Фан клуб: ЖРК Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Се е тоа бледило, тешко бледило од ракометарки. Буквално чим ни една неможам да речам добра е се е под просек на квалитет. Освен Лекиќ која очигледно пак сака да се продаде добро, на другите или не им е во план да продолжат да играат или мислат дека доволно играат. Јас лани ти зборев за Ѓокич дека е најдобра. И оваа година гледаме дека фали. Онаа шпанката јас незнам како и се смета за некое засилување, па таа човече може да игра се освен пикер. За пикер треба ум, сила и вештина. Она од овие три ствари има само коса.

Јас сум убедена дека сезонава ќе биде потоп. И како круна наместо овие неспособниве ракометарки да летаат ќе лета Индира. Може и стварно е крива оти има таков карактер и стварно мислам дека Ања би била добро да дојде за асистент. Иако за вакви јас би го земала популарниот русин Евгени Трефилов па добро да ги изнатепа и на терен да ги влече како говеда. Само таков профил за вакви.

Знаеш дека еднаш ја заебаваа Лекиќ на Инстаграм зошто денот и бил дома - утакмица - дома - фитнес - дома? :facepalm: :pos:

Да бе овој го изумив кај го откопа, или тој или Андерсен. Кога стрине од Данска за Ања кажа дека нема видено досега таков карактер за неа, шта речи... еден од овие двајца, па кога ќе им скинат од плата на сите освен овие што увидовме дека се двојат, ќе видиш како ќе лижат паркет после.
 
Знаеш дека еднаш ја заебаваа Лекиќ на Инстаграм зошто денот и бил дома - утакмица - дома - фитнес - дома? :facepalm: :pos:

Да бе овој го изумив кај го откопа, или тој или Андерсен. Кога стрине од Данска за Ања кажа дека нема видено досега таков карактер за неа, шта речи... еден од овие двајца, па кога ќе им скинат од плата на сите освен овие што увидовме дека се двојат, ќе видиш како ќе лижат паркет после.
Епа ќе ја заебаваат кога она дошла да работи, другиве ко к** да немаат видено цел живот бог да чува.
 
Многу реален и објективен текст

http://makrakomet.com/?p=640

Од 1996-та, паралелно со почетокот на успесите на женската ракометна репрезентација и Кометал Ѓорче Петров, станав ракометен фан. И повеќе од тоа. Натпреварите на овие две екипи во Кале беа вистински празник за мене. И не ми пречеше тоа што требаше да се оди на натпревар 3 часа пред почетокот на мечот, да се седи во сала во која нема тоалет, не можеш да се напиеш вода, ништо. Уживањето во настапите на ракометарките и прекрасната атмосфера, која според мое лично убедување нема да се повтори никогаш, беа се што ни беше потребно. И тврдам дека и покрај несомнениот квалитет што ги имаа ракометарките, да не беше атмосферата во салата, Кометал ЃП немаше да стане европски првак, ниту пак ќе играше 3 финалиња.

Со згаснувањето на Кометал ЃП, и почна падот на квалитетот на женскиот ракомет и растот на машкиот, па сега одевме на мечевите на Металург и Вардар. Сепак женскиот ракомет остана прва љубов.
И затоа создавањето на ЖРК Вардар микнатата сезона ме израдува до бесвест. И си купивме сезонски билети од 600 денари во блоковите веднаш позади делегатската маса. И радоста беше уште поголема кога таму, сосем случајно повторно ги видов истите луѓе кои ги запознав на мечевите на Кометал пред повеќе од 10 години. Истовремено, бев разочаран од слабата посета на натпреварите. Но добро, тие што го сакаат и познаваат ракометот, пред се женскиот ракомет, доаѓаа на натпреварите. И како одминуваше сезоната поддршката од трибините растеше. Ракометарките стигнаа то 3-то место и во новата сезона најавија пласман во големото финале.

И сега доаѓаме до главната причина на текстов. Салата на мечот со Турингер беше празна. И за тоа не е виновен никој друг освен Управата на ЖРК Вардар (или кој и да е одговорен за картите) која од самиот почеток прави грешки. Првите две грешки се однесуваа на сезонските билети.

1. Високата цена, која беше иста ЖРК и РК Вардар и покрај минатогодишното искуство со посетата на утакмиците на женскиот клуб
2. Убавите седишта не беа пуштени за продажба и вистинските фанови на клубот, оние кои минатат сезона не пропуштија натпревар, сега не можеа да купат карти по желба.

И нормално, продажбата на сезонски билети доживеа фијаско. Но тоа како да не им беше доволно на луѓето во клубот кои се занимаваат со продажба на карти, па билетите по натпревар продолжија да се продаваат по 350 денари. И на секој, ама апсолутно секој во Скопје и државава, му беше јасно дека салата нема да се наполни. Не само што нема да се наполни, туку и ако стигне до 1/3, ќе биде добро.

И тоа се случи. Вчера видовме, 1000-1500 луѓе во салата.

И ќе повторам уште еднаш – за оваа слаба посетеност не се виновни ракометните фанови. Виновна е управата која немаше никаков сенс при дефинирањето на цената. Како шлаг на лошите потези, организираат прес на кој ги молат Комитите (и тука целосно се разочарав од клубот) да доаѓаат на нивните натпревари. Зошто побогу? Потрошивте цела сезона молејќи ги и не дојдоа. Зошто повторно? Ај што сите знаевме дека нема да дојдат, што и се случи, туку што се понижија себе си и не понижија сите нас, кои го сакаме и го поддржуваме клубот.

Но, не е се изгубено. Управата треба да ја признае својата грешка, и веќе од наредниот меч да направи промена на цените на билетите. Две едноставни мерки, и салата ќе биде сигурно исполнета барем 70% од својот капацитет. А тоа се:
1. Еден билет од 350 денари да важи за двајца
2. Сезонските билети на тие што ги купија да им важат и за во наредната фаза на натпреварувања.


Само така, колку толку може да ја спасите сезоната. И треба да се реагира веднаш, бидејќи револтот кај ракометните фанови е голем.

Затоа, апелирам до управата на ЖРК Вардар. Бидете големи, извинете се за грешката и преземете ги потребните чекори за да ја вратите публиката на трибините. Ракометарките ја заслужуваат нашата поддршка. Видовме и дека им е потребна нашата поддршка. Управата нека го направи своето, за да можеме ние, навивачите и ракометарките, да го направиме нашето.
#СоСрцеЗаВардар

Да не заборавиме дека Кометал ЃП го имаше и најдобриот ракометен форум во светот.
 
Па со комитите кое им е објасното по 1000 пати зашто комитите како навивачка група нема никогаш да дојдат организирано да навиваат за ЖРК вардар...и пак цело време во уста им се комитите...
Ако го сакаат клубот, не мора и организирано да одат, има начини.
 
Епа ќе ја заебаваат кога она дошла да работи, другиве ко к** да немаат видено цел живот бог да чува.

А кој е крив што се така опуштени ако не Индира и нејзиниот „пријателски“ однос? :)
 
А кој е крив што се така опуштени ако не Индира и нејзиниот „пријателски“ однос? :)
Брат па не може Индира да им забрани да се е*ат. Они се професионалки и треба да почнат како такви да се однесуваат.
 
Брат па не може Индира да им забрани да се е*ат. Они се професионалки и треба да почнат како такви да се однесуваат.

Не дека сексот им е главен проблем, ама да, може и тоа да им го забрани. :D

Тактичките способности не ги земам во предвид сега, но односот со ракометарките и е премногу пријателски. Не дека е лош психолог и не им укажува на грешки ама за ваков дрим тим треба генералски авторитет на клупа, мора да биде построга. Дури тоа што има такви изградени играчи и дозволува да им се раздере без страв дека ќе им сјебе самодоверба заради неискуство.

Иако до душа и грото од ракометарките се професионалци и даваат максимум и против тимовиве од дивава лига. Повеќе фактори се виновни за ваквото бледо издание сезонава, меѓу кои многу битен и демотивирачки е празната сала минатиов меч. Да имаше барем 3.500 луѓе кур мој што ќе играа толку незаинтересирнао. Али и за тоа самите се криви со ненормално погрешната проценка со цената на картите. Наместо да продолжат кај што застанаа лани (ко на пример машкиот тим) они ко да почнуваат од нула пак.
 
И овој е добар тренер, селекторот на франција жени.

france-roumanie-olivier-krumbholtz-et-amandine-leynaud_full_diapos_large.jpg
 
А кој е крив што се така опуштени ако не Индира и нејзиниот „пријателски“ однос? :)
Како и играчите така и трењерите секој си има посебен стил. Исто и во работниот живот сите работиме различно и уникатно за да постигнеме добар резултат. Така да Индира неможе да се смени, тоа и е стил. Таква беше и како капитен и како играч, а денес и како трењер. Едноставно тоа е карактер. Кај некој тим ќе даде одличен резултат, кај други како на пример овој состав тоа се злоупотребува. И секако на крај ќе си го однесе Индира која верувам живее и дише за тимов, од колку овие таканаречени ракометарки.
 
Бегоња во аут до крај на сезона, ги средила ACL
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom