Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Друже во право си и јас го имам истото мислење, само сега конкретно мислев на навивачите што би навивале за било кој клуб...Превештачки е да навиваш за некој клуб :rolleyes:само затоа што е јак или за него играат репрезентативци...Ако навиваш за ФК, РК а во меѓувреме ЖРК или КК станал јак и има повеќе фанови, не е некој грев, полошо е да идеш на ФК Вардар, а во исто време да навиваш за МЗТ или Работнички... :toe: Јас лично на пример не се потресувам за жениве, еве и да испаднат сега, воопшто нема да ми падне тешко, едноставно не сум приврзан, не сум ги прател порано, немам ни 5 утакмици гледано што не се од ЛШ, а и во ЛШ не сум ни бил сезонава...Сепак ако редат успеси, мило ќе ми биде, сепак играат за Вардар, од нашето спортско друштво, Вардар е број 1 во државава и нормално мило ми е за тоа, многу подобро него ли Металург...За мене Фк Вардар е најголема љубов, на стадион израснав и фудбалот си е фудбал, РК си ги сакам и ценам заради изминативе неколку сезони, за мерачките титули, убава историја испишаа, тимот е како едно семејство играат со срце за Вардар и затоа ги имаат моите симпатии....За ЖРК се согласувам дека не се ништо поарни од Металург, ама ги ценам затоа што сепак го носат името Вардар и црвено-црните бои :)
Сите овие што одат, одат ракометарките, не поради ЖРК како клуб, бетер се и од фалангата а до вчера ја критикуваа публиката на Металург. На почеток и мене ми беа драги ракометарките, сега чекам што побрзо да се распаднат :)
 
Ракометни Вести
Јан Питлик: „За нас целта е победа“

“Имаме само една цел за в сабота – да победиме на тој натпревар. Мора да победиме, за тоа одиме таму и мислам дека ако играме на нашиот максимум имаме шанси. Значи не размислуваме на предноста од шест гола, или да загубиме со помалку, за нас целта е победа. Сум слушнал дека луѓето тука зборуваат многу за судиите и се оптоваруваат со тоа. Еве јас сум некој кој доаѓа од таа култура, од западна Европа и јас никогаш не размислувам на овие работи. Јас не мислам така, кога влегувам во еден натпревар си велам, секако дека ќе бидат фер и ќе завршат добра работа, па потоа ќе видиме. Јасно ми е дека ќе има голем притисок од гледачите и за нас и за судиите, но и ние и тие мора да се справиме со тоа. Мојот фокус секогаш е што ќе направи голманот, како ќе одигра крилото, бекот…така е многу полесно, сето друго е далеку од моите мисли“ - изјави данскиот стратег Јан Питлик

Питлик објаснио. Колку сме различни со скандинавциве :S
 
Да се преброиме :D
Очекувам победа со мин 5 гола.
 
Пред сала на бим, 25 луѓе дошле :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom