Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
A како треба да е насловот според тебе?
И не, не верувам.
"Вардарки го прегазија вицешампионот Ларвик", "Сензационална победа на Вардар СЦБТ на гости против велесилниот Ларвик", "Вардарки го понижија ГОЛЕМИОТ Ларвик пред домашна публика" итн итн итн

на овој начин доаѓа до израз победата, се воздигнуваат ракометарките а не ко очекувана победа да било, ко да Ларвик не е силен, таков впечаток се добива.
убаво ти рекоа незнам што креваш галама :unsure:
или дека не се работи за ЖРК Металург?
 
Членот тој што ја почна дискусијата се фати за насловната на весникот, а не за текстот напишан во него, што има лошо во насловот, и во текстот под него, цитирам..
„Нашите шампионки го потврдија својот врвен квалитет и на гостувањето кај еден од најдобрите европски тимови“
За последното прашање, не знам што се напали, очигледно имаш некој проблем самиот со себе, кога не знаеш да одговориш т.е нит ти поставив тебе прашање, па се јавуваш непотребно.
 
Изгледа ги потценувате ракометарките. А верувам дека и не сте го прочитале текстот напишан во весникот, туку само насловот на почетна сте го прочитале, што е сосем во ред, не гледам повод со тие ракометарки што ги има Вардар моментално да не се напише тоа.
А во поднасловот пишува „Европа се стресе, ЖРК Вардар демонстрира моќ“ и тука ли не чини напишаното?
За другото не знам што испомеша баби и жаби, можеби нема континуитет тимот т.е името Вардар, ама ракометарките и те како имаат, ако за тебе крило како Радичевиќ, бек како Лекиќ, голманките како Лејно и Суслина не се достојни за да им се спротистават на Ларвик, што за мене и немаат нешто толку моќен тим, ете некој друг размислував подруго..
Тоа ти е исто како машкиот клуб на Вардар да напраи добар резултат т.е да се пласира во 1/8 финале, и да е изненадување за сите, бидејќи тимот до сега не напраил нешто повеќе во ова натпреварување.
Ако се плука по тимот, пак не чини, ако се крева во облаци (оправдано) пак не чини.
Двосмислен е насловот. Ако конкретно збориме за него.
ЖРК Вардар славеше на гости кај ланскиот финалист и тоа не е мала работа, особено што на домашниот натпревар не успеавме да победиме.
Од насловот се гледа како да сака да каже демек ете најдобар состав имаме, па не би ни требало да е прашање дали ќе победиме во сите утакмици.
Му дошло нешто како лани кога Металург ја помина групата, место да имаше по цели страни за нив, да пишуваше ЛЕСНО Е ДА ПОМИНЕШ ГРУПА КОГА ПОЛА ЕКИПИ СЕ НА РАНГ НА РК ПРЕСПА ;)
Горе-доле имаме добар тим, но и сам знаеш колку е тешко за неколку месеци да воиграш толку играчи, земи пример од ПСЖ да речеме :) Сепак има и други тимови кои би можеле да ни конкурираат. Ѓер е играчки појак, Ларвик е веројатно на исто ниво, а горе-доле сите екипи што влегоа понатаму за тешки за совладување на нивни терен конкретно.

Сепак мене искрено кур ме заболе што напишале :icon_mrgr:
И онака се весник што пишува по нарачка, така да иако долги години трошев пари на нив чисто ради тоа што имаат статистики од Македонските спортски првенства, сепак веќе ни денар не им давам.
 
Изгледа ги потценувате ракометарките. А верувам дека и не сте го прочитале текстот напишан во весникот, туку само насловот на почетна сте го прочитале, што е сосем во ред, не гледам повод со тие ракометарки што ги има Вардар моментално да не се напише тоа.
А во поднасловот пишува „Европа се стресе, ЖРК Вардар демонстрира моќ“ и тука ли не чини напишаното?
За другото не знам што испомеша баби и жаби, можеби нема континуитет тимот т.е името Вардар, ама ракометарките и те како имаат, ако за тебе крило како Радичевиќ, бек како Лекиќ, голманките како Лејно и Суслина не се достојни за да им се спротистават на Ларвик, што за мене и немаат нешто толку моќен тим, ете некој друг размислував подруго..
Тоа ти е исто како машкиот клуб на Вардар да напраи добар резултат т.е да се пласира во 1/8 финале, и да е изненадување за сите, бидејќи тимот до сега не напраил нешто повеќе во ова натпреварување.
Ако се плука по тимот, пак не чини, ако се крева во облаци (оправдано) пак не чини.
Никој не ги потценува ракометарките, ако ние ги потценуваме, тогаш и они и газдата ги потцени со целта за поминување на групата. Ти напишаа како би требало да биде насловот. Не значи дека ако имаш добри имиња ќе газиш во прва сезона(хинт ПСЖ).
 
Лоша е споредбата ПСЖ - ЖРК Вардар, едното со другото не е исто, сепак конкуренцијата во ЛШ машка и ЛШ женска, има голема разлика, тука во втората неколку клубови само се конкурентни за тие први четири места, за разлика од машката каде конкуренцијата е многу голема, и речиси сите екипи се горе доле исти, со исклучок на некои што не можат да земат победа на домашен терен.

И интересни ми се заговорите против Вардар, дали фудбалски клуб, ракометен или што ти знам кој, и тоа дека се платени новинарите да пишуваат, посебно сега за овој текст на Вардар(еве познаникот веќе не знае што да напраи со парите), и изминатите.. уште поинтересно е што го мешате секаде Металург, а нема потреба ама баш ич. :))
 
Не само за Вардар, Мак спорт е весник кој што дефакто пишува по нарачка.
Порано кога Михајло им фрлаше пари пишуваа само за нас, па кога и Пелистер ќе направеше успех ќе им дадеа еден пасус и толку. Сега Минчо им фрла пари и си пишуваат по нивна директива, не знам што не е јасно.
И тимов од мое маало во фудбал, со врски издејствува статија која ТРИ ЧИСТИ НЕМАШЕ :icon_mrgr:
Пишуваат и статии за фудбалери по нарачка од фудбалерите, за да им се зголеми цената или па да го свртат вниманието врз нив.
Единствено позитивно е што имаат какви-такви информации од Мак првенствата од повеќето спортови, па дури и за вторите и третите лиги.

За фудбал па не знам што се буниш кога не ни следиш што се случува. Го дигнаа Турново до врв, си дозволија да стават наслов во кој нивниот газда го ШУТИРА нашето знакче. Нормално кој како им дава пари за нив пишуваат.

Металург и насловот што го дадов ти го споменав чисто да ти доловам како не треба да изгледа еден наслов.
Пошто очигледно кога сме ние во прашање ништо не разбираш, а кога се они во прашање се ти е јасно :icon_lol:
 
Немој да живеете во илузии дека Комити ОРГАНИЗИРАНО ќе навиваат за ЖРК Вардар.

Знам дека за вас е несфатливо, така да на кого и да сум му го кажал објаснувањето се чудел.
Има едно правило во навивачки свет дека во еден спорт можеш само една екипа да поддржуваш. Комити веќе го имаат поддржувано Кометал. Огромна грешка е што иако за Кометал го бодреше цело Скопје, само Комити како предводници на групата фанови на Кометал имаа транспаренти во зелено-жолтите бои.
Па сега дочекавме за тоа да не дупат сите во МКД, па дури и членовите на групите кои истотака навивале за Кометал но немале трансови во тие бои.
Па уште да навиваме за друг тим во истиот спорт, па макар што тоа е Вардар (грешката е направена тогаш, правилно ќе беше сега без проблеми да се бодри Вардар) ќе биде уште поголем резил на навивачки план.

И онака на ЛШ мечевите на ЖРК Вардар во публика има бар 400 членови на Комити, но барем засега не сме се решиле да се групираме некаде и да навиваме. Тоа би му дошло спонтано, и ниту во тој случај нема да се носат реквизити од групата, а најмалку да се носат транспаренти и слично.

Така да не очекувајте некоја магична атмосфера на дуелите на девојките :icon_mrgr:
Сфаќам што кажуваш али ипак.... Кометал веќе не постои...ЖРК Вардар е еден вид реинкарнација на Кометал...така да и комити колективно да навиваат нема да испадне ништо лошо пошо Кометал веќе не постои а навивачка група постои...а и башка 70 посто од тие што идат сега со комити никад не ни биле на натпревар на кометал ...така да малку глупаво е ова од страна на комити заради вакви работи да не дадат целосна подршка на девојките како што и заслужуваат...
 
ff9942f242057238f28f31ba18a9f2cf.png
 
Среќа голема. Полуфиналето е и повеќе од достижно. Подобра опција од оваа здравје. Од друга страна, другата група ќе биди хаос. Прашање е дали имало некогаш толку јака група во женската ЛШ.
 
Среќа голема. Полуфиналето е и повеќе од достижно. Подобра опција од оваа здравје. Од друга страна, другата група ќе биди хаос. Прашање е дали имало некогаш толку јака група во женската ЛШ.

Втората група е составена од првите 4 носители сезонава...Тоа кажува доволно колку јака група е:)
 
Втората група е составена од првите 4 носители сезонава...Тоа кажува доволно колку јака група е:)
Баш добро испадна што од најјаките 4 екипи 2 ќе си отидат дома а другите две ќе треба да ги елиминираме ако сакаме до врвот.

Одлично испадна сега наше е да го полниме Борис Трајковски и да им дадеме поддршка.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom