Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Нови играчи нема да има, mark my words.
Нов тренер секако ќе има.

Се плашам дека ако излезат на прес конференција, ќе паднете во уште поголема депресија :D Ама да, треба да се излезе и да се објави се јавно, да се знае какви кукавици од нација сме и колку аждери за пари се вртеле низ годиниве во клубот и го закопале во долгови.
 
Огромен е стравот од инвестиции, дали полнат гаќи од Груби нашите бизнисмени, дали не сакаат да ги поврзуваат со Комити (дека директно ќе треба да преговараат со нас), дали партиите не им даваат, не знам.
Се мислев дали да пишам ,ама Кано е во право во случајот т.е. изгледа уште не ви е јасно дека рандом бизнисмен , кој не е напален навивач нема шанса да дај поголема сума пари , оти поимот бизнисмен е дека сака да напрај пари.

Инаку замислата шо ја имавте и ја кажваш Миле на вилица убо звучи , ама домашниот есап на пазар , не излегва. Подруго ќе беше да продаете 35000. - 40000 сезонски , ама мислам и цела кампања ви е недосмислена , ама тоа е друга тема очигледно уште некој од постарите ви живеат во време на Југославија кога неможеше играч од Македонија да оди во друг клуб во ЈУ ако не оди прво во Вардар .

Целта како навивачка група ја исполнивте поќе од шо треба , навивачи и водење клуб не оди заедно , јас лично мислам дека сега треба да пресечите шо со клубот оти ако пак испадните. втора лига се враќате 100 чекори назад т.е. лично мислам дека најдобра варијанта е да издејствувате клубот под градот, или некако да успеете да најдете пари преку општини пред преоден рок за 5-6 играчи оти дефинитивно со овај состав нема ни 10 бода до пауза да имате , па и Мурињо тренер да дојди .
Ако успеете да најдете спонзор да дава пари а навивачи да му остат таму акции во клуб колку барате 25-30 % свака част - научна фантастика.
Автоматски споено мислење:

Само да дополнам освен име Вардар нудите само 3-4 милиони долг и клуб без никаква инфраструктура
 
уште некој од постарите ви живеат во време на Југославија кога неможеше играч од Македонија да оди во друг клуб во ЈУ ако не оди прво во Вардар .
Бива ли да пишете бе еден пост, а да не лупнете ваква "не престануваат маките на Албанците поради немањето правда" епска глупост за колку сте пропатиле вие од Вардар. Те поздравија браќата Ѓуровски, