Фчерашни новости - хумористично-сатирична емисија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
16.763
Поени од реакции
8.889
Возраст
35
Под слоганот "Чекор зад сите", во недела во 19:15 часот на телевизија "Телма", веднаш по вестите, ќе се емитува првата епизода на "Фчерашни новости".

vecarni-novosti.jpg


Се работи за нова хумористично-сатирична емисија, на која работи креативен тим предводен од Бранко Огњановски, најпознат како Миле Паника од „К-15“.

- Сакаме да пополниме една дупка што во последно време ја констатираме не само ние туку и пошироката публика. На телевизиите недостига хумор, а особено сатира. Домашната продукција е многу слабо застапена. Изборот се турски серии и вести. Ние ќе понудиме нешто ново. Мислам дека емисијата ќе биде прифатена и од старо и од младо... што би рекле политичарите, ќе ја гледаат сите, без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност – вели Огњановски.

Во секоја епизода во околу 30 минути, преку призмата на хуморот и сатирата, ќе се обработуваат актуелни теми од секојдневниот живот. „Фчерашни новости“ премиерно ќе се прикажува секоја недела на „Телма“, а ќе се емитува и на 24 регионални и локални телевизиски станици, како и на официјалниот „Јутјуб“ канал на емисијата.

 
Добро за почеток ама да не се Бранко и Васко тешко дека ќе биде ова до толку интересно за гледање.

Најмногу ме насмеаа со Иванов.
 
Супер прва емисија.Сепак цела емисија ја прават Бранко и Васко, и овој од времето беше ок, другите се чист просек.Мора малце подобри актери да се впуштат, фали ваков хумор во Македонија.
 
Тошо Малерот himself :cuc:со темно синото лампионско палто:ROFLMAO:
 
Така-така, солидно.
Значи никако не ми текнуваше од кај го знам овој
https://scontent-frt3-1.xx.fbcdn.ne...=3c4cad269df641928d200685cf03e456&oe=57BFC4DA
се појави 2-3 пати на почетокот
и пошо не можев да чекам, планирав да паузирам на maxtv, да го сликнам и да го прашам наш @dragonsky пошо го има и него у кредитсот
ама ај си викам сам да ги поминам, шалтај, шалтај по кредитсот и кога го прочитав името дарко ми текна дека се вика дарко
и имаше 2ца дарковци во кредитсот и вториот беше со асално презиме, го фејсбукнав и во истата секунда кога го фејсбукнав и се појави слика ми текна дека е уствари од КРУГ НА ЗНАЕЊЕ
знам дека ве интересираше ова...
 
И мене ми беше онака, ни нешто уау ама па не можам да кажам дека беше лошо. Ко за прва епизода ваљда е океј, очекувам наредна недела да биде подобро.
Најјако беше делот со хорхета и неговите глупости :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom