Некои сакаат повеќе
cock-
tail, други не. Прашање на вкус е тука. Можеби женственоста ја сфаќаат во стил на "Појадок кај Тифани". Мене тоа ми е прва асоцијација на женственост. Замисли дека таа женственост ја доловува отворен педер (Труман).

Треба да се прочита книгата, ама ја немаа во Антолог.
Друга асоцијација за женственост ми е од филмот "Небото може да почека" од 1943 год.
... кога веќе се фативме за алкохол во контекс на темава за поврзаноста на рамноправност на жената со мажот, ете ни јас не пијам ниту ти? прашање зошто не пиеме? зошто би биле поинакви од другите, јас од женска страна, а ти од мушка?
...конкретно алкохолот (има клинички студии) за оправданоста на конзумирање во мали количини кога ни треба „оправдано релаксирање“ најчесто при забави кога има, нели, многу познати, но и непознати за полесно опуштање, жените да бидат посмели, позборлести, поопуштени, полуди, со еден збор да направат нешто што не би направиле во обичен ден и толку,
...алкохолот кај мажот веќе има друг размер на примена, не само за секојдневно релаксирање како потреба, туку тоа е еден вид маркер на мушкост, мачо чувство што секојдневно треба да го доживува и самиот и да го пренесе на околината,
...или тој промил на алкохол кај мажот овозможува да го каже тоа што не може да го каже без алкохол, да се доближи до женската, да и предложи љубовна игра, што тоа не би го направил да нема барем малку алкохол во него, затоа што карактерот на истиот е таков, можеби не се снаоѓа со говорни способности, сексуални предлози и игри, присутната несигурност што не смее жената ни во ниеден момент да ја примети, ако сака да ја освои, жената нема такви проблеми и затоа кај неа нема потреба од секојдневно конзумирање освен на забави, а тоа ако пред ручек со мажот пијат алкохол заедно е само правење друштво на мушката навика!
... тие што не пијат, немаат потреба од релаксирање нит во друштво нит на забава, нит за да се ослободат и да бидат позборлести едноставно тие се исти во карактер во секоја ситуација и внесот на алкохол само ќе ги успие или ќе ги заќути, спротивно од другите,
... алкохолот ја дава вистината како слика за природна нерамноправност на мажот и жената во негово конзумирање, некому „личи“ како мажот што репер за машкост...жената не ја личи освен во исклучителни случаеви што ги кажав,
Супер. Сега веќе можеш да отвориш една тема за мене на форумов, па пишувај колку сум нестручна, емоционално лабилна, неморална и недама.
А, кога веќе спомна ДАМА...
Почитувана Бијонс, дамата се раѓа! Домашното воспитување, манирите, правила на однесување, сето тоа се учи. Но, тоа што не се учи е харизмата, племенитоста и сензуалноста на жената! Значи, дама дури и кога пие пиво е ДАМА. Говорот на телото, погледот, широката насмевка, внатрешната енергија со која зрачи ја прават дамата, ДАМА.
Трач рубрика и работи од типот дали на првиот дејт да пијам пиво или вино за да изгледам сериозно во неговите очи, не ја прават жената дама, туку начинот на кој што размислува, нејзините погледи, сфаќања и животни ставови.
...и ти не знаеш што сакаш, од една страна ме цитираш, од друга страна “„ се жалиш“ што те цитирам, ако не одговорам ќе испаднам „его до плафон“, ако одговорам, зошто одговорив, нит се тераш нит се водиш, а реков дека ќе те игнорирам , ама ај форум е ова да попуштам во интерес на разменување на мислење, ама не иде изгледа ...а имаше шанса да станеш поинаква Ти со мене, ама остануваш старата...повели, јас се откажувам од тебе!