Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Абе батали го, со него ќе правиш муабет.

ЖРК Металург — ЖРК Вардар СЦБТ 21:29 (12:14)
ЖРК Металург: Андрејева, Иаломитеану, Антиќ, Мечевска 1, Гроздановска 1, Ѓорѓиевска 2, Бајрамоска 7, Десподовска 1, Младеновска 1, Николиќ, Николовска, Башиќ 3, Саздовска, Васчук 1, Митрова 4 и Ристовска. Седмерци: 4/6. Исклучувања: 8 минути.

ЖРК Вардар СЦБТ: Суслина, Саидова, Костјукова 3, Саздовски, Љублјанаја, Штериова 4, Пецевска 2, Маневска, Дмитровиќ 4, Виноградова, Кликовац 5, Фернандез, Црвенкоска 8, Роча и Лојпур 3. Седмерци: 3/4. Исклучувања: 4 минути.

Кликовац со 5 гола ме изненадува, играше само одбрана последните натпревари, Фернандез без гол исто е изненадување додека Лојпур 3.

И тоа што викаш, сум нашла со кого да се докажувам:)

Инаку Фернандез си ја завршила работата во одбрана одлично, претпоставувам Индира ја одмарала во напад (не отидов да ги гледам денес, не стигнав). А Кликовац знае и во напад да игра, ама на последните утакмици кога ги гледав како да се плашеше да шутне...Од одбрана ќе дојдеше во напад и ја застануваше акцијата за да се смени со Дмитровиќ...Добра е и во напад, само и треба повеќе храброст...
 
Приметив дека истрчува само во полуконтра, ако нема шанса за гол одма се менува, доста цврст играч за одбрана, ми се допаѓа многу.

Или ја одмарала, или играла со два пикери пак, барем мислам дека после одлучувачкиот тајм-аут влегла Лојпур и ја направиле разликата.
 
И тоа што викаш, сум нашла со кого да се докажувам:)

Па до некаде и во право е да ти кажам.Црногорската репрезентација немаше да биде тоа што е сега ако не беше Будучност и домашните ракометарки.Зошто да се шутне Саздовски или Штериова јас мислам треба да им се даде шанса.Млади се по 21/22 години имаат и сега треба да се докажуваат и да се поработи малце со нив.Јас незнам од каде ќе сакате успеси во женскиот ракомет ако не им се даде шанса на нашите ракометарки.Верувам дека Индира нема толку лесно да се откаже од нив а барем не од Саздовски.
 
За жал и јас не верувам дека во моментов има наша ракометарка која заслужува да биде дел од сериозен тим. Мислам дека дури и за Драгана Пецевска немаше да има место доколку не беше многу блиска со Кастратовиќ.
 
Пецевска е жива катастрофа. Саздовски и Штериова ќе останат најверојатно во тимот, иако и двете играат прилично слабо.
 
И тоа што викаш, сум нашла со кого да се докажувам:)

Инаку Фернандез си ја завршила работата во одбрана одлично, претпоставувам Индира ја одмарала во напад (не отидов да ги гледам денес, не стигнав). А Кликовац знае и во напад да игра, ама на последните утакмици кога ги гледав како да се плашеше да шутне...Од одбрана ќе дојдеше во напад и ја застануваше акцијата за да се смени со Дмитровиќ...Добра е и во напад, само и треба повеќе храброст...
Фернандес даде 4 голови ,Кликовац не даде.грешка имаат .иначе ме изненади Индира што Лојпур ги изведуваше пеналите ,од игра само еден гол постигна лојпур.Суслина 13 одбрани и пенал а пак Андреева 4 одбрани и пенал.во второто полувреме Штериова изведуваше пенал
 
Па до некаде и во право е да ти кажам.Црногорската репрезентација немаше да биде тоа што е сега ако не беше Будучност и домашните ракометарки.Зошто да се шутне Саздовски или Штериова јас мислам треба да им се даде шанса.Млади се по 21/22 години имаат и сега треба да се докажуваат и да се поработи малце со нив.Јас незнам од каде ќе сакате успеси во женскиот ракомет ако не им се даде шанса на нашите ракометарки.Верувам дека Индира нема толку лесно да се откаже од нив а барем не од Саздовски.

Штериова барем се труди и за неа има колку-толку надеж...Затоа реков дека може да остане во екипата како ВТОР бек, со тоа што би се донела некоја врвна ракометарка на нејзината позиција од која би можела да учи...Тоа не важи за Саздовски...Значи девојката едноставно не прати што се случува околу неа на терен...Максимално изгубена е, а и во повеќе ситуации ја имам видено да остави топката да отиде во аут или кај играч од другата екипа само затоа што ја МРЗИ да потрча или да се наведне да ја земе...Прв пат ја видов на ЕП во Србија и ми остави релативно позитивен впечаток (во тоа сивило од другите ракометарки, изгледаше солидна), ама откако ја гледав неколку пати во живо многу се разочарав...Никаква желба нема...Чисто за споредба, Црвенковска се крши за да спаси топка да не отиде во аут или нешто слично...Таква борбеност кај Саздовски нема...И Штериова е прв избор на лев бек, Саздовски втор, така што Индира ако се откажува од некоја од нив две тогаш тоа сигурно ќе биде оваа втората...
Што се однесува до Црногорската репрезентација, тоа е плод на долгогодишна работа...Кај нас со младите категории со години не се работи...Јуниорска женска репрезентација практично и немаме (не знам која точно категорија беше, ама за некое јуниорско/кадетско/какво и да беше првенство ние немаме ни пријавено репрезентација за квалификации)...Не знам после од каде сакате да излезат квалитетни ракометарки...Треба од 0 да се почне...Да се вложува во најмалите категории, а не да чекаме на 22 години некои да се докажуваат...На 22 години веќе треба да биде комплетен играч, а не допрва да учи да игра ракомет...
 
Па не реков дека е совршена има и они недостатоци кои треба да ги надополни.Осеќам дека ќе ја среди Индира и нема толку лесно да се откаже од неа.
Да Црногорската репрезентација е плод на долгогодишна работа, ама работа со Црногорски ракометарки кои играат воглавно во Будучност.
Нормално треба да се почне од 0 бидејќи од кога се распадна Кометал све се запусти.Моментално ги имаме овие 2 млади ракометарки и впрочем не се криви они што сега се докажуваат на овие години кога се појавуваме на ЕП или СП секоj втор или трет циклус.
 
ЖРК Металург три години наназад е составен од најдоброто од Македонија па не забележаа никаков успех. И не, не е кривицата во распаѓањето на ЃП, верувам дека во ЖРК Металург имале и повеќе од доволно услови за напредок.
 
Тоа е тоа, најважната утакмица во сезоната е добиена.
Комотно да се освои лигата, и понатаму ќе биде нова песна. Годинава беше повеќе за испробување, особено за Македонските ракометарки да се види која од нив може да биде дел од еден ваков тим.
За жал многу од нив не го поминаа филтерот.
Штерјова и Саздовски нека се задржат во тимот, имаат некој минимален потенцијал. Пецевска разочарува засега, мада не верувам да ја отпуштат, додека Црвенковска си го има загарантирано местото за иднината.
Фалеше квалитет низ годиниве, така не остана нешто премногу квалитетно.
 
Официјално:

ЖРК МЕТАЛУРГ – ЖРК ВАРДАР СЦБТ 21:29 (12:14)
ЖРК МЕТАЛУРГ: Андрејева (3 одб.), Иаломитеану (6 одб.), Мечевска 1, Гроздановска 1, Ѓорѓиевска 2, Антиќ, Барјамовска 7 (1), Деспотовска 1, Младеновска 1, Николиќ, Николовска, Башиќ 3(3), Саздовска, Вашчук 1, Ристевска, Митрова 4. Тренер: Крсто Петрушевски.
ЖРК ВАРДАР СЦБТ: Суслина (13 одб. 1 сед.), Саидова, Костјукова 3, Саздовски, Лубјанаја, Штериова 5, Пецевска 2, Маневска, Дмитровиќ 4, Виноградова, Кликовац, Фернандез 4, Црвенкоска 8(1), Пирес да Роча, Лојпур 3(2). Тренер: Индира Кастратовиќ.
Седмерци: ЖРК Металург4/6 , ЖРК Вардар СЦБТ 3/4
Исклучувања: ЖРК Металург 6 мин., ЖРК Вардар СЦБТ 4 мин.
 
Ќе навиваат Вардарци за тимов ако се смени името во РК Македонија?
Со многу новини ја очекуваме новата ракометна сезона за нашата екипа . Во нашиот состав доаѓаат неколку нови ракометарки и се екипира нов силен тим што ќе биде конкурентен со водечките екипи во Европа. По изградбата на Спортски центар „Јане Сандански“ ќе следува и преселба на седиштето на клубот во Аеродром и овој нов спортски храм во Скопје во иднина ќе биде нов дом за нашата екипа.
Сите овие новини ја покренаа идејата во новата сезона да влеземе и со ново име на екипата. Наместо досегашното ЖРК Вардар Спортски центар Борис Трајковски (ЖРК Вардар СЦБТ), во конкуренција се неколку предлози – ЖРК Вардар, РК Македонија, РК Скопје и РК Аеродром.
Го очекуваме мислењето од јавноста за овие предлози и сакаме заедно со нашите фанови да го избереме новото име на клубот. Во анкетата на нашиот веб-сајт може да го дадете својот глас за предлогот што најмногу ви се допаѓа.Резултатите од анкетата ќе бидат сумирани на 25 март.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom