Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Си го заборавив тикетот за паркинг во кола во Сити Мол, искачам на паркинг и детево од Дибиров трчање ме гушна за нога :pos: иде Тата ми вика извини, и купуваа на Јока за роденден со Суслина. Сеа ќе идам да и пишам на фб на Јока што и земаа.
 
Си го заборавив тикетот за паркинг во кола во Сити Мол, искачам на паркинг и детево од Дибиров трчање ме гушна за нога :pos: иде Тата ми вика извини, и купуваа на Јока за роденден со Суслина. Сеа ќе идам да и пишам на фб на Јока што и земаа.
Абе боље пиши и да не здрват вечер, па после да се чудиме ако не плесне и Турингер. :pos:
 
http://zrkvardar.mk/mk/news/vardar/1173-2014-10-23-12-24-23

На странава сега па пишале дека Комити ќе идат, ама еве неколку души кажаа дека нема да идат организирано туку тоа е само апел до челновите на групата да идат на утакмици.

Според мене не е битно дали ќе дојдат како Комити или не. Ама тие што се од Комити(макар и 50 души), да се зберат на еден дел од салата и да почнуваат песни да се напраи атмосфера, за женски ракомет и тоа е доволно :).

Лани на утакмица ги почнуваа ептен индивидуалци, се дереа по 2-3ца и никако да тргне песнава :).
 
Која продажба, миљон евра картите, жими кур што ќе даам 350 денари да ги глеам со Турингер, у тежок филм е управава.

Едвај 1000 карти се продадени.

На пример, Будуќност без пари ги пушта навијачите да влагаат на утакмици.
 
Шала на страна. Не сакам да зборам дека е некојаа голеема сума, но неможе 350 денари да биде со РН Ловен мажи ЛШ, и 350 денари да биде со Туринген жени, нема логика.
 
Прво, грешка се направи со машкиот и женскиот клуб. Кај се видело во светот карта да е иста цена со трибина позади гол и со централна трибина :tapp: жива глупост. 350. ден. плаќа некој од централен блок, толку плаќа и некој позади гол. Незнам на кој аматер му текнало ова.

Второ, многу голем скок направија со цената кај ЖРК. Лани имаа акција двајца со една карта и картата беше околу 100 денари. И тоа даде полна сала. Сега нагло висока цена направија, а имајки предвид дека кај машките беше еуфоријата уште од почеток требаа да предвидат и да направат по популарни цени.

Не заслужуваат девојките празна сала, али и управата треба да ја процени ситуацијата правилно при одредување на цените. Има управата уште многу да работи на маркетинг. Доказ за тоа се овие потези со единствена цена за сите блокови и превисока цена за ЖРК. Недозволиви грешки.
 
Лани 100 карта и двајца влагаат, сега 350. А баш сакав да одам да ги гледам жениве сезонава :D
 
Имам карти за вечер моиве земале ама не можат да одат кој е заинтересиран нека пише во ПП ќе се договориме!
 
Јас кога пишав пред месец дена дека женскиве ракометарки во поглед на популарност се исти со едни просечни фудбалери, будала ме направија. Ти ако не сакаш да ги гледаш немораш, ова е врвот во женскиот ракомет, блаблабла.
Ете ги колку се популарни.
Пак ќе кажам, само ми е жал за ракометарките што на секој прес молат буквално молат за повеќе публика, а самата управа ги лишува од тоа.

Никаков сенс за маркетинг, тоа директорчињата очигледно не се ни спуштиле доле на паркет и на трибини за само да видат каква публика иде на ЖРК. Има еден куп семејства, мајки и татковци со деца, дечко и девојка, лично можам да посведочам зошто бев на сите утакмици на ЖРК минатата сезона, освен една.
Практикував да одам со другар и со мајките, ама која е логиката сега, да треба од еден џеб одеднаш 700 денари да дадеме за карта.
Прилично сигурен сум дека и групите што ги набројав погоре што идеа на утакмици минатата сезона, истото го мислат, затоа и нема луѓе.

@Ne_sum_ja И со тие картите 1+1 гратис не ни имаа полна сала. Најголемата посетеност ако не се лажам беше некаде 4000+ во Борис.
 
Не е само 350, плус превоз тие што живеат подалеку, 450 доаѓа, башка што се женски, квалитетот на ракометот е неспоредлив со мажите а веќе имаме квалитетен машки тим. Во ракомет не се живее од карти, така да не треба толку да се фокусираат на пари од картите бидејќи ќе изгубат доста. Ќе видиме вечер како ќе биде, мене ми се многу 350 денари, али жал ми е за девојките.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom