Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Денес целодневен ракомет, изгледани двете утакмици :)

Првата закаснив едно 10-на минути, гужва у сообраќај јебига :mad:
Кога влегов веќе водевме со солидна разлика.
На трибини Радичевиќ, Пино и Лејно.
Петковска го избрани целиот натпревар.Ми се чини дека немаше многу одбрани.Цело време Ина ја полнеше со совети браво за неа :cuc:
Клики играше десно крило а влезе и Стојановска а Митова мислам дека не ни влезе во игра.
Без Бајрамовска се гола вода овие.Ништо чудно да изгубат и од нашиот втор тим :D
Онаа Николиќ пикерот нивни е преку 90 кила, а сигурно нема повеќе од 20-21 години.Каде со таа тежина :eek:
Горе на спротивната трибина беше и финта, ги пратеше младиве.
На 5-6 метри од него добро познатиот лик Жаренце со свое шоу :)
_________________________________________________________

Вториот натпревар ми беше поинтересен.
Добри се девојчињава само ќе губат како магарици во ЕХФ купот :D
Керамичиева солидна во двата правци како и секогаш, исто и Тодоровска.Гакидова си ги полнеше од пикер.
Ладева имаше преку 10 одбрани сигурно и еден пенал фати :cuc:
Второ полувреме ги седна на клупа повеќето па практично игравме со втора постава.
Останативе девојчиња мора малце да се стегнат.Премногу брзаат и прават доста грешки.Срамота е носат опрема на нив од неколку илјади евра.
Нека земат пример од Грба.
Секоја чест за неа, две класи е подобра од сите останати.
Како се работи кај Црногорциве нема заебанција :cuc::cuc:
Добро е што ја пријавиле и за ЛШ.
Како само ја лапнале нашиве секоја чест и за нив.Така се работи мора да се мисли и во иднина.
Веќе два играча добиваме кои се комплетни и за напад и за одбрана.
По моја проценка за година-две овие би ги замениле Николиќ и Зебиќ.

Ѓорче играат со деца, жална слика стварно :(
Кога ќе ми текне до пред една деценија каде беа а каде се сега..
Пола од нив ги имам видено како излегуваат од коцкарници.
Нека им земат барем добар тренер и нека ги слушаат неговите совети, нека не го брукаат името и минатото на клубот.
 
Јас ги гледав денеска од второ полувреме, Ихнева се растури од голови, одлична во напад. Шанса доби и Симона Стојановска, имаше два удари и еден гол. @jyvation кој играше десно крило во второ?
 
Извадок од постот горе------- напиша:
Сте се сретнале ли со Комитите, сте разговарале ли околу организираното навивање на вашите натпревари? Постои впечаток дека некако фалат во целата приказна за ЖРК Вардар.
ЈР:
Не сме имале средба со нив, иако редовно добиваме поддршка преку социјалните мрежи. Навистина не знам зошто ги бодрат само мажите, а не и нас, чудно ми е затоа што ако се сака клубот, се сака без разлика дали игра машката или женската екипа.
АЛ: Да, веројатно треба да направиме некој поголем успех кој ќе го препознаат и ќе доаѓаат поредовно.
Очигледно појма немаат зашто нема организирано навивање од Комити на нивни натпревари, а што е најжално мислат дека не направиле доволно за да го заслужат вниманието на Комити. :oops:
Толку ли неможе некој од Комити да отиде и им ја објасни причината (без разлика дали е правилна или не) на некој од клубот, кој потоа би им ја пренел на девојкиве? Глупо и жално е девојкиве веќе подолго време да се чудат и да мислат дека се игнорирани од Комити без причина.
 
А шо е причината шо не одат Комити на нивни натпревари?
 
А шо е причината шо не одат Комити на нивни натпревари?
Еве ти одговор од нивни член.
Немој да живеете во илузии дека Комити ОРГАНИЗИРАНО ќе навиваат за ЖРК Вардар.

Знам дека за вас е несфатливо, така да на кого и да сум му го кажал објаснувањето се чудел.
Има едно правило во навивачки свет дека во еден спорт можеш само една екипа да поддржуваш. Комити веќе го имаат поддржувано Кометал. Огромна грешка е што иако за Кометал го бодреше цело Скопје, само Комити како предводници на групата фанови на Кометал имаа транспаренти во зелено-жолтите бои.
Па сега дочекавме за тоа да не дупат сите во МКД, па дури и членовите на групите кои истотака навивале за Кометал но немале трансови во тие бои.
Па уште да навиваме за друг тим во истиот спорт, па макар што тоа е Вардар (грешката е направена тогаш, правилно ќе беше сега без проблеми да се бодри Вардар) ќе биде уште поголем резил на навивачки план.

И онака на ЛШ мечевите на ЖРК Вардар во публика има бар 400 членови на Комити, но барем засега не сме се решиле да се групираме некаде и да навиваме. Тоа би му дошло спонтано, и ниту во тој случај нема да се носат реквизити од групата, а најмалку да се носат транспаренти и слично.

Така да не очекувајте некоја магична атмосфера на дуелите на девојките :icon_mrgr:

Не е битно дали е ок објаснувањево или не. Битно е да им се пренесе на девојките.
 
Очигледно појма немаат зашто нема организирано навивање од Комити на нивни натпревари, а што е најжално мислат дека не направиле доволно за да го заслужат вниманието на Комити. :oops:
Толку ли неможе некој од Комити да отиде и им ја објасни причината (без разлика дали е правилна или не) на некој од клубот, кој потоа би им ја пренел на девојкиве? Глупо и жално е девојкиве веќе подолго време да се чудат и да мислат дека се игнорирани од Комити без причина.
Еве ти одговор од нивни член.

Не е битно дали е ок објаснувањево или не. Битно е да им се пренесе на девојките.

Искрено и ја незнаев, ама ако е тоа некое правило нема што да бараат ЖРК Комити да навиваат и за нив....
А би било многу добро во секој случај
 
Јас ги гледав денеска од второ полувреме, Ихнева се растури од голови, одлична во напад. Шанса доби и Симона Стојановска, имаше два удари и еден гол. @jyvation кој играше десно крило во второ?

Прво Клики а во второ Черноиваненко ;)
 
Помагајте им ако знаете

tlBjGfX.png
 
Вардарки без Пино во првата фаза од ЛШ

Ракометарката на Вардар, Алисон Пино денеска имаше операција на коленото, која ќе ја оддалечи од ракометните терени околу два месеци. Станува збор за операција на 'рскавицата на левото колено, и поради сериозноста на истата предвиден е подолг период на рехабилитација.
Операцијата мина успешно, и се очекува француската интернационалка да биде подготвена за мечевите од втората фаза на ЛШ. Левиот бек нема да може да настапи на ниту еден натпревар во првата фаза по групи во Лигата на шампионите, односно ќе ги пропушти сите шест дуели против екипите на Будуќност, Турингер и Подравка.

Вардар првиот меч од групната фаза го игра во Подгорица против Будуќност следниот викенд.

http://www.zrkvardar.com/mk/news/vardar/1150-2014-10-10-21-23-50

Голем хендикеп посебно што се работи за играч во двата правци.
Еве шанса за младата Ихнева да видиме што играч сме земале и како ќе се носи во ЛШ :)
 
Ете ти проблем, единствената ракометарка што имаше мадиња да им се спротистави на дебелине (и Лејно да не ја заборавам но не е од поле таа) ја изгубивме за цела групна фаза. Цвијиќ со Икнева заби ќе чепка :icon_mrgr: да не зборам пред време сепак, верувам во малата, само што на прв поглед така изгледа. Олеснително е што тие прво коло ќе бидат без Неагу која е исто стаклена како Пино. Јока не ја ни бројам во повредени, со оглед на формата а повредена а здрава исто ни се фаќа. Нерешено нека извадат таму доста е.
 
Денес целодневен ракомет, изгледани двете утакмици :)

Вториот натпревар ми беше поинтересен.
Добри се девојчињава само ќе губат како магарици во ЕХФ купот :D
Керамичиева солидна во двата правци како и секогаш, исто и Тодоровска.Гакидова си ги полнеше од пикер.
Ладева имаше преку 10 одбрани сигурно и еден пенал фати :cuc:
Второ полувреме ги седна на клупа повеќето па практично игравме со втора постава.
Останативе девојчиња мора малце да се стегнат.Премногу брзаат и прават доста грешки.Срамота е носат опрема на нив од неколку илјади евра.
Нека земат пример од Грба.
Секоја чест за неа, две класи е подобра од сите останати.
Како се работи кај Црногорциве нема заебанција :cuc::cuc:
Добро е што ја пријавиле и за ЛШ.
Како само ја лапнале нашиве секоја чест и за нив.Така се работи мора да се мисли и во иднина.
Веќе два играча добиваме кои се комплетни и за напад и за одбрана.
По моја проценка за година-две овие би ги замениле Николиќ и Зебиќ.

Ѓорче играат со деца, жална слика стварно :(
Кога ќе ми текне до пред една деценија каде беа а каде се сега..
Пола од нив ги имам видено како излегуваат од коцкарници.
Нека им земат барем добар тренер и нека ги слушаат неговите совети, нека не го брукаат името и минатото на клубот.

Извини вака што упагам ....вторава утакмица против кого играа девојките?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom