Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Не се сите со едно годишен договор.Очигледно не ги следиш работите во Вардар .Нема врска дали бил еден или пак две годишен договор,ако се задоволни од прикажаната игра можат да потпишат повторно .Барбоса останува во Олчим Валчеа и ќе игра за помала плата.
Вардар има и младински клубови и тим кој од следната сезона ќе се натпреварува во супер лигата .Значи овие ракометаркиве од младиов Вардар кој ќе игра супер лига ќе си стекнат искуство со поголеми клубови.Исто така вториот тим на Вардар ќе ги игра натпреварите во Регионалната Лига.
Многу се вложува во проектот Вардар СЦБТ,посебно се работи со младинските школи каде има и ракометарки од други градови .Целиов проект за неколку години ќе има резултати,плус мислам дека на младиов Вардар кој влезе во супер лига тренер е некоја србинка поранешна ракометарка на Кометал .На некои натпревари Кастратовиќ им даваше шанси од младинкиот тим на Вардар како што Трбовиќ играше на некои натпревари,Белеска,Трпковска и други .
ех,незнам дали ќе чекаат вакви имиња години,за да направат успех.
И да,повеќето се со едногодишен договор.
Нема што да се збори,направија светски тим,мора да освојат,само по себе им се наметнува тоа со овие вложени средства и донесени имиња.
Ко да ги донесеш,Агинагалде,Јиха,Рутенка,Лазаров,Сигурдсон,Хансен,Чупич и да речеш не,не можат овие да освојат Л.Ш. треба да поминат години.
Нема години со ваков тим,или освојуваш и успеваш или не освојуваш и ништо не си направил.

А тоа за Македонски ракометарки дека нема,па реално нема ни една што заслужува да биде на ист терен со овие играчи на жрк. Женскиот ракомет ни е очаен.
Да вредеше некоја немаше 30 играчи нови да земат.
 
А Булатовиќ :(
Дмитровиќ, Кликовац, донекаде и Николиќ..има квалитетни ракометарки што може да настапуваат на позицијата десен бек..:)
 
Може да се земе уште еден десен бек покрај Кликовац и Дмитровиќ.

Составот и позициите би требало вака да изгледаат:
Голман:Суслина,Саидова,Лејно
Десно крило:Костјукова,Радичевиќ,Екатерина
Лево крило:Пецевска,Дембеле,Зебиќ
Десен бек:Кликовац,Дмитровиќ
Лев бек:Хмирова(може и среден бек),Менди,Штериова
Среден бек:Леќик,Пино,Николиќ(може и лев бек),Црвенковска
Пикер:Фернандез,Лојпур
 
Николиќ е планирана за десен бек сигурно, нема шанси да ротираат четири средни бекови. Кликовац одбрана, Николиќ и Дмитровиќ во напад.
 
Николиќ е планирана за десен бек сигурно, нема шанси да ротираат четири средни бекови. Кликовац одбрана, Николиќ и Дмитровиќ во напад.

Ја гледав Николиќ додека играше во Звезда Звенигород и воглавно играше одбрана.Многу ретко играше напад и кога играше обично ја ставаа лев бек.Не верувам Кастратовиќ да ја игра како десен.А и среден бек не верувам да игра покрај Лекиќ и Пино.Незнам оваа Хмирова дали може да игра десен.Ако игра па испаѓа дека се тенки и на лев бек Штериова незнам колку може да пружи добри партии во ЛШ.
 
Ја гледав Николиќ додека играше во Звезда Звенигород и воглавно играше одбрана.Многу ретко играше напад и кога играше обично ја ставаа лев бек.Не верувам Кастратовиќ да ја игра како десен.А и среден бек не верувам да игра покрај Лекиќ и Пино.
Згрешка бе, ги помешав страните :icon_mrgr:

Како и да е, Дмитровиќ е висока и има силен удар, но не е многу подвижна но си дава голови. Кликовац е многу пониска по тромава, али срце ми е, иако не е нешто посебно симпатична, ептен е борбена :)
 
12. Татјана Хмирова (десен/лев/среден бек) – договор до јуни 2015

Чим ЖРК Вардар ја сметаат и како десен бек ондак ништо не сме направиле.Ова се решава само со доведување на еден десен бек и крај.Ама читам го затвориле ростерот така да можно е и онаа Саздовски да се убаци некако зошто да не :)
 
Ехе и ова е повеќе од доволно што се направи, титула ЛШ нема шанси, да не се лажеме, али четвртфинале или полуфинале мораат да стигнат ако сакаат ракометарките да им останат и следната сезона, и секако името да не го сменат...
 
Реално со овој ростер квалификациите ги поминуваат ко од шала.Потоа во група почнуваме од 4-от шешир и реално ако се избегнат Ѓер и Ларвик зошто да не бидеме и први во групата.Олчим Валчеа се соочува со финансиски проблеми така да не верувам да бидат јаки а со Будуќност сме тука некаде.Ако влеземе во онаа втора фаза со 2 групи тука мислам ќе биде максимумот од овој тим.Што за прва сезона во ЛШ ќе биде и сосема доволно.
 
Не знам како е понатака, после втората група е полуфинале? Не пратам женски ракомет последниве години.
 
Не знам како е понатака, после втората група е полуфинале? Не пратам женски ракомет последниве години.

Да бе првите 2 од секоја група фактички се двете полуфинални двојки.Оваа година првиот меч од финалето е за 2 дена Ларвик-Ѓер а реваншот за една недела.
 
искрено се надевам дека ќе го повторат успехот на Кометал, ама не ми се верува дека тоа така брзо би било ... треба уигрување, џабе врвни ракометарки земаш, ако не се уиграни ... сите екипи што успеваат во било кој спорт, ја прават екипата со години и имаат иднина, а не купи играчи и стани шампион ... еве и шампиони да станат, наредната година ако се намалат финансиите ќе нема основа за повторување на успехот
 
ЖРК Вардар СЦБТ е новиот шампион во Македонија...Честитки...ЖРК Металург-ЖРК Вардар СЦБТ 18:21..:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom