Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Според твојата логика треба да бидеш на строг пост цела недела.

Освен обидите да бидеш вицкаст и комичен, ништо паметно не кажа на темава. Побанално нешто од тоа нема. Затоа те игнорирам. :)

ОК, само немој во следниот пост да ги заборавиш делфините и светскиот мир.
 
Ај па и ти, ледено медено срце.
Никад нема да се откажам Берик, кога ќе смекшаш малце, ќе пиеме кафе на стара чаршија. :ljubove:

Напиши му нешто за пандите ако сакаш да го ќариш. He is big on that.
 
Знаеш...
Постојат мажи околу нас, на кои кога ќе му спомнеш феминизам и еднакви права одговараат со " правата никој не ви ги брани, ваше е да си ги земите ".
Е со такви мажи ми е ќејф да разговарам!

И од друга страна ги имаш примитивците кои се научени на робовладетелски начин на живот. И мажи и жени. Само и само општеството ги прави мажите и жените неспособни за живот.

Мое лично мислење е дека, луѓето треба да бидат еднакви, без разлика на пол, вера, раса. Прво и најважно е да бидеш човек, а потоа се друго.
Miss_Grand_International_2015_Preliminary_Competition_-_Miss_Macedonia_evening_gown.gif
 
Ти изгледа живееш во друг свет, на мене можеби не ама зошто тогаш 80 посто од македонските родители цел имот оставаат на машките деца нели е тоа баш себично и не зборувам за мене имам 2 сестри зборам општо, ова ти е прост пример.
Од каде ти се статистиките!? Башка ова не е законски, не можеш само да едно дете да му оставиш сѐ затоа што е машко.
Автоматски споено мислење:

Искрено, до некаде се обидувам да и ја доловам поентата на @hellouyyy . Само мислам дека на погрешен начин го искажува тоа.

Ако феминизмот е тука, зошто тогаш најголемиот процент на невработени се од женската популација?
Ова не е точно. Според последните официјални податоци што ги имавме мажи 60% и жени 40% невработени, според Агенцијата за вработување 2019 год. Во јавен сектор, 54-46% мажи и жени, а Манчевски рече дека од фаворизирал жени на директорски односно управувачки функции!
Сега може да е променето нешто, но од 2015-2019 год имаше повеќе мажи, од жени невработени.
 
Последно уредено:
Од каде ти се статистиките!? Башка ова не е законски, не можеш само да едно дете да му оставиш сѐ затоа што е машко.Ова не е точно. Според последните официјални податоци што ги имавме мажи 60% и жени 40% невработени, според Агенцијата за вработување 2019 год. Во јавен сектор, 54-46% мажи и жени, а Манчевски рече дека од фаворизирал жени на директорски односно управувачки функции!Сега може да е променето нешто, но од 2015-2019 год имаше повеќе мажи, од жени невработени.
... ако споредувате само за вработување во администрација, тогаш ОК би требало да има рамноправност во вработување зависно од полот, но ако зборуваме општо за вработување во други професии жената не може и НЕ ТРЕБА да биде рамноправно вработена како мажите тоа не го дозволува и самата природа давајќи анатомски поинаква градба на жената споредбено со мажот, а против природа не може да се оди, а и да се оди „насилно“ тоа ќе биде абнормално тогаш тоа нема да биде жена, туку некоја напумпана со протеини и хормони... зашто?

...што со работните места каде професијата бара „мускулна маса“ малку ги има? жена ќе дигне вреќа брашно? жена ќе влече арматура по градежништвото? жена ќе слезе во окно на рудникот? жена ќе копа канализација? жена ќе вози такси во ноќни часови? жена ќе биде вулканизер и столар? жена ќе цепи дрва? жена ќе се качи на далновод столб? ...да набројам професии, кои, нели се бројат како работни места, а жената сама и колку да сака не може истото да го работи?
феминизам? - ДА! но има граница до каде...таа мала нијанса треба да се остави предност на машкиот пол да биде во предимство пред женскиот токму поради тоа што го напишав, а против природата не се оди!

... од една страна сакаме рамо за плачење, глава на куќа, некој да не брани и чува и да ни се посвети дома тоа не самопреодреденост, да се биде понеглавна од мажот? тука не се бара ли рамноправност, па мажот да плаче и да бара заштита и рамо за плачење кај жената? зборуваме за феминизам во смисла за целосна рамноправност, а мрзиме мамини синови, нежни депилирани мажи кои не можат да дигнат една гајба нежни и плачат, нели исти карактеристики и рамноправни со жената, не можам тоа да го работам, не можам да дигам тешко, не можам да се тепам, не можам да се бранам...

... тоа што било порано, било, еволуција на човекот, останати се племенски обичаи на обесправување на жени, но ретки се тие и дури се на некој начин мутирани како „модерни“, да не дадам споредба за денешниве се уште застапени муслимаски обичај да се има повеќе од една жена!

... јас сакам да остане мушкото да биде посилно од жената, да има разлика и да не сме целосно рамноправни... мажот треба да заштитува, да чува, да биде глава на семејството, да биде вистински маж да има воен рок ослужено и да работа професии каде ќе ја користи мускулна сила што жените не можат природно да ја имаат ...било...и така треба да остане!
 
Последно уредено:
Ова го препраќам кај @Beric Dondarrion , од мене за тебе душо :ljubove:

Од каде ти се статистиките!? Башка ова не е законски, не можеш само да едно дете да му оставиш сѐ затоа што е машко.
Автоматски споено мислење:


Ова не е точно. Според последните официјални податоци што ги имавме мажи 60% и жени 40% невработени, според Агенцијата за вработување 2019 год. Во јавен сектор, 54-46% мажи и жени, а Манчевски рече дека од фаворизирал жени на директорски односно управувачки функции!
Сега може да е променето нешто, но од 2015-2019 год имаше повеќе мажи, од жени невработени.
Во право си! Сега гледав статистика кога станува збор за Македонија.
Дојдов до тука, сега видов дека е 2014. Во секој случај дискриминацијата во однос на нето платата е евидентна.

chart.jpeg

Заклучно со мај, 2020.
Screenshot_20200823-194935_Drive.jpg
Автоматски споено мислење:

но ако зборуваме општо за вработување во други професии жената не може и НЕ ТРЕБА да биде рамноправно вработена како мажите тоа не го дозволува и самата природа давајќи анатомски поинаква градба на жената споредбено со мажот, а против природа не може да се оди, а и да се оди „насилно“ тоа ќе биде абнормално тогаш тоа нема да биде жена, туку некоја напумпана со протеини и хормони... зашто?
Поголема глупост од женска особа немам прочитано одамна.

јас сакам да остане мушкото да биде посилно од жената, да има разлика и да не сме целосно рамноправни... мажот треба да заштитува, да чува, да биде глава на семејството, да биде вистински маж да има воен рок ослужено и да работа професии каде ќе ја користи мускулна сила што жените не можат природно да ја имаат ...било...и така треба да остане!
Што правиме со децава што не отслужија воен рок? Никогаш нема да бидат мажи?
 
Последно уредено од модератор:
... денес мој пријател што е потрпелив, оти жената имала траума што по неколку месеци починало бебето, па после втора бременост повторно родила но од траумата не можела да „го гледа“ бебето да не би се случило нешто дежаву, таткото доброволно ја превзел улогата и добил „породилно боловање“ од девет месеци!
 
Дојдов до тука, сега видов дека е 2014. Во секој случај дискриминацијата во однос на нето платата е евидентна.


Од петта минита натаму. За промена да го вклучиш мозокот. Знам дека ќе ти биде мачно во прво време, после толку години неактивност.
 
Ова го препраќам кај @Beric Dondarrion , од мене за тебе душо :ljubove:


Во право си! Сега гледав статистика кога станува збор за Македонија.
Дојдов до тука, сега видов дека е 2014. Во секој случај дискриминацијата во однос на нето платата е евидентна.

Прегледај го приврзокот 263571

Заклучно со мај, 2020.
Прегледај го приврзокот 263572
Автоматски споено мислење:


Поголема глупост од женска особа немам прочитано одамна.


Што правиме со децава што не отслужија воен рок? Никогаш нема да бидат мажи?
Чекај сега, што е вторава табела!? Податоците, на крајот на секоја година велат дека има повеќе мажи, од жени невработени.

За нето платата. Нето платата ја руши шивачката индустрија и дел од приватниот сектор. Се работи за избор. Во оние сектори каде жените се застапени доминантно, во однос на секторите каде мажите се застапени, платите во секторите на доминантно застапени од мажите се повисоки, како градежништво и рударство (и регистрираните земјоделци) затоа што прво ризиците се поголеми и нема интерес за тие работи. Друга причина зошто жените се повеќе вработени е образованието. Повеќе жени од мажи имаат дипломи последните неколку години.

Жените се доминантно повеќе застапени во образованието. Зошто нема 50-50 таму? За здравството немам податоци, но во јавната администрација беа 54-46%.
 
... еве ќе кажам „поголема глупост“, да се плаче со месеци по мушкото кое не’ напушти, а тој истиот солза да не пушти? каде е тука рамноправноста? зошто жената дозволува да „пати“ со месеци, години? зашто не ја зема таа состојба на рамноправност и да се однесува исто како мушкото и солза да не пушти и да иде напред, кога веќе сака да биде исто како него ни погоре ни подоле!
...зарем само во висина на плата и работно место се смета рамноправноста?
 
... еве ќе кажам „поголема глупост“, да се плаче со месеци по мушкото кое не’ напушти, а тој истиот солза да не пушти? каде е тука рамноправноста? зошто жената дозволува да „пати“ со месеци, години? зашто не ја зема таа состојба на рамноправност и да се однесува исто како мушкото и солза да не пушти и да иде напред, кога веќе сака да биде исто како него ни погоре ни подоле!
...зарем само во висина на плата и работно место се смета рамноправноста?
Пушти ја, се работи за неколку параметри каде жената со ЗРО и други конвенции и забрануваат вршење на одредени работи и и даваат поголема заштита при работа, а во некои сектори иста заштита имаат и децата. Сега јас можам да дишам токсини, да копам рудници или на 40 С да ринтам (сум го правел последново), а она да бара рамноправност во парламентот, да и дувка клима и да плаче за некаква дискриминација. Една цигла значеше крај за мене, и јас да станувам статистика. Кога сме кај таа статистика, колку мажи, а колку жени умираат како последица при повреди при работа!? Ако нето платата беше пониска за жената односно жената зима пониска плата, а притоа врши иста работа како и мажот, нема да има невработено жени.
 
Сум видел жени со поголеми мадиња од мажите и мажи поголеми пички од жените.
Во врска со вработување барем кај нас сите врати се отворени за двата пола и ги уживаат сите права.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom