Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
... еве ќе кажам „поголема глупост“, да се плаче со месеци по мушкото кое не’ напушти, а тој истиот солза да не пушти? каде е тука рамноправноста? зошто жената дозволува да „пати“ со месеци, години? зашто не ја зема таа состојба на рамноправност и да се однесува исто како мушкото и солза да не пушти и да иде напред, кога веќе сака да биде исто како него ни погоре ни подоле!
...зарем само во висина на плата и работно место се смета рамноправноста?
Очекувам дека твоето мислење ќе биде избришано. Ниско е тоа што ме чепкаш на ваква тема и се плеткаш кај што не ти е местото.
Јас во ниту еден момент не сум ти се замешала во твојот најтесен круг. Фамилија, маж, деца.

Начинот на кој што се обидуваш да ми контрираш ти е многу низок.
 
А дали исто така си летал и си пловел, Глоријан?
Со оглед на тоа дека сум прошетал на сите страни на светот...да, ги имам користено и овие превозни средства, не е страшно пробај.
 
Во секој случај дискриминацијата во однос на нето платата е евидентна.
Ednostavno, ne mozes vaka da gi grupiras site i da gi sporeduvas.
Ne moze direktor na vitaminka da go stavis zaedno so kasierka u vero.
Ete zemi pozicija kasierka so kasier. Ili rabotnik na lenta u fabrika. Policajka so policaec.

I ne pocnuvaj oti nema poveke direktori na firmi zeni. I tuka feminizmot nema da ti pomogne mnogu :)
 
Во врска со вработување барем кај нас сите врати се отворени за двата пола и ги уживаат сите права.
Баш така.. Ниру деца, ниту мајчинство ниту сопруг не те спречуваат да си ја оствариш амбицијата ако имаш материјал за напредок. Стереотипни мислења од типот морам да чувам деца и да готвам не сум рамноправна се извор на постоење на квази-феминсти. Гувернерка на НБРМ е мајка на три деца (исклучително посветена) со импресивно CV.
Муабетите за наследствата се поддеднакво глупи... Јас верувам дека постојат такви небулози во некои брдско-планински регии ама тоа нема врска со феминизам има врска со затуцаност и неписменост.
 
Ајде уште еднаш. Ќе се обидам натенане и на раат да си го образложам мислењето. Мада мислам дека е залудно потрошено време и верувам дека ќе ми биде последно мислење на темава.

Прво, јасно ми е дека мажите и жените се биолошки различни (жените раѓаат деца, дојат, имаат циклус, генерално се физички послабиот пол) и во ниту еден момент не мислев на таква еднаквост, дури и напоменав дека не зборувам за бришење на родовите улоги во таа смисла. Од медицински аспект, разлики постојат и во мозочната маса. Кај мажите доминира сивата, а кај жените бела меса. Понатаму, хормонска разлика, тестостеронот и естрогенот со причина се тука и влијаат на половите карактеристики кај мажот и жената. И тоа е причината за т.н. "женственост" односно "мажественост", кои сите на прв поглед ја забележуваме. Иако, не сакам да звучам површно, психологијата кога станува збор за женственоста кај жената и мажественоста кај мажот е многу подлабока. И ете, додека на некоја жена (како во случајот погоре) мажествено и е мажот да биде силен, да покажува мускули, да ја чува и заштитува, да и биде рамо за плачење, но никако да не плаче (затоа што тоа е само за жените), мене дефиницијата за мажественост ми е маж кој што знае што сака во животот, ги цени, сака и почитува жените и нивните права, маж кој ќе има доблест да ги искаже своите емоции, макар и оние тажните. Зошто на крајот на краиштата, во суштината на човековото постоење се емоциите и чувствата. И тоа, драга колешке Бијонс, нема никаква врска со рамноправноста на половите, туку со контролата на емоциите и нагоните.

Друга работа, кога велам економски, политички и социјални права, веќе кажав дека мислам на еднакви можности за вработување, плата, тргање настрана на стегите од 1900тите, кога жените му биле покорни на мажот. Всушност, кога ќе размислам, жените во тоа време стварно биле ЖЕНИШТА, во вистинска смисла на зборот. Замисли, мојата прабаба, чувала деца, чистела, се грижала за добикотот, работела на нивата, се грижела за домаќинството, појадок, ручек, вечера за мажот. А мажот? На работа, на пат и во кафана! И дали тоа го прави мажот МАЖ и СУПЕРИОРЕН ПОЛ во моите очи? НЕ.

Ако јас сум завршила факултет според еднакви критериуми како и мажот, зошто да бидам дискриминирана во однос на работа и плата? Квалификацијата и изборот треба да бидат реални и еднакви без разлика на полот.
Како што напредувам понатаму во кариерата, така треба да се вреднува и мојот труд. Ако мажот, се покажал далеку подобар, нема проблем.

Јасно ми е дека во одреден период на животот кога жената ќе сака да се оствари како мајка, кариерата е принудена да ја стави на пауза. Следствено на тоа, за сметка на тие година две пауза, мажот има далеку повеќе можности за напредок! И тоа е во ред. Јас како жена, имам мајчински инстинкт и спремна сум на тоа, за да се реализирам како мајка. Но, очекувам и сакам да имам еднаков третман со мажите чиишто квалификации ни се совпаѓаат.

