FC тест (first certificate masterclass)

  • Креатор на темата Креатор на темата statusQuO
  • Време на започнување Време на започнување
А во фирмите не бараат ли англиски од факс,бидејќи тој е приспособен за посебни области,нешто како "деловен англиски"?
Бидејќи FC само по себе,не ми е доволен доказ,какви бараби учеа FC со мене на курс :)
 
пробно полагав во мај, а во декември (мислам 8) ќе се полага ,,вистинскиот,, тест. Супер резултати имав на пробното,но сепак треба голема концетрација
 
Главната разлика во тестовите е, според мене, во вокабуларот. Другото е горе-доле исто.
Има разлика во Listening делот кај FCE и CAE. Разликата е тоа што Listening кај FCE секој дел се слуша 2 пати додека пак кај CAE се слуша само еднаш.
 
Маc)), деловниот англиски од нашиот факултет е за без коментар. Ќе видиш за што ти зборувам ако го избереш во втора година, а ќе се потврди особено на усниот дел :pos:

Како што кажа LadyD, не е особено тежок, јас кога одев на курс, со мене беше и едно 8-одделенче, значи штом тоа може да го научи, можат и поголеми :)

Speaking - делот беше лесен иако јас имав претерана трема, обично двајца или тројца влегуваат, пред вас ќе седне една тетка или бабичка (ние имавме една Хрватка) а понатака стои една друга тетка што запишува што и како зборувате. И двете имаат осмех-кез уво до уво, па во голема мера ќе ви ја ублажат тремата :) Нас ни дадоа да зборуваме демек ќе отвораме ние тројца кафич па како би го уредиле.

После тоа ќе ви дадат 2 слики на секој од вас (така мислам беше), па да објасниш што гледаш на првата, па на втората, па после дополнително разлики и сличности меѓу нив две (ќе ви дадат 5 минути да размислете, јас текстот си го оформив во глава на македонски меѓутоа не знам дали е така правилниот начин, вежбајте дома и на двата јазика па ќе определите со кој ви оди полесно).

Останатите делови ги полагавме на економски факултет, reading-вежбите се во голема мера слични како тие од учебникот. Обично при таквите вежби, професорот/професорката би требало да ви укаже на специфични зборови или конструкции од зборови, а вие запишувајте ги и пред испит одвојте посебно време за нив, многу од нив ги има на испит.

Writing-от е малце покомплициран, не се трудете да користите што повеќе тешки зборови, несекојдневни, за да оставите подобар впечаток, ќе се испобуните повеќе. Нас ни дозволија да пишуваме со молив, не дај Боже ако беше со пенкало, автоматски ќе го паднев, колку пати бришев со гумата само :pos: За вас не знам :) Задолжително 2 есеја се пишуваат, имате опција од 5 наслови и 5 лектири т.е. да раскажете што се случува во нив :) Обично сите ги земаат насловите, така направив и јас :) Па не се сеќавав на ништо од лектирите :)

 
...Задолжително 2 есеја се пишуваат, ...
Извини брат ама морам да те поправам. Се пишува едно писмо, а во вториот дел може да ти се падне есеј, уште едно писмо, да направиш приказна, да напишеш статија и како што рече лектира или филм.
 
еее јас се сеќавам, годинава полагав. Иначе мислам дека на speaking секогаш е таа хрватицата која е шефица на British Council Macedonia и уште една тетка. Ако си праиш муабет со хрватицата си ептен среќен чоек бидејќи жената е премногу добра и знае буквално да те опушти.
Инаку ај еве јас подетално да ви кажам што е и како е на Speaking-от.
Значи првиот дел ви е како загревање и таму ви поставуваат општи прашања како на пример What's your name?, Where do you live?, How long can you be without your parents? и слично.
Во вториот дел на тебе и на твојот партнер (кој што седи до тебе) ви даваат по две слики кои вие треба да ги споредите и да одговорите на поставено прашање. Потоа на секој од вас му поставува по едно прашање во врска со сликите на партнерот.
Во третиот дел ви дава 6-8 слики за кои треба да дискутирате и да изберете дел од нив. Темите најчесто се да уредиш некој објект, да дизајнираш насловна страница од некое списание, да кажеш што би понел со себе на одмор и слично.
Во четвртиот дел типката ви поставува прашања во врска со претходниот дел и вие одговарате. Тоа ви е нешто како правење муабет во кафич ама на англиски.
Се на се Speaking-от е многу лесен ако немаш трема. Мене од цел испит тоа ми беше најдобро :)
 
FC или по правилно FCE е екстремно лесен јас го полагав пред 2 години , бтв целата работа е кога ке го положиш , сфаќаш дека никој не ти го вреднува освен у Англија и у Ирска , па се фаќаш за џебот и моментално си викаш on What D Fak i wejsted my money ???? , така да те советувам фино лепо aко ти е за докажување за работа да си положиш TOEFEL , траењето му е околу 2-3 години ама кај и да отидеш нема да ти прават проблем и ке ти го признаат .. :helou::smir:
 
FC или по правилно FCE е екстремно лесен јас го полагав пред 2 години , бтв целата работа е кога ке го положиш , сфаќаш дека никој не ти го вреднува освен у Англија и у Ирска , па се фаќаш за џебот и моментално си викаш on What D Fak i wejsted my money ???? , така да те советувам фино лепо aко ти е за докажување за работа да си положиш TOEFEL , траењето му е околу 2-3 години ама кај и да отидеш нема да ти прават проблем и ке ти го признаат .. :helou::smir:
Не е точно.Јас со овој сертификат добил услов да можам да полагам за судски преведувач, и само со овој е можно, а не со TOEFEL или други.Само овој важи за цел ивот, што ке ти е ТОЕФЕЛ кога по 2 години џабе ти е.Од кај си сигурен дека за две години ке најдеш работа, и толку.
 
зелка.. ја полагав во јуни и топ бесе со Б си поминав ко чоек јесда утнав малце на спеакинг ме акна трема у ребра и така... инаце FCE се вика марио
 
А што ќе кажете за IELTS? Искуства? Јас планирам да го полагам него?
 
А што ќе кажете за IELTS? Искуства? Јас планирам да го полагам него?

Има тема за него.Побарај ја, ја отворив јас.И јас треба да полагам па ја отворив некој да ми каже како е, како оди и т.н.:helou:
 
Темава премина во прекумерно фалење.

Сепак,FC,CAE и CPA се докази за знаење,кои ќе ве чинат над 20.000 ден.

Плус,FC од пред 10 години не значи ништо во пракса.
Зборете нешто за тестовите,не само колку знаете англиски.
Сега знае секој тоа.
Bravo be Mac be:zver::zver:, site pocna da se praat Englezi haha
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom