FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
The Incident (1967)

Повеќе различни секојдневни стереотипни ликови кои ќе се најдат на исто време во исто место, а тоа е ноќното метро до централната станица. Ќе ја имаат таа несреќа да бидат малтретирани од двајца силеџии. Поентата е дека просечниот лик не сака да се меша во вакви незгодни ситуации и си ја гледа својата работа по секоја цена и заради тоа силеџиите успеваат во своето. Да биде пораката уште понагласена, единствено повредениот војник на крајот им се спротивставува.

Одлична глума на главниот антагонист, дијалозите исто така. Но не знам што повеќе ме иритираше, дали однесувањето на главниот лик или незаинтересираноста на сите да се здружат и да му покажат каде е местото. А ги имаше и повеќе од доволно.

Поголемиот дел од филмот се одвиваше во тој еден вагон. Страшно е тешко да се направи тензична сцена во еден простор. Режисерот успеа во тоа, иако предолго траеше тоа патување, особено последните неколку станици. Одлична режија, што не е случај со техничките делови, очигледно работеле со мал буџет и доста импровизации. Имаше и пар несреќно вметнати инсерти. Се на се, задоволителен филм и после половина век актуелен како со проблематиката што ја обработува, така и со начинот.

7/10
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
The Incident

Па мислам дека Џофри нема толку punchable фаце како овој. Уште тоа бекенбардите, абе влакно по влакно да му кинеш и да уживаш додека го гледаш како вришти.
Не знам кој пиша погоре, при крајот веќе не знаев дали повеќе ме нервира он, дали Тони шмекерот, дали овој професорот со цвикерите, дали Мартин Шин шо беше најдебилниот sidekick у историјата, дали војникот, дали таткото...
На крај излезе дека сите њујорчани си се навикнати на овакви работи и знаат да ги преќутат и едноставно да не се замараат (не само они, сите сме такви) и на крај требаше типче од Оклахома да стане и да ја спаси цела ситуација.
Супер филм, обожавам овакви фимови кои поголемиот дел се сместени на едно место со само неколку глумц, ако успеат да направат тензична атмосфера или да има одличен дијалог (The Man from Earth, The Cube, 12 Angry Men) сите ми се со 7+ оценка.

8/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Читав за сторијава во Београд. И така наапан решив да го пуштам. Баш право време. Ефектот беше уште посилен.

Единствена замерка што можам да му дадам е некако предолгиот вовед во истиот, за разлика од заплетот и расплетот. Како да сакав да трае повеќе малтретирањево на силеџииве, па и да премине во нешто повеќе додека некој не се реши да се спротистави. Но, и овака беше одлично доловена пораката. Глумата исто така беше одлична, атмосферата тензична, ти поигрува со емоциите и ти ствара некој негативен набој кој те тера на гадење од целокупното човештво.

Доказ дека не е потребен голем буџет, доколку идејата е правилно спроведена. Во поновиве филмови со слична или иста тематика, скоро секогаш се наоѓа некој "јунак" уште од самиот почеток кој прави нереални нешта за да спаси воз, авион, автобус, град...
Овде, недостатокот на таква личност, го прави овој филм посебен, реалистичен и суров.

Одлично, одлично. (y)

8.5
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Во поновиве филмови со слична или иста тематика, скоро секогаш се наоѓа некој "јунак" уште од самиот почеток кој прави нереални нешта за да спаси воз, авион, автобус, град...
Фалеше некој ваков во вагонот: :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.795
Поени од реакции
33.611
Ау, @whatto , друже, од кај го откопа филмов, жити мене? :cuc: Значи толку различен впечаток на почеток и крај на еден филм сум немал никогаш. По првиот пола саат, единственото нешто за што размислував е како да ти соопштам дека ќе му дадам 2/10, а тоа да не звучи многу болно, а на крај испадна филмиште на кое му репнав една огромна 9/10. Не е 10/10 само заради тие првите 30-тина минути кои беа предосадни и непотребно долги. Значи сте си кажале убаво се погоре, не знам што би дополнил. Сум се нашол во слични ситуации (иако по ова што го видов во филмот, смешно е да кажам дека сум се нашол во слична ситуација, зашто тие слични ситуации се мачкина кашлица во споредба со ова), и знам дека пореален приказ не би можело да има. Во сите случаи, и во реалноста, верувајте дека никој нема со прст да мрдне, и кај нас, не само во Њујорк. Дури ни јас. Дефинитивно поантипатичен лик од овој не сум гледал на филм, се радував ко мало дете ко му ја смачка фацата Феликс. А од патниците, мене најмногу ме нервираше тоа типчето со девојката - се праи мачо мен, а кога дојде овој да му ја пипка девојката, глас не изусти. Педерче прва класа. Инаку, до некаде ги разбирам, сите до еден: на некој начин филмов ме потсетува на приказната за таткото кој им дал на синовите да скршат еден сноп прачки - врзани, никој не успеал да ги скрши, но еден од синовите ги одврзал и ги искршил сите прачки, една по една - е па овде патниците беа прачки, одврзани, никогаш споени како сноп. Скоро секој од нив се спротивстави на силеџиите, но притоа никој друг не стана да му помогне на тој кој се спротивставува и во секој случај соодносот беше еден (или двајца послаби) наспрема двајца. Многу поенти можат да се извлечат од филмов. За мерак е! :bravobe: @whatto
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.795
Поени од реакции
33.611
И конечно успеав да сумирам за Murder by Death - осуммина го гледаа и му дадоа средна оценка 7,6 која е втора највисока во кругот. Го испуштија или не пишаа ништо: @Хоуп (својот???), @Gazpapir - прв филм и @wot и @Patience - трет филм, за жал, @wot пак, по којзнае кој пат, а @Patience за прв пат добиваат црвени картони и не се дел од клубот додека не се одлучат да ни се вратат (да изгледаат еден од последните 3).

За The Incident останува само уште еден ден. Затоа потсетување, по неделниот ручек (или пред него, кој како ќе ја нареди) да го ѕирнете: @Corvus , @grande-juve , @Хоуп , @whatto и @Gazpapir !
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Само што забележав - The Incident ми е 1500-тиот гледан филм во животот.
Јас мислев дека сум многу блиску кон 1000-тиот
upload_2018-10-28_8-14-17.png

Ама уствари ова Your Ratings ги рачуна и сериине шо сум ги рејтал на ИМДБ
и у филмови уствари сум до
upload_2018-10-28_8-15-20.png
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.478
Поени од реакции
7.288
Ги глеав дента коа снема кајгана и сеа на кратко со малку избледено сеќавање..

Инцидентот

Генерално го делам мислењето со оние на кои им се допадна. Многу реално делува и за денешно време у контекс на истапување, храброст, превземање на работите во свои раце, а наспроти тоа имаме трпење, вртење на глава и несплотеност.. Така да темата на филмов многу ми се свиѓаше и си беше супер доловена.
Плус доста јако ми беше сценариото и дијалозите, сетингот, а поготово врвната глума од целокупниот каст, инаку филмското деби на Мартин Шин.
Може 2-3 сцени беа развлечени и вишок, ама севкупно супер си возеше вагонов и ја го дочекуем на станица број 8/10

Far from heaven

Второ гледање, првиот пат поише уживав, сеа малку осетив генеричност во првиот дел на филмот али малку и не сметаше толку, пак уживав во есенската сценограгија полна со бои, Џулијанчето си беше многу елегантно и убао, севкупно доста солидна мелодрама за живеење во лага и забранета и неостварена љубов.. 7,5/10
[DOUBLEPOST=1540761805][/DOUBLEPOST]
Дека џандариве одма му се ставија на црнецот xD
И ја прснав на ова :D
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Изглеа само мене не ми се допадна филмов. А и не е некое изненадување што не ми се допадна со оглед на тоа што имам на неколку наврати спомнато дека не сакам feelbad филмови. Овој беше well, дефиниција за feelbad и уопште не уживав додека го гледав, без разлика што беше реална слика за човечката кукавичка и слабачка природа. Премногу беше глупо тоа што сите им се спротивставуваа на овие еден по еден, ама ок кога не би било така немаше да има филм [insert roll credits meme here]. Генерално ги презирав 90% од ликовите особено машките и не го кажувам ова како некаква феминаци или нешто слично ама тбх па со што реално овде беше оправдан епитетот ПОСИЛЕН ПОЛ? Со наведната глава и ќутење ко пичка? Ништо чудно што жената на професорот се исфрустрира од неговата неспособност на секое поле во животот па и на ова. И што беше со црнецот, нели ќе убиваше белци, еве што не ги уби? Или ПОСИЛЕН важи само за кога треба да се расфрла тој епитет пред послабите? А другар му на Феликс, така ли сме војници, со немо посматрање на неправди врз невини жртви?
За антагонистиве воопшто не сакам ни да дискутирам, ни да спомнам дека мојот апетит за поетска правда беше изгладнет до самиот крај. Заслужија многу полошо, заслужија со тоа ножето што го мафтаа цел филм да им се изрезбаат по фаца иницијалите на сите присутни во вагонот и да си се шетаат така цел живот жигосани, за ум.
Како и да е, јасно ми е дека се ова е дел од пораката на филмот, и ако сакате некогаш да се осеќате како на филм, ноќна 57ца ви е секогаш на располагање да се осеќате лошо, беспомошно и понижено.

Филмов 6/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Off topic


(слободно премотајте го до 1:50 за да го прескокните делот кај што ги испраќаат со потурање вода за аирлија, и да премините директно на акцијата)

(без гледање на видеото,џабе ги читате коментарите)

Прегледај го приврзокот 198810

Прегледај го приврзокот 198811

Прегледај го приврзокот 198812

Прегледај го приврзокот 198813

Прегледај го приврзокот 198814

Прегледај го приврзокот 198815

Прегледај го приврзокот 198816

Видеово ме потсети на оној филмот, Four Lions (2010), @Anon што го предложи во клубов пред некое време. Овие и irl биле комедии тешки. :pos:
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
The Incident

Од дното на душата ги мразам, воедно и ги обожавам што ме натераа така да се чуствувам. Претешко е. Ми беше ептен obvious текот на филмот и само заради тоа не би ставил повеќе од 8/10. Мене па баш ми се допаѓаше тоа што првите 30 минути колку и да беа, се запознававме со ликовите. И некако се слеа тоа во возот. Рака на срце сите ликови ме нервираа во филмов. Двајца vs 8 мажи...Али океј, спотлајтот во филмот беше кукавичноста. И кажа некој погоре, не знам што повеќе ме иритира, овие опашиве двајца или слабачката природа на луѓето.

ако сакате некогаш да се осеќате како на филм, ноќна 57ца ви е секогаш на располагање да се осеќате лошо, беспомошно и понижено.
Што има толку лошо во Нерези :D

Дека џандариве одма му се ставија на црнецот xD
:pos:


Не можев на време да пишам па сега ќе пробам од тоа што се сеќавам. Филмот ко филм ми беше онака, чил. Не ме интересираше мистеријава, ни па ме задра твистов, ама ми беше забавен за гледање. Се осеќав ко да гледам некоја приказна од светот на бајките.

6/10


Дојде редот да го презентирам 75-тиот филм. Може познат на повеќето оти веќе го спомнав пред да одам за Германија. Нема да си го сменам мислењето. 75 филм е

Stuart: A Life Backwards

Зошто баш филмов? Затоа што верувам дека заслужува многу повеќе гледаност од таа што ја има ( ќе пропадне во вода ова ако го имате гледано :D ) . Според мене, почетоците на Том Харди се тука. Се работи за драма, за вистинска приказна базирана на книга со истиот наслов.
Не ме бива за презентирање...



Многу повеќе ќе пишам во мојата рецензија за филмот, се разбира. :)




 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Ја го имам гледано само,и некој бошко го ставил на вачлист.:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom