Фан страна на Луксембург на Фејсбук си игра мајтап со Македонија. Го заслужуваат тоа фудбалерите..

  • Креатор на темата Креатор на темата M.O.P.
  • Време на започнување Време на започнување
Мене само не ми е јасно како не им е срам на фудбалериве (ај од ФФМ очекувам, тие немаат ни образ ни ништо) да придонесуваат за исмевање на македонски дрес и на државата како таква. Немаат ли национална гордост овие луѓе (чест на исклучоци), да гинат за дресот што го носат и знамето под кое играат. Па срам е и да им се свири химната. НЕ ЈА ЗАСЛУЖИЛЕ!
 
Ma каков срам,каква химна,гордост.. за дебела пара и родена мајка ќе продадат.. а не пак дресот и гордоста.
 
Стаус кво во фудбалот, субвенции од влада за купување еден багер (од тие моќните) влез во ФФМ и рушење до темел. Хари и компанија да се исфрлат на клоци заедно со тоа нивното местачко лоби. Да им се додели општокорисна работа да ги бркаат гулабите од спомениците да не прават бербат. Дај да си вложуваме во ракометот и кошарката овде што нема леб нема, едноставно ФФМ е во заложништво на бизнис интересите на групата која освен бизнис нема никаква допирна точка со спортот.
 
Море за пари ... 40 коефициент мислам беше од 2 во 1.
Не ме држете за збор .
 
Не бе проколнат ни е фудбалов. Медал на Олимпијада ќе земеме со кошарка и ракомет ама во фудбал од последно место во група не мрдаме па на глава застанете ако сакате.
 
Македонија се сака и љуби и кога тепа и кога губи, ама овие бе ептен дрва се :facepalm:

Да, Македонија се сака и љуби и кога победува и кога губи и пак сите ќе ја сакаме, ама овие немаат почит спрема Македонија. Да имаа ќе играа со срце, со душа... Еј па има ли поголема гордост од тоа да ти ја свират химната? Нема за овие ништо свето на овој век. Нема. Продадени души, не им е проблем да ја посрамотуваат Македонија кај и да одат.
 
Абе кој проколнат, се гледа дека е наместено ова... Овие најголема мафија се.
 
Стаус кво во фудбалот,

Грешка си. Статус кво ќе беше да стоеше у место. Ова не е стоење у место, ова е пропаѓање со брзина на светлината. Регресија до максимум...:facepalm:

Не бе проколнат ни е фудбалов. Медал на Олимпијада ќе земеме со кошарка и ракомет ама во фудбал од последно место во група не мрдаме па на глава застанете ако сакате.

Не е проколнат. Проколнат би бил кога би имале златни момци и протеран Харалампие од државава и пак губат. Се знае изворот на ова. Волдерморт на македонскиот фудбал. Мафија една скапана. Па и у мафија има некои вредности... Каква Олимпијада бе луѓе, овие не можат трето место у група да бидат, не па на квалификации...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom