Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Мора и тука да пишам, браво за девојките за денес. Ме радува тоа што не паднаа психолошки туку си изиграа како што треба денес. Пред почетокот имаа изјави Индира, Нацева и Лејно и некако уште им идеа солзи за борењето со Будуќност. Ама изиграа добро, покажаа карактер и со вакви ситуации и утакмици се станува појак. Нека и е со среќа пензија на Џокиќ, максимално професионално си ја одработи цела сезона и ги освои симпатиите на сите. Николиќ феноменална денес, може и она да се пензионира, бар некако така ми делуваше интервјуто после утакмицата. И Хмирова денес покажа дека има талент, само треба да работи многу. Пред некоја страна пишав дека треба да влегува како џокер од клупа и така и беше денес(добро, сум погодил нешто и ја од ракометов :)) и се покажа одлично. Вчера играа со страв од дуели пошто тие ѓулињата малце се ненормални, а плус и на многу од нив им беше прва утакмица од таков тип. Мислам дека можат да се држат со Ѓер и со овој состав во нормални услови на игра. И за крај за Индира, она си сработи фантастична работа цела сезона. Сите ракометарки кажуваат дека никогаш не играле во екипа со ваков тимски дух, со ваква атмосфера и поврзаност, а за тоа голема заслуга има тренерот. Се гледа дека и фали искуство, дека има работи во кои и греши, но севкупно земено одлично ја водеше екипата цела сезона според мене. Можеби треба да земат некој помошник тренер, некој со искуство да ја советува во клучни моменти меѓутоа тоа е работа на управата. Само нека продолжат да работат вака и сигурен сум дека резултатите ќе си дојдат. На крај на краиштата 9 месеци се заедно. Толку од мене, наредна сезона осеќам дека пак ќе има нервози и стресови, ама јебига, за такви тимови навивам, но затоа таквите победи се најслатки, кога срцето е оставено на терен. Главата горе девојки, заедно ќе пееме догодина АЈДЕ АЈДЕ АЈДЕ ВАРДАРЕ.
 
Последно уредено:
Абе нека не ме дупат, Лејно на трибини. :facepalm:
 
Лејно пред мечкот збореше доле на паркет со коментаторов од Алфа и кажа дека се здобила со повреда на грбот вчера во текот на второто полувреме.
 
Одете на ФБ-то на Лекиќ, 450 коментари има како и пишуваат дека Цвијиќ ја повредиле, Андреа ставила слика од славје доле коментари „падна свињата, ајмооооо“ :pos: Каков народ сме :cuc:

после ќе си ја пуштам утакмицата на раат, но глеам прееска некои им замераваа зошто се радуваат. Луѓе бе... тие урлаат од среќа Загорје кога ќе го тепаат, како што пиша Л`Интериста сите зборат како е можно да се состави ваков тим каде што сите си станале најдобри другарки една на друга, тим со многу хемија. И на нив не им е верно како се случи ова, од Салерно до Будимпешта. И демек, излези момче ја пееле :facepalm: Лејно и Дембеле да не ќе ти мислат песни на македонски? На кој му смета нека дојде во сала и нека ги научи девојкиве на некоја друга, слободно, тие таа ја имаат чуено, певлива им е, им се свиѓа и урлаат ко неарни. Имаше иницијатива памтам на СЦБТ групата на ФБ на Јованка против Савехоф да и се пее Јовано, Јованке ама ништо, сите ќутеа првото полувреме.

Ајде цели за наредна сезона

- Алтхаус да ја научат да пцуе на македонски;
- На Хмирова да и стиска газот повеќе, го има талентот;
- Лејно и Пино да ги омажиме;
- Захов да ја спастри Јованка;
- Костјукова да се затвори во теретана и да се набие зошто ја нема висината;
- Ако се паднеме со Будуќност во група, copy скандирањата за Димовски paste во БТ кога ќе ја има топката во раце Цвијиќ
- Трофеј од ЛШ;
- Нацева & Инди и Платон како чест гледач на Кале да се сликаат со трофејот уште еднаш, овој пат како пензионерки;
- Тоа девојчето Ладева од генерацијата 98/99 против некои боси од група да ја фрлат во оган малце барем 5 минутки да побрани, има потенцијал;
- Црвенкоска да отвори свој Доминос;
- Штеки наша да стане Горбич нумеро дуе;
- Кликовац да научи уште клизачи како да прави и комплетна е;
- Рубинчо не само да ги прска со спреј туку да научи и нови методи;
- Суслина да си го уреди новиот стан;
- Да се френгосаме наредниот мај сред плоштад.

Се ова да е checked наредна сезона :D[DOUBLEPOST=1399240732][/DOUBLEPOST]
Лејно пред мечкот збореше доле на паркет со коментаторов од Алфа и кажа дека се здобила со повреда на грбот вчера во текот на второто полувреме.
Значи и Лејно успеале да ја повредат, свака им част еј, овие Хитлер да ги имаше на рускиот фронт сега ќе бевме под Германија.
 
после ќе си ја пуштам утакмицата на раат, но глеам прееска некои им замераваа зошто се радуваат. Луѓе бе... тие урлаат од среќа Загорје кога ќе го тепаат, како што пиша Л`Интериста сите зборат како е можно да се состави ваков тим каде што сите си станале најдобри другарки една на друга, тим со многу хемија. И на нив не им е верно како се случи ова, од Салерно до Будимпешта. И демек, излези момче ја пееле :facepalm: Лејно и Дембеле да не ќе ти мислат песни на македонски? На кој му смета нека дојде во сала и нека ги научи девојкиве на некоја друга, слободно, тие таа ја имаат чуено, певлива им е, им се свиѓа и урлаат ко неарни. Имаше иницијатива памтам на СЦБТ групата на ФБ на Јованка против Савехоф да и се пее Јовано, Јованке ама ништо, сите ќутеа првото полувреме.
она

А бе, па српскава репрезентација пред излагање на терен си ја пееја: Чке београдске, тотално полуделе, песна за ексери и тхц, ама таа е таа што ги развеселувала и заразувала и им била ко амајлија и таа си ја пееја поштено. Исто и тогаш у Србија им мрчеа, а девојките сребро освоија.
Мрчатори секогаш ќе најдеш...
 
Балкан тоа ти е...
 
Лејно знае македонски песни, што мислиш ти, ја за што сум тука? м?

А што тиче на Костјукова, неа @ElNinho ќе ја набие, без гајле. :icon_lol:[DOUBLEPOST=1399242948][/DOUBLEPOST]
10297602_434256640044212_4935452999235800321_n.jpg
[DOUBLEPOST=1399243780][/DOUBLEPOST]Дефиниција за селфи. :love:
10295732_10152331542885675_7313139318886231505_n.jpg
 
Последно уредено од модератор:
Лејно ако е за мажачка ете со Џонтра нека се договорат нешто :D

- Тоа девојчето Ладева од генерацијата 98/99 против некои боси од група да ја фрлат во оган малце барем 5 минутки да побрани, има потенцијал;
Нина стварно има потенцијал , Вардар освои пионерска лига , а неа ја прогласија за најдобар голаман.У ОП одскокнуваше ептен , се гледаше одма дека има квалитет.А за минутажа незнам колку се реални шансите,ама одлично би било да добие шанса.

Од денашната утакмица т.е вчерешната , уште повеќе се нервирам што не успеавме да избориме финале, а дефинитивно можевме.
За догодина каде каде пораснаа апетитите :sneaky:
 
Последно уредено:
А бе, па српскава репрезентација пред излагање на терен си ја пееја: Чке београдске, тотално полуделе, песна за ексери и тхц, ама таа е таа што ги развеселувала и заразувала и им била ко амајлија и таа си ја пееја поштено. Исто и тогаш у Србија им мрчеа, а девојките сребро освоија.
Мрчатори секогаш ќе најдеш...
Од 0.40 :pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom