во кој живеат е доста различен од денешниов наш, полн со лаги, манипулации и дволични личности кои грабаат кон врвот, остварувајќи се себеси на грбот на другите, притоа не бирајќи начин како да го постигнат тоа, уништувајќи се што е во нивна близина.
Но, што кога ќе се достигне врвот? Дали тоа ќе не направи среќни и исполнети?
Во нивниот свет е тоа исклучок, нешто ретко, невидено, чисто и невино како јагне изгубено во џунглата. Или пак е волк во јагнешка кожа...
Филмот одговара на многу прашања и дава многу поучни лекции кои треба да се следат во животот. За такви лекции вреди да се потроши многу повеќе од 2 часа слободно време.
Оцена: 9 од 10.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Алал за предлогов. Филмов го изгледав сабајле и ме бендиса.
Им фалат на новиве филмови глумата и дијалозите што се во старите филмови.

Едно само не ми беше баш јасно, кога Ив разговараше со Карен и ја уцени да го убеди режисерот (ваљда беше тој режисерот искрено малце ги мешав малце кој е режисер, сценарист, продуцент whatever) да и ја даде новата улога. Со што ја уцени уствари? После кога испадна дека Марго уствари не ја ни сака улогата, си се изнасмеја слатко Карен затоа што не мораше да го убедува.

Сепак, веќе сме истренирани и веднаш на почетокот кога почна Ив да раскажува за фамилијата знаев дека мунтосува.
Многу ми се допадна тоа што скоро и да не видовме претстава а веќе си имаш целосна слика што се дешава во театарот и како Марго е божица во тој свет...
И ова е првиот филм што го гледам со Мерлин Монро :D пичка и пол у пм
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781

Карен беше причината (празниот резервоар) зошто Марго не стигна на преставата со која Ив се прослави, ја уценуваше со нејзиното пријателство со Марго, ако Марго дознаеше, готово ќе беше.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Карен беше причината (празниот резервоар) зошто Марго не стигна на преставата со која Ив се прослави, ја уценуваше со нејзиното пријателство со Марго, ако Марго дознаеше, готово ќе беше.
Ау да бе отпосле ми текна дека Карен напраи со резервоарот. А зашо па Карен го направи тоа со резервоарот?
Еве и овој дечко прашувал.
Пак не ми е целосно јасно ама ај нема везе.
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Аманте бре, одма сте почнале, ние што полагаме деновиве, па јас дури и на 30-ти а потоа одам за Букурешт немам време да си го довршам предизвикот од 2015-та не па Клуб 2016 да почнам :DТаман за Божиќ ќе го изгледам и ќе дадам коментар (y)
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Ау да бе отпосле ми текна дека Карен напраи со резервоарот. А зашо па Карен го направи тоа со резервоарот?
Еве и овој дечко прашувал.
Пак не ми е целосно јасно ама ај нема везе.
Абе жени, кој ќе ги разбере зошто :D
Јас мислам дека однесувањето на Марго на роденденската забава и после аудицијата на која го видоа потенцијалот на Ив, беа причините за тоа што го направи Карен, ама во тој момент не сфати што се ќе предизвика, мислеше дека се ќе помине како шала.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.844
Поени од реакции
24.280
Сепак, веќе сме истренирани и веднаш на почетокот кога почна Ив да раскажува за фамилијата знаев дека мунтосува.
Многу ми се допадна тоа што скоро и да не видовме претстава а веќе си имаш целосна слика што се дешава во театарот и како Марго е божица во тој свет...
И ова е првиот филм што го гледам со Мерлин Монро :D пичка и пол у пм
Ја па и поверував, сериозно. Коа ќе и ја видев таа невина фаца и ја и паднав на манипулациите. :toe:
Сепак најдоброто нешто што го имаше Ив за да стане успешна беше тоа што знаеше да глуми пред луѓето во нејзиниот приватен живот. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.649
Поени од реакции
13.112
Се приклучувам и јас. Сепак во 2 недели е сосема доволно да изгледам еден предлог, секако со рецензија од неколку реченици.
За предложување филмови од друга страна ќе апстинирам.
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665
Дијалозите во филмот беа врвот, ги комплетираа ликовите до крај. Те внесуваат и не те пуштаат.

Иначе Марго не глуми, шо зборите. :D
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Го изгледав и јас. Одлична препорака. Филмов на крај ни носи интересни прашања за животот, добра животна лекција. Баш ко за да се гледа у периодов на моиве години. Филм за театрот, а театрот го сакам премногу и секогаш сакам да знам како е зад сцената, как се спремаат премиери и све тоа. Па уште коа сфатив дека целото дејствие ќе се движи околу театрот и животот на артист тогаш ми легна филмов убаво.

Ликовите беа предбро обработени, следени со одлична глума. Посебно Бет Дејвис која го глумеше ликот на Марго ми освои со својата глума.

Комедијата во филмот не ја ни осетив, дури сега коа го оценив на имдб забележав дека жанрот е драма - комедија, но далеку од комедија. Можеби имаше некои ситни елементи на комедија на почетокот кога Ев беше штотуку внесена во театрот. Незнам, можеби не ја забележав комичноста бидејќи не ја очекував.

И што напраи Ев на крајот? Се задоволи со тоа што го сакаше но почна да ги губи своите пријатели и полека да останува сама. На крајот се појави „нова ев„ и после неа ќе се појавуваат нови и нови. Не треба да се поседнува по нешто туѓо, да се посакува тоа да се добие со измами. Тоа е пораката која ја носи филмов според мене. Треба да се прифатиме да бидеме какви што навистина сме створени.

Се на се, кристална десетка е филмов. Одлично отварање на клубов.
 
Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.445
Поени од реакции
5.445
И јас прв пат гледав толку стар филм и интересно е да се види од денешно гледиште. Филм кој се базира на одлична глума, обработени ликови, длабоки дијалози, шармантни глумици кои заведуваа без голотијата во денешните филмови. За дејствието и тоа беше интересно и не беше предвидливо, дури кога ја испрашуваше новинарот за семејството почнав да се сомневам дека Ив лажи. Се на се одличен филм, зимава ќе се изгледаат многу класици.
 
G

grande-juve

Гостин
Прво, мило ми е што скоро на сите до сега што го гледале им се допаднал филмов, се надевам и на другите. Уште помило ми е што еве некои членови првпат глеале "стар" филм и им отворил апетит и за други. Искрено затоа и го предложив, уште од одма знаев дека ќе биде црно-бел, само требаше внимателно да одберам некој "за сите вкусови" :P. Крајната цел, да им стане на сите јасно дека еден филм нема години(или било кои други предрасуди), еден филм е или добар или лош.

Сеа за филмот. Денес го гледав по четврти пат, и секој пат делуе свежо, и секој пат гравитационата сила му е иста, те вовлекуе целосно од почеток до крај. Тоа е карактеристика на ремек дело. Друга карактеристика се поентите на филмот(кои веќе ги напишавте), преставени се јасно, на отворено, и пак имаат огромен импакт врз гледачот.
Уште една карактеристика се техничките детали: режијата, сценариото, глумата.. сите на врвно ниво.
Посебно се издвојуваат Бет Дејвис и Ен Бакстер. Бет Дејвис како Марго, кралицата на театарот, обожавана од сите, малку разгалена, многу исплашена од Ив(за која не одма, ама брзо сфаќа дека и е закана по се што и е мило), ама на крај, сепак, Марго е со добро срце. Сето тоа одглумено перфектно.
Од другата страна ја имаме Ен Бакстер како Ив, исто перфектно одглумен карактер, може и малку покомплексен. Глумењето невиност, суптилните знаци на опсесивност(од славата, аплаузот) на граница со лудило, за на крај да ја видиме во целата своја злоба, се тоа е апсолутно совршено одиграно од Бакстер.

На крај, Марго можеби не добива награда, ама добива сопруг, и си ги задржува пријателите. Ив, од друга страна, добива награда, но и самата знае дека добива и осаменост, презир, маж со кој си се заслужуваат во расипаниот новинар ДеВит(исто одлично одглумен), и на крај, добива нова Ив, од која порано или подоцна ќе си го добие заслужениот нож во грб.

10/10

Ау да бе отпосле ми текна дека Карен напраи со резервоарот. А зашо па Карен го направи тоа со резервоарот?
Еве и овој дечко прашувал.
Пак не ми е целосно јасно ама ај нема везе.
Една сцена пред тоа самата Карен кажува, затоа што дошло време некој да и го дотера умот, али не го праи тоа злонамерно и се надева дека отпосле и Марго ќе се смее на тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom