- Член од
- 6 февруари 2014
- Мислења
- 167
- Поени од реакции
- 333

Екипата на Вардар СЦБТ продолжува со градење на тимот кој што ќе настапува и следната сезона. Нова ракометарка која што и наредната сезона ќе го носи црвено-црниот дрес e поранешната шпанска репрезентативка Бегоња Фернандез. Таа минатата година пристигна во екипата на ЖРК Вардар СЦБТ и имаше договор до крајот на сезонава, но реши да остане и да го продолжи истиот на уште една сезона. Според новиот договор Фернандез ќе го носи дресот на вардарки и во сезоната 2014/2015.