Искрено, очекував дека барем дел од жените на форумот ќе ме поддржат. Но, не за џабе рекле "жена, на жена најголем непријател". Ама се додека синовите ги учите дека е срамота да плачат, а ќерките дека местото им е во кујна, да перат, пеглат и чистат за мажот, ако ви е! И токму ова, ја оправдува потребата од постоењето на фениминизмот како таков :).

Како заклучок, јас сум против радикален феминизам, еднаквост на жените и мажите во биолошка смисла и супериорност жените во однос на мажите. Јас сум ЗА еднаков третман и право на избор во општеството.
 
Ако јас сум завршила факултет според еднакви критериуми како и мажот, зошто да бидам дискриминирана во однос на работа и плата?
Каде има вакви случаеви? Јас не познавам жена која завршила факултет според еднакви критериуми и била дискриминирана во однос на плата и работа.
 
Каде има вакви случаеви? Јас не познавам жена која завршила факултет според еднакви критериуми и била дискриминирана во однос на плата и работа.
И тоа како ги има! Верувај, особено кај нас во Македонија и на Балканот. Ни сама не си свесна до кој степен оди балканскиот менталитет.

Нешто што скоро го слушнав од една познаничка. Сакала да се вработи како келнерка, плата 15 000. По игра на случајности, си нашла подобро платено работно место, а на ова претходното дошол маж. Плата? 17 000. Причината за тоа? Бакшишот кој ќе го заработи девојчето трепкајќи со очињата.

И со факултет има. Јас лично сум сведок на такви луѓе околу мене.
 
Ако велиш дека има, во ред. Јас никад не сум слушнала ниту видела сличен пример.
 
Да се зберат сите борци од темата и да отидат во Албанија со македонско знаме на колата или на облека!!!
Јас сум бил во Албанија со македонско знаме на маица.Па никому ништо.Проблемот е Арачиново или Грчрец да одиш со таква маица.Албанците во Албанија се далеку потолерантни од овдешните Качаци.
 
И тоа како ги има! Верувај, особено кај нас во Македонија и на Балканот. Ни сама не си свесна до кој степен оди балканскиот менталитет.

Нешто што скоро го слушнав од една познаничка. Сакала да се вработи како келнерка, плата 15 000. По игра на случајности, си нашла подобро платено работно место, а на ова претходното дошол маж. Плата? 17 000. Причината за тоа? Бакшишот кој ќе го заработи девојчето трепкајќи со очињата.

И со факултет има. Јас лично сум сведок на такви луѓе околу мене.
Поголем проблем со келнерките е што се третирани како проститутки од некој процент на клиенти. Затоа у принцип тешко се нафаќа фино девојче на таа работа. Она што ќе го најдеш е нешто што ќе си лакира нокти на работно место...ова е лично искуство.
 
Ако девојчево нема искуство и се појави искусен келнер, платата ќе му биде повисока сигурно. Келнерки третирани како проститутки можеби во Гостивар или слично, во Скопје е надминато како стереотип. Тие што лакираат нокти се посебна категорија и не се за тема феминизам.
 
И тоа како ги има! Верувај, особено кај нас во Македонија и на Балканот. Ни сама не си свесна до кој степен оди балканскиот менталитет.

Нешто што скоро го слушнав од една познаничка. Сакала да се вработи како келнерка, плата 15 000. По игра на случајности, си нашла подобро платено работно место, а на ова претходното дошол маж. Плата? 17 000. Причината за тоа? Бакшишот кој ќе го заработи девојчето трепкајќи со очињата.

И со факултет има. Јас лично сум сведок на такви луѓе околу мене.
А не викаш дека може не успеале да најдат за 15к, а им било итно и вториот се испазарил подобро?
 
Замисли, мојата прабаба, чувала деца, чистела, се грижала за добикотот, работела на нивата, се грижела за домаќинството, појадок, ручек, вечера за мажот. А мажот? На работа, на пат и во кафана! И дали тоа го прави мажот МАЖ и СУПЕРИОРЕН ПОЛ во моите очи? НЕ.
Odel na rabota??
Sram i jazk da mu e.
 
За ова со искажување емоции и плачење ... мислам дека ќе смените мислење ако ви се погоди некое лигле што се лигуши на секоја ситница, впрочем ко што многу жени прават и го користат тоа ко еден вид манипулација над мажите. Емоционалното уценување е многу честа појава.

Мене ми е мака искрено и другарки да слушам на какви работи се жалат понекогаш, зашто мислам дека немало кој да им каже дека животот не е фер, дека не треба да очекуваш било кој друг да заврши работа за тебе, дека не си центар на свет, дека не секоја ситница е за цмиздрење денес, итн. Јас пример обично еднаш месечно плачам, ради хормоните. Не викам дека сите треба така да прават, али ме нервира и машко и женско лигушење, кое се става под термин, абе ја морам да си ги искажам чувствата денес.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom