FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Titanic заврши со 11 гледања и средна оценка 8.1. Јас не успеав да го изгледам во терминот, предолго се симнуваше, но затоа го чувам за во вторник. Оценка и коментар - тогаш.

Го испуштија (освен јас): @Corvus и @Вокерка@Zarniwoop , ок, ама него не го сметаме оти на мобилен гледа филмови. :neetaka:).

Следен за предложување е @Goodfella . Ви најави дека ќе биде експеримент, мене ми најави дека нема да може да го презентира во понеделник, поради обврски, па затоа еве јас ќе преземам неговата улога. Станува збор за филм каков не сме имале досега во клубот, и за што веројатно повеќето ќе бидат разочарани (не знам зошто, но таков впечаток имам). @Goodfella се одлучи, и покрај промената кон нешто што го гледаме прв пат тука, за старата тактика - стар филм/класик. Разликата, овојпат, е што станува збор за НЕМ филм. Еве што подетално тој има да ви каже:

@wot бараше интересен круг, ете му - од интересно, поинтересно. Јас искрено, не обожувам многу неми филмови, не затоа што не ми се допаѓаат, напротив, сум гледал вистински ремек дела, туку затоа што бараат од мене дополнителен напор, поголема концентрација од скоро било кој рандом звучен. Но се надевам дека ќе имам бар еден таков ден во кој ќе успеам да ја доведам мојата концентрација на нивото потребно за да уживам во City Lights. И се надевам дека ќе уживам! А и вие. ;) Барем знаете дека @Goodfella досега не потфрлил.

@wot - Film Club (City Lights, 21.08-03.09)

Прегледај го приврзокот 176014

П.С. Ова воедно е и најстариот филм кој сме го гледале во клубов
Таманка.
Мене ми одговара, го имам на приоритетна листа и онака, само што не планирав да го гледам него сега, туку друг, ајде ќе го протнам преку ред... ocd малку ме подјебава, ама ае... I'll live.
Злате, твојов во терминот на Гудфела, нема да се лути ваљда, касно се вратив денес немав време да го пуштам.
 
Член од
1 декември 2010
Мислења
1.294
Поени од реакции
2.781
Си земам од сонот малце, фала до Злате, стварно ептен ќе немам време утре, само колку да ѕирнам шо се дешава овде чат-пат... јас скоро го репризирав, па нема пак да го гледам, а дали и ќе имам време... катастрофа сум овој месец со само 3 филмови за 21 ден... многу поубаво ми е кога сум без живот и гледам по 50 филмови у месец..
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Јас ќе бидам отсутен следниве две недели, така да злате не ме прозивај во последните три дена :)

Браво за изборот, веќе некое време се спремам да направам една ретроспектива на немите комедии, па можеби филмов ќе ме испровоцира да го остварам планот.

„Светлата на велеградот“ го имам гледано пред многу години, но ќе го гледам повторно кога ќе се вратам и тогаш ќе напишам.

А сите кои имате отпор кон црно-бели, стари или неми филмови, не се колебајте, дајте му шанса, нема да зажалите.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.795
Поени од реакции
33.611
Пред да почнете со City Lights, го репризирав и јас Titanic. Магично искуство! 20 години, а нема изгубено ни влакно од целата помпезност околу него. Titanic бродот може го сметале за unsinkable, но Titanic филмов е дефинитивно unsinkable! Еве, дај боже да бидеме сите здрави, живи, па во 2037 да го гледаме пак, ќе видите дека пак ќе биде ремек делото кое го памтиме од мали. Дури, јас одлучив и да му дадам оценка повеќе од таа со која првично го имав оценето, па сега наместо 9 има 10 од мене, не само затоа што ја видов повторно големината на филмов, туку и затоа што ептен удри на моите емоции, па така ме наежи, ме насолзи и ме насмеа, и со содржината, и со тоа што ми беше вистински времеплов кон 1997, па ме фати и некоја носталгија. Во секој случај, ова беше прекрасно сентиментално искуство, браво за дечкото што го предложи. :P

За филмот нема што да додадам, кажавме многу, сите. Ова беше само за моето вечерашно доживување. ;)
 
Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.430
Поени од реакции
9.340
City Lights

Да ве испоштувам пошто од утре ми се дешава малце живот, Милан ми доаѓа, па следната недела ќе собирам впечатоци и ќе складирам спомени од за мене ептен битен момент, па еве збор два за филмов... :P

Orson Welles изјавил дека ова му е омилениот филм, Stanley Kubrick и Andrej Tarkovski дека им е во топ 5 омилени филмови, Federico Fellini од тука црпел инспирација за The Nights of Cabiria, Woody Allen го пофалил како најдобар филм на Чаплин и која сум јас да да кажам било што за филмов.

Срам ми е да забегам со критики, затоа што Чаплин е институција. Фабрика за пантомима која произвеудува цел свет чувства.Тој и сите тие акери во добата на немите филмови. И не можам да кажам ништо што инаку слободно би кажала за некој друг филм. Која умешност, без зборови да кажеш толку многу работи.

Имаше еден друг филм каде филмот не ми беше ништо посебно а го оценив со 9, така ми е тука, не се осеќам доволно вредна за да плукам по филмските класици ко овој, ете можам да кажам само нешто ко повеќе ми беше романса меѓу него и пријателот него со девојкава, имаше некои непријатни моменти како кога го масираа меѓу нозе додека се боксуваше, првиот дел не ми даваше да се заинтересирам воопшто, ама втор дел понатаму си беше ок, забавно интересно, видов малце од она што го кажале многу луѓе за филмов, ама недоволно за да го сместам во омилени. Сепак, почит за се она што претставува, жал ми е што не сме се осеќале исто со сите оние што црпеле инспирација од тука за да ги создадат филмовите што денес јас многу ги сакам. 8/10

*Крајот требаше да биде трагичен или среќен? : ))
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Го изгледав јас Титаник конечно
И не знам што да кажам повеќе од тоа што е до сега напишано.
Ај на кратко, од технички аспект е мастерпис, од музика па преку сценографија, до камера е нешто извонредно, додека приказната и должината ми беа кошмар. Прво, интрото од пола саат е премногу, а и се на се 3 саати за филм што самиот се стреми кон романтична драма е way too much. Главната приказна линеарна, монотона, и многу некреативна, јас во основа не сакам вакви еднодимензионални филмови што влегуваат во групата на големи филмови, а овој не само што е голем туку е огромен, а сепак нема што многу да понуди освен трагична љубовна приказна и материјал за мемиња.

Сепак, му дадов 7/10 зашто визуелно е многу убав, а и другите технички аспекти придонесуваат филмот да биде enjoyable.

Се читаме за City Lights :*
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698

Кој твист го имаш у постов хахах. Читам само убави работи и мислев ќе биде ко 90% од луѓево тука арно ама...
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Скептик бев. Не знам зошто ама мислев дека ќе ми биде досаден...кааааааадее бееее.

Невозможно нешто.Преубаво нешто. Преемотивно нешто. Музиката човече...не ме остави на момент да не уживам.

- Глумата е врвна! Потезите на сите до еден во филмов...ја немам гледано филм со поприродни а воедно и поретардирани потези. Во првите 30 мин. од филмот Хари Мајерс ( милионерот ) краде шоуто на Чарли , пресмешен ми беше и коа ќе го гледате за тие што го немаат уште гледано САМО приметете го!!! Знам дека сите ќе бидете заљубени во Чарли и неговиот мастер-пис али само погледнете го и Хари малце повеќе! Два пати ги изгледав првите 30 мин. Еднаш го следев само Чарли еднаш само Хари (хахахах ).

Дефинитивно омилена сцена! Само погледнете ги потезите на сите луѓе . Ја просто не ни знам како е ова глумено да биде волку природно и мислам дека не ни се катнуеле сцениве него од прва како ќе испадне така...

5.23 мин. Како објаснете ми може да се изигра денсов или тепањево што и да е , многу неартикулисани движење ми прават

И за крај да,
Колку само тензична и емотивна беше сценава тоа е чудо некое!! Плачев ко бебе кога го допра за рацете. :oops::oops::oops::oops::oops::oops::oops::oops::oops::oops::oops::oops::oops:

Ма многу лесно се оценува филмов 10/10. Фала ти Гудфела иако го знаев ама ко што реков бев скептик и ми требаше само подбутнување.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.795
Поени од реакции
33.611
Убав, стварно убав City Lights. Совршена комбинација на комедија и романса. Ова е веројатно таткото на современите романтични комедии, но тешко дека било која од нив му се има приближено по квалитет. На некои сцени буквално се изнасмеав на глас, но некои од комичните сцени ми делуваа по малку lame, или не-од-ова-време, или некако претерано гротескни, со многу хипербола во нив, и ко да ми се губеше реалистичноста. Убаво рече @Хоуп - малку е без везе да наоѓаш замерки на една величина од филм како овој, но сите сме луѓе, а нели, за вкусовите не се расправа. Плус, верувам дека ако земеш да го анализираш дел по дел во контекст на тоа време и неколку децении потоа, може и му нема рамен, но од денешна перспектива не може човек а да премолчи некои работи. Не знам, тоа е барем мое мислење, убијте ме ако мислите дека грешам. Нејсе. Тоа е само како да барам влакно во јајцето за да ја оправдам оценката која му ја дадов, 8/10. Оценката, која btw, исто го опишува како одличен филм. ;) Во секој случај, експериментот на @Goodfella успешен, и и третиот класик кој го одбра е одличен избор, и за разбивање монотонија, и за да го продолжи трендот на предложување оригинални / филмови поразлични од драмите од вториот круг, во третиов круг.

@Anon , @devilko , @Goodfella , @wot , moongoses (без таг :P) , @Corvus , @Донев , @Вокерка , @dejan_k , @Толстој - што чекате вие, да помине летово?

@Gazpapir - во темава не мораш ама буквално ништо да ставаш во спојлер. Секој кој не го гледал филмот кој е во тек, на сопствен ризик ја отвора и чита коментари. Spoiler free сме. ;)
 
:backa:
Јас го пуштив вчера и ми беше заебан торентот, па додека го пресимнам го изгледав Laura, голема препорака, одличен!
Ќе го изгледам утре City Lights.

Also, земав 10 Микробиологија, yay for me!:гик::X3:
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.945
Убав, стварно убав City Lights. Совршена комбинација на комедија и романса. Ова е веројатно таткото на современите романтични комедии, но тешко дека било која од нив му се има приближено по квалитет. На некои сцени буквално се изнасмеав на глас, но некои од комичните сцени ми делуваа по малку lame, или не-од-ова-време, или некако претерано гротескни, со многу хипербола во нив, и ко да ми се губеше реалистичноста. Убаво рече @Хоуп - малку е без везе да наоѓаш замерки на една величина од филм како овој, но сите сме луѓе, а нели, за вкусовите не се расправа. Плус, верувам дека ако земеш да го анализираш дел по дел во контекст на тоа време и неколку децении потоа, може и му нема рамен, но од денешна перспектива не може човек а да премолчи некои работи. Не знам, тоа е барем мое мислење, убијте ме ако мислите дека грешам. Нејсе. Тоа е само како да барам влакно во јајцето за да ја оправдам оценката која му ја дадов, 8/10. Оценката, која btw, исто го опишува како одличен филм. ;) Во секој случај, експериментот на @Goodfella успешен, и и третиот класик кој го одбра е одличен избор, и за разбивање монотонија, и за да го продолжи трендот на предложување оригинални / филмови поразлични од драмите од вториот круг, во третиов круг.

@Anon , @devilko , @Goodfella , @wot , moongoses (без таг :P) , @Corvus , @Донев , @Вокерка , @dejan_k , @Толстој - што чекате вие, да помине летово?

@Gazpapir - во темава не мораш ама буквално ништо да ставаш во спојлер. Секој кој не го гледал филмот кој е во тек, на сопствен ризик ја отвора и чита коментари. Spoiler free сме. ;)
Јас го имам до сега гледано неколку пати. Ќе го репризирам, ама тоа ќе биде најверојатно по истекот на рокот. До тогаш сум зафатен. Од мене има 7,5.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Ехее јас каснам ептен а? Ај да го наполнам телефонот вечер и ќе изгледам 3 филмови. Овој City Lights гледан ми е, интересен филм, браво за предлогот. А не ко @Zlatikevichius тука ми дава Титаник да го гледам. Само секс сцената ја глеам и гасам бе.:D
Се заебавам бе ќе го изгледам. :(
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Ехее јас каснам ептен а? Ај да го наполнам телефонот вечер и ќе изгледам 3 филмови. Овој City Lights гледан ми е, интересен филм, браво за предлогот. А не ко @Zlatikevichius тука ми дава Титаник да го гледам. Само секс сцената ја глеам и гасам бе.:D
Се заебавам бе ќе го изгледам. :(
big cell phone.JPG
 
Kajgana Shop

На врв Bottom