Нова теорија за тројанската ера - Томаш Спевак
наслов на оригиналот: А new theory about the Trojan era - by Tomáš Spevák
*** (благодарност до Студентите од трета година од Факултетот за применети јазици при ФОН - Струга)***
На повеќето од нас им се познати приказните на Хомер: Илијада и Одисеја; познатиот еп за моќниот Ахил од кого се плашеле и самите богови; гордоста и љубомората на Врховниот владател Агамемнон, убавината на Елена од Троја, мудроста и итроштината на вештиот Одисеј итн.Без сомнение се работи за прекрасно литературно дело. Но сепак и покрај долгогодишните истреажувања и огромна количина средства вложени во нив се провлекува прашањето: Кои биле Тројанците? Откако Шлиман ја открил Троја во 1870 никој не се потрудил да се запраша: На која етничка заедница и припаѓаат Тројанците и кои биле Ахајците? Цело време се претпоставува дека тие биле „Грци“. Но, дали е тоа така? Во литературата и филмовите тие се претставени како Грци кои користеле грчки оружја, литература, уметност итн. Во историските учебници не постои никакво сомневање дека Ахајците всушност биле стари Грци. Но, дали некој се запрашал како дошле до овој заклучок? Каде е доказот дека Ахајците и Тројанците всушност имаат заедничко потекло со „Грците“ и со нивниот јазик, култура, уметност, оружје и други карактеристики кои би ги квалификувале како „Грци“? Не верувам дека некој може со сигурност да каже што биле тие. Но, со некој степен на сигурност можеме да кажеме дека тие и не се Грци. Дозволете ми да образложам...
Да започнеме со цитат од Тибериј Клаудиј:
„Помеѓу овие Келти, доколку зборот и има некаква важност, дури и „Ахајските Грци“ кои определен период ја населиле долината на горен Дунав пред да продолжат јужно кон Грција. Да, Грците се релативно новодојденци во Грција. Тие ги исселиле староседелците наречени Пелазгијци. Ова се случило не долго пред Тројанската војна, Доријанските Грци дошле дури и подоцна од нив – осумдесет години по Тројанската војна.
Според Херодот и Хомер, се претпоставувало дека „варварските“ племиња од север, познати како Доријанци, им се заканувале на античките Ахајски градови дури и пред големата војна. Велат дека овие племиња дошле дури од далечната долина на реката Дунав. Сепак современите истражувачи се двоумат. Не постојат археолошки докази за поткрепување на оваа теорија. Според професорот Јуџин Борза (Eugene Borza):
„ Теоријата за Доријанскате инвазии е во голема мера производ на историографијата на 19ти век и не е поткрепена ниту со археолошки, ниту пак со лингвистички докази. Повеќето археолози и многу лингвисти се откажуваат од верувањата дека Доријанците кои зборуваат грчки ги уништиле центрите на Микена кон крајот на бронзеното доба. Верувам дека Ахајците и Доријанците отсекогаш живееле во Тесалија или на Јонскиот брег. Не можам со сигурност да тврдам на која јазична група и припаѓале, но нивниот јазик секако е голем составен дел на класичниот грчки речник. Повеќе за ова ќе има понатаму.
Доколку Тројанската војна (1184 п.н.е) навистина се случила, ако се земе предвид елоквентниот опис на Хомер, може да се заклучи дека Ахајците и нивните сојузници биле поразени и ослабени. Тројанската војна всушност можела да биде и многу пострашна отколку што ја опишал Хомер. Несметајќи ја митологијата, некои истражувачи тврдат дека тоа била војна за економска превласт. Троја, најбогатиот град во тогашниот познат свет, претставувала закана за Ахајците бидејќи контролирала најголем дел од трговијата преку протокот Дарданели. Троја имала многу сојузници и многу лесно можела да заземе целосна контрола на протокот. Тоа би значело контролирање на целокупната поморска трговија помеќу Медитеранското и Црното море. Можноста Троја да го контролира протокот го загрижувала Ахајците кои со сите можни средства се обидувале да најдат решение. За жал, Троја продолжила да ги игнорира. Неможејќи да најдат мирољубиво решение Ахајците и објавиле војна.
Ахајците собрале голема армија, со невидени размери, и се упатиле кон Троја. Тројанците ги пречекале пред градските ѕидини. Армиите се судриле и воделе бескрајни битки. Тоа била војна на светови затоа што секоја страна си имала сопствени сојузници. Секоја страна се обидувала да ја надмудри другата што резултирало со огромна загуба на луѓе од двете страни. По завршувањето Ахајците се вратиле дома како победници. За жал тоа била пирова победа бидејќи имале големи загуби. Многу кралеви и благородници загинале на бојното поле и многу други биле жртва на злобни завери и интриги. Дури и Врховниот владетел Агамемнон бил убиен. Ослабнати, без водач и со популација во опаѓање, Ахајците од војната извлекле повеќе страдања отколку напредок. Со новото и неискусно водство, недостиг на луѓе и материјали, вистински предизвик за нив претставувала одбраната од варварските продирања од север.
Пелазгите (Pelasgi - Belasci), античките доселеници на Балканот овие нови варвари од северот ги нарекувале Hellenes (новодојденци). Подоцна тие биле наречени Грци од страна на Римјаните. Хеленските племиња Доријанци пристигнале на Пелопонез 80 години по Тројанската војна. Ги опустошиле полињата уништувајќи ја богатата Ахајска култура, градовите и енклавите заедно со нативното ахајско население. Нивното пристигниување довело до драматчни промени во регионот. Повеќе немале врховен владетел на сите племиња и градови. Уметноста, архитектурата и науката исто така се измениле под влијание на новите култури; Египетската, Феникијската, Хеленската, Пелагизгијанската, Анатолијанската и други. Овие народи придонеле да се оформи Грција во она што била за време на класичниот период.
Не можеме да извлекуваме заклучоци само од проучувањето на Ахајската и Тројанската култура, потребен е и археолошки доказ за поткрепување на овие теории. Само врз основа на културолошките докази исто така моѓе да се претпостави дека Тројанците биле и словенски народ. Според историчарот Александар Донски, ако се прочита описот на обичаите практикувани од страна на Тројанците во Илијадата, без да се знае кои биле тие, може да се добие впечаток јдека тие биле модерен балкански словенски народ.
Уште може и да се забележи дека многу современи истражувачи веруваат дека античките Пелазги, населени на грчкиот полуостров, пред класичните грци биле прото-словени. Други антички балкански народи како Тракијците, Пеонците, Дарданијците, Венетите и Бригијците, Илирите, Миноанците и народите од Мала Азија како Лидијцие, Фригијците, Мисианците дури и Скитијците и Самарјаните (Амазонците) се претпоставува дека се народи кои зборувале прото-словенски. Неколку фактори ги доведуваат истражувачите до овој заклучок како што се уметноста, обичаите, античките реликвии со гравури на пишани јазици итн. Истражувачите Васил Иљов, Сергеј В. Рјабчиков, проф. Чудинов, Матеј Бор, Антони Амброзиќ и други дешифрирале многу вакви написи од Фригиско, Венетско, Етрусканско, Линеарно A, древно Македонско, Винча, древно Руско и други извори употребувајќи го модерните словенски јазици. Всушност бројни тн написи кои не можат да се дешифрираат сега се дешифрирани и преведени со помош на словенскитѕе јазици, нешто што претходно не било сериозно направено
Зошто никој не се сетил да ги употреби словенските јазици, огромното јазично семејство на една од најголемите нации на Земјата? Верувам дека причината е политичка: комунизмот и целата пропаганда оклолу него, да не ја споменувам изолацијата што ја претрпеа словенските држави. Она што исто така е интересно, современиот истражувач Одисеј Белчевскии други сега го проучуваат јазикот на кој Хомер ги напишал Илијада и Одисеја и откриваат дека биле напишани на прото-совенски јазик, близок до модерните македонски дијалекти.