Од каде ти се статистиките!? Башка ова не е законски, не можеш само да едно дете да му оставиш сѐ затоа што е машко.Ова не е точно. Според последните официјални податоци што ги имавме мажи 60% и жени 40% невработени, според Агенцијата за вработување 2019 год. Во јавен сектор, 54-46% мажи и жени, а Манчевски рече дека од фаворизирал жени на директорски односно управувачки функции!Сега може да е променето нешто, но од 2015-2019 год имаше повеќе мажи, од жени невработени.
... ако споредувате само за вработување во администрација, тогаш ОК би требало да има рамноправност во вработување зависно од полот, но ако зборуваме општо за вработување во други професии жената не може и НЕ ТРЕБА да биде рамноправно вработена како мажите тоа не го дозволува и самата природа давајќи анатомски поинаква градба на жената споредбено со мажот, а против природа не може да се оди, а и да се оди „насилно“ тоа ќе биде абнормално тогаш тоа нема да биде жена, туку некоја напумпана со протеини и хормони... зашто?
...што со работните места каде професијата бара „мускулна маса“ малку ги има? жена ќе дигне вреќа брашно? жена ќе влече арматура по градежништвото? жена ќе слезе во окно на рудникот? жена ќе копа канализација? жена ќе вози такси во ноќни часови? жена ќе биде вулканизер и столар? жена ќе цепи дрва? жена ќе се качи на далновод столб? ...да набројам професии, кои, нели се бројат како работни места, а жената сама и колку да сака не може истото да го работи?
феминизам? - ДА! но има граница до каде...таа мала нијанса треба да се остави предност на машкиот пол да биде во предимство пред женскиот токму поради тоа што го напишав, а против природата не се оди!
... од една страна сакаме рамо за плачење, глава на куќа, некој да не брани и чува и да ни се посвети дома тоа не самопреодреденост, да се биде понеглавна од мажот? тука не се бара ли рамноправност, па мажот да плаче и да бара заштита и рамо за плачење кај жената? зборуваме за феминизам во смисла за целосна рамноправност, а мрзиме мамини синови, нежни депилирани мажи кои не можат да дигнат една гајба нежни и плачат, нели исти карактеристики и рамноправни со жената, не можам тоа да го работам, не можам да дигам тешко, не можам да се тепам, не можам да се бранам...
... тоа што било порано, било, еволуција на човекот, останати се племенски обичаи на обесправување на жени, но ретки се тие и дури се на некој начин мутирани како „модерни“, да не дадам споредба за денешниве се уште застапени муслимаски обичај да се има повеќе од една жена!
... јас сакам да остане мушкото да биде посилно од жената, да има разлика и да не сме целосно рамноправни... мажот треба да заштитува, да чува, да биде глава на семејството, да биде вистински маж да има воен рок ослужено и да работа професии каде ќе ја користи мускулна сила што жените не можат природно да ја имаат ...било...и така треба да остане!