Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.998
Има машки и женски професии. Причината е тоа што во некои има забрана за вработување на жени поради нејзината биолошка функција/природа, како вработување во рудници или работи под вода. Жената денес во многу области е заштитена со минимален процент каде мора да биде застапена со тие професии, како што е полицијата или пак парламентот, а никој не зборува колку жената во однос на мажот е активна во тие политички партии. Треба да се гледа целосниот профил на личност (карактер+искуство и знаење), а не врз база на тоа кој пол е. Во тие професии, сега повторно ќе има оглас за вработување на полицајци, од жените се бара помала физичка спремност, а доказ е тоа дека тие не треба да направат исто склекови или стомачни (тоа е цел тест за физичка спремност) колку и мажите.Токму тоа беше поентата на сите мои постови. Јас никаде не кажав дека ние денес не уживаме никакви права, туку бев испровоцирана од женски коментари од типот на поделби на машка и женска професија (под дифолт, т.н. женски професии се послабо платени), жените смеат да плачат, а мажите не, мажите се мускулести и силни, а жените се слабаци. И се додека е тоа присутно, феминизмот е потребен. Во иднина? Да се искоренат ваквите сфаќања, да се заштитат жените во сите сфери на општеството. Искрено, немам многу време за да пишувам на долго и на широко. Меѓутоа и те како сме сведоци на родови дискриминации и сексуализација на жените во секојдневниот живот. Како нешто што беше поактуелно во последно време, ќе го издвојам случајот "јавна соба" . Или заборавивте?
А џендермаркетинг? Зошто не постојат полово неутрални играчки? Зошто уште како девојчиња и момчиња децата ги воведуваат во родови улоги? Зошто на машкото дете не му купуваат кукла? Па и тоа дете треба утре да има татковски инстинкт.
А тоа што зборев за традициите....нееднаквоста меѓу мажите и жените има долга традиција и како таква вредно е да се спомене, за да се стави акцент на напредокот кој што се постигнал низ годините во однос на оваа тема. Уште Аристотел сметал дека жената е дефицитарна во однос на мажот, дека е деформација на природата и треба да служи како машина за расплодување. Дека е супериорна само во домаќинството. Дискриминации имало и во западниот свет. Наука, религија, култура, сите сфери од општеството. Патријархатот и традицијата се соперници во остварувањето на женските права и како такви, ако не бидат споменати во темата "феминизам", каде би ги споменале? Ако не ги споменам Клара Цеткин, Роза Лулсембург и Александра Колонтаи на оваа тема, каде?
Сега во шивачката индустрија каде жените се застапени скоро 100%, платите се дно во однос на оние каде платите се целосно застапени мажите, па дури таму платите се 2-3 пати повисоки. Разликата се прави тука. Во јавниот сектор платите се горе-доле исти, големата разлика е во приватните сектори, а притоа имаш и забрана за дискриминација од ЗРО која го покрива ова подрачје. Сега зошто платите се поголеми? Прво профитабилноста е поголема во рударството, па потоа ризикот при работа и можноста за повреди при работа. Знаеш што пишува на окното на секој рудник?
Што со случајот "јавна соба"? Обвинителстовото води истражна постапка. Што сакаш повеќе?
Што е тоа родова дискриминација? Ако зборуваме за сексуализација, самите проститутки сакаат легализација и отворање на јавни куќи.
Куклата нема да ти направи родителски инстинкт. Види ти може сакаш бришење на сите филмови на Дизни, со кои сите ние пораснавме затоа што си видела сексуализација. Тој ја бацил додека таа спиела, ја спасил и покажал витешка храброст, таа чистела...Јас не ни размислувам за тие теми се додека не беа пласирани од некоја таму. Како дете сакав да видат како доброто го победува злото или правдата- неправдата во тие цртани. Апсолутно е глупаво да се бара од едно дете анализа на тој цртан филм. И сега кога бараат цензура, добиваат контра реакција и плачат.
Последен пасус. Да, се сложувам. Идеи на одредени жени не биде сфаќани сериозно затоа што биле давани од жени, пример континенталните плочи прво нешто што ми паѓа на ум. Тоа никој не го негира тука затоа што е историска хроника. Проблемот е и покрај позитивната дисриминација, модерниот феминизам тргнува против правото и општеството. Дали дава крајна идеја како тоа треба да изгледа? Башка кој закон ти би го поништила? Зошто? Што би забранила? Зошто? Како што реков, целта е глумење и презентирање на жената како жртва во модерното општество.
Јас сметав дека ќе ги споменеш и Елизабета I и Катерина Велика, како и Тачер. Императорки за кои се зборува дека при текот на нивното владеење како "златна ера" и Тачер која за многу работи беше во право и покажа одлучност како никој друг премиер на Британија после неа. Добро, ја имаш и Меркел која важи за најмоќна политичарка во Европа и е дно, не ја заштити Германија од наплив на имигранти и не ја заштити ЕУ за која цврсто се бори. Ама Германија е чинам најголема екомонија во ЕУ, што треба да добие кредити за екомонските политики.