Феминизам!

  • Креатор на темата Креатор на темата Птичји Грип
  • Време на започнување Време на започнување
Ако твојата логика беше точна, тогаш мажите не би можеле да бидат гинеколози, а жените уролози. Очигледно е дека валидноста на аргументот не зависи од идентитетот на личноста што го изнесува, туку од фактите и логиката зад него.
Не сфаќам каква врска има професијата со полот на човекот. Тоа има врска со знаењето и стручноста.

Гинекологот не може да и наметне нешто против согласноста на пациентката. Поставува дијагноза, кажува што треба да се направи според протоколи и медицина базирана на докази, и останатото е на пациентката дали ќе прифати или не.

Патем ниту еден машки гинеколог не е против абортус, зошто они ги гледаат од прва рака сите компликации и ризици по здравјето на жената, и тоа го гледаат преку очите на медицината и науката, како што и треба да се гледа.
 
Ајде прв пат да не се согласам со тебе. Има во некои држави. И се повикуваат на приговор на совеста за да не вршат абортус. Што според мене е во ред само ако во истата болница има гинеколог кој врши абортуси, во спротивно не е во ред.
 
Па легитимно е секој да има лична совест, и тоа и те како може да се коси со фактите и научните тврдења.

Еве јас сум таков пример. Сфаќам што е медицински оправдан абортус. Сфаќам зошто некоја што е силувана и малтретирана од некој агресивен идиот не сака да го роди детето. Но сфаќам и дека постојат луѓе со грижа на совест, кои и покрај се никогаш не би можеле да го абортираат своето дете. Тоа што сметам дека абортусот треба да биде право на жената на избор, не значи дека како слеп за стап се фаќам за истото и го оправдувам самиот чин. Сум за тоа жената да има слобода сама да одлучи, но личната совест и моралот се индивидуални.
 
Back
На врв Bottom