Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Мене едно не ми е јасно: дали нашиве екипи не сакаат скандинавски ракометари/ки во составите или тие не доаѓаат самите? Две такви брзи ракометарки се потребни на ЖРК Вардат СЦБТ.
 
Наташа Антиќ би можела да го засили ЖРК Вардар СЦБТ, потекнува од школата на Кастратовиќ , моментално е голман на Македонската Сениорска репрезентација и ЖРК Металург.
Ти нормален ли си што пишуваш бре ... Вакво дрво како оваа во првиот тим на Вардар :facepalm:[DOUBLEPOST=1401884575][/DOUBLEPOST]
па како трет голман не би била лоша, или прва опција во вториот тим , а за пикер можат младеновска да ја земат :D MADE IN KASTRATOVIC
Младеновска ќе си замине во странство
 
http://www.zrkvardar.mk/mk/news/vardar/939-2014-06-04-08-09-45 и после ќе се чудиме како црна гора има квалитетни ракометарки
Не знам кој се чуди...
Кога ние ќе праиме селекција на ракометарки според квалитет и истите тие да се туркаат напред тогаш ќе имаме позитивни резултати на репрезентативно ниво. Додека ги туркаме на сила некои ништо не праиме.
 
Ти нормален ли си што пишуваш бре ... Вакво дрво како оваа во првиот тим на Вардар :facepalm:[DOUBLEPOST=1401884575][/DOUBLEPOST]
Младеновска ќе си замине во странство
антиќ бо можела да биде трет голман во вардар, како саидова што беше. против хрватска и србија одбрани 16-17 удари ( сениорска селекција), добри партии имаше и против вардарки
 
Андреа :love: Тој што ќе си ја земе прво кај мене на распит.
 
Да не има некој на форумов што и пренесува информации на Тата? Замина за Русија и стана повторно русокоса :cautious:
П.С. добро што се префарба :cuc:Прегледај го приврзокот 94408
Стави ја другава слика сосе коментарите, глејте им ја дискусијава :pos:
tyzyhapa.jpg

ancika е Ѓокиќ, не се појавуваат смајлињата само. Царе бе, ѕверови се :cuc:, го учат македонскиов на street level :D
 
Последно уредено:
Митова: “Задоволна сум од резултатите на мојата екипа сезонава, а и од мојот настап”
Младата ркометарка на ЖРК Вардар Сара Митова е и дел од сениорската репрезентација на Македонија, која на 11.06 (среда) ќе го игра квалификацискиот натпревар против Германија за пласман на ЕП, чии што домаќини ќе бидат Хрватска и Унгарија.

За Митова ова ќе биде прв настап за сениорската репрезентација на Македонија, откако претходно беше дел од кадетската селекција. Левиот бек на ЖРК Вардар која што оваа сезона настапуваше и за младинската екипа и за првиот состав, смета дека нејзината екипа имала успешна сезона.

“Мислам дека имав добра сезона и задоволна сум од тоа како помина мојата екипа. Настапував и за младинскиот тим на ЖРК Вардар и за првиот тим и мислам дека на секој натпревар на кој што ми беше дадена шанса за настап, тоа го искористив максимално. Посветено работам на подобрување на мојата форма и мислам дека успевам во тоа, а со исто темпо планирам да продолжам и во иднина со цел да ја оправдам довербата што ми е дадена од тренерот”

За Митова исто како и за Петковска, ова ќе биде дебитантски настап за сениорската репрезентација на Македонија. Таа досега настапуваше за кадетската репрезентација.
“За прв пат ќе бидам дел од сениорскиот тим на македонската репрезентација,што за мене претставуваогромна чест. До сега настапував за кадетската селекција, но ете добив повик да бидам дел од најсилниот состав и многу сум задоволна од тоа. Благодарност и до селекторот што ме стави на списокот за претстојните дуели, со што ми овозможи да играм заедно со најдобрите и мислам дека доколку добијам шанса за настап ќе го дадам максимумот за да ја оправдам довербата”

Следниот противник на “црвено-жолтите” во квалификацискиот циклус е Германија. Селекторот Магдинчев се реши овие квалификации да ги одигра со подмладен состав, од кој што резултати би требало да се очекуваат по неколку години.

“Против Германија не очекуваат два тешки натпревари, бидејќи Германките и Русинките се главни фаворити за место на ЕП од нашата група. Со оглед на тоа што нашата репрезентација е составена главно од млади ракометарки, ќе биде тешко и на двата натпревари, бидејќи Германија е голем фаворит. Сепак, сметам дека ние како репрезентација ќе се залагаме со сите сили да оствариме што подобар резултат, а што ќе ни донесе тоа ќе видиме на мечевите што следуваат” – изјави Сара Митова, ракометарка на ЖРК Вардар и македонска репрезентативка.[DOUBLEPOST=1402058458][/DOUBLEPOST]http://24rakomet.mk/криза-во-екипата-лада-черноиваненко-в/
WELCOME OLGA
 
Што значи бај бај Костјукова
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom