- Член од
- 13 април 2021
- Мислења
- 5.769
- Поени од реакции
- 17.438
Не сфаќам каква врска има професијата со полот на човекот. Тоа има врска со знаењето и стручноста.Ако твојата логика беше точна, тогаш мажите не би можеле да бидат гинеколози, а жените уролози. Очигледно е дека валидноста на аргументот не зависи од идентитетот на личноста што го изнесува, туку од фактите и логиката зад него.
Гинекологот не може да и наметне нешто против согласноста на пациентката. Поставува дијагноза, кажува што треба да се направи според протоколи и медицина базирана на докази, и останатото е на пациентката дали ќе прифати или не.
Патем ниту еден машки гинеколог не е против абортус, зошто они ги гледаат од прва рака сите компликации и ризици по здравјето на жената, и тоа го гледаат преку очите на медицината и науката, како што и треба да се гледа.