Гледам многумина имаат проблем со играње на играва преку тастатура. И јас не можев да ги подесам како што сакам контролите на тастатура од проста причина што не знаев ни кои се default дугмиња на тастатурата.
Проблемот го решив со виртуелен џојстик/гејмпад со програмчето PPJoy (Keyboard to Virtual Joystick), при старт на играта може да се исклучи влезот од тастатурата на F2 за да немаат влијание и тастатурата и виртуелниот гејмпад истовремено, па направив Custom контроли: ги подесив контролите на Alternate со legacy namesto tactical defending и направив некои размени во контролите за sprint i pace да ми бидат на E и C. Сега контролите ми се оние стандардни [за мене]:
А - шут, S - подавање, D - нафрлување, W - пас во празно, Е - спринт, C - pace, Q - player run, Z - finesse shot modifier & etc...
Ако некому треба да види како треба да изгледаат контролите во PPJoy може да се ориентирате според сликата подоле:
при што ќе се добијат следниве контроли
xbox/ playstation - тастатура
A / X - S
B / O - D
Y /
▲ - W
X /
- A
RB / R1 - E
RT / R2 - C
LB / L1 - Q
LT / L2 - Z
Select & Start мене ми се на V односно B, нормално имате слобода да ги подесите како што сакате ова се мои подесувања на кои сум највеќе навикнат.
Можеби за некого ова е комплициран процес, но за тие што играат на тастатура може да биде од корист.