Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Ја пишав и пред некое време, не ми е јасно како Лекиќ била најдобар играч на светот. Затоа што ако ова е таа Лекиќ онда да го угасиме ракометот како спорт.

Бирањето на најдобра ракометарка на светот оди по принципот: најди релативно важна ракометарка која во изминатата сезона истовремено била член и на топ 3 тим од лигата на шампиони и на топ 3 тим од европското или светско првенство за жени.

Подебилен метод на бирање за ваков тип на награда не сум сретнал во ниту еден спорт. Реално Лекиќ никогаш не била најдобра ракометарка на светот - веројатно не била ни во во топ 10. Не беше ни приближно најдобар играч на Ѓер кога ја освои наградата (Ѓер беше шамион во ЛШ, Србија освои медал). Последниве неколку години според мене без конкуренција најдобра ракометарка во светот е Горбич. А зад неа во самата светска елита последниве неколку години се Булатовиќ, Неагу, Пенезиќ, Локе, Мерк...

Па и генерално светска класа од оние кои играат за Вардар за својата позиција се само Пенезиќ, Дембеле и голманките. Лекиќ и Радичевиќ се на граница. Малку се претерува во медиумите кај нас дека сите ѕвезди ги имал собрано Вардар а не е ни приближно точно. Ѓер и Будуќност имале и на хартија подобри тимови изминативе 2-3 години...
 
Одамна е Горбиц меѓу најдобрите, прва средно уште кога бев беше со таков примат, 2006, 2007 негде. После се повреди лошо ако ме држи добро сеќавањето ама одма се врати во топ форма.
 
Оваа Петковска или како и да се презива голманкава има поголема гушка од Шерман Кламп.
 
Оваа Петковска или како и да се презива голманкава има поголема гушка од Шерман Кламп.
таквите ко неа не знам ни зашто играат ракомет, стварно нема иднина, нека си запишат факс нешто...
 
Ненормално колкку глупа е оваа Лазовиќ човече... :facepalm:

Барби е како излезена од вицевите за плавушите.

Следното коло ќе ни ја дупнат главата во Подгорица.
 
таквите ко неа не знам ни зашто играат ракомет, стварно нема иднина, нека си запишат факс нешто...
Имаме една таква од маало, мислам дека ти е генерација. Голманка е ама кога ја гледаш на гол, поголеми се шансите да ти одбрани у ширина него у висина. За воља на вистината ни пречка не фаќа :D
 
uzas e ovoj tim na vardar v godina neka gi kupat kocetova , dmitrieva i uste nekolku rusinki barem borba da vidime na teren gjer sig sum rastur ke pravat pa ne znam so niv kako ke se spravat
 
таквите ко неа не знам ни зашто играат ракомет, стварно нема иднина, нека си запишат факс нешто...
мора да е нечие дете чим е во тим со вакви звезди ај ако ништо друго барем ќе се прошета донекаде :)
 
Тоа е тоа, „оди сине на играорна, барем ќе прошеташ низ Европа“. Исто и на оваа со гушкава и викаат, оди на тренинзи, битно ќе прошеташ со ракометаркиве.
 
@Me2 тебе ти е другарка оваа, кажи дали со врски е у екипа или не. :D И не замарај
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Me2
@Me2 тебе ти е другарка оваа, кажи дали со врски е у екипа или не. :D И не замарај
Не бе, нема никакви врски, го знам девојчето (учеше од прво одделение со мене) и ден денес се дружиме, таман си е.
Иначе 19 години е, игра повремено, што сакате, прв состав? Иксуство како Суслина? Ракомет е, тек сега ќе созрева, можеш да браниш до 64 години во тој спорт.
 
Нема врски, потврдувам и јас :D
Ама искрено нема ни некој којзнае каков талент. Во натпреварите за младинска репрезентација знаеше да изненади со некоја добра партија, ама затоа во сениорски ракомет изгледа како целосно загубена на голот, без некој посебен рефлекс, а особено е лоша при шутевите од далеку кои одат повисоко.

За вчерашната утакмица, очекував да се намачиме. Далеку сме од тим кој е спремен за титула, впрочем далеку сме и од финале. Колкава само разлика имаше меѓу вчерашниот ракомет и оној на СП. Па добро бе мајко му стара, кај курац играат репрезентативкиве на Норвешка или Холандија? :D Како добро би ни легнала Полман, да ја размрда мртвава и бавна бековска линија. Радичевиќ одново одигра просечно во напад, како е можно не ми е јасно... Во одрана беше добра, а добрата одбрана всушност и ни ја донесе победата. Пенезиќ играше многу мртво вчера, ако постигна 4 погодоци. Не се помрдна, доста добро ја чуваа, сите голови беа на сила. Лазовиќ има движење, ама затоа никогаш не може гол да даде. Или ќе ја погоди голманката, или ќе го утне голот. Имавме среќа што они утнаа 100% шанса на нерешено при крајот, ама и ние се изнауткавме зицери. Престапот од пенал на Јока ала Злате беше потег на мечот. Судиите беа доста лоши, иако правеа грешки и на двете страни мислам дека нас повеќе не оштетија. Какви мртви голови примивме, 4-5 пати по ред одвај лазеше топката до гол и завршуваше во нашата мрежа. Мора да се подобри играта, вака ни до Ф4 нема да стигнеме. Во сала многу малку публика за втора фаза од натпреварувањето, најдобар потег ќе биде да ги стават натпреарите во Кале (што никогаш нема да се случи) и да крца салата. Атмосферата океј, со две навивачки групи од по 30-тина луѓе :D
 
Може не е со врски ама Ладева од помладите поталантирано делува.
 
Може не е со врски ама Ладева од помладите поталантирано делува.
Поталентирана е и тоа многу, само рано е за нејзе да грее клупа во сениори. И требаат утакмици и Вардар Јуниор е таман за нејзе :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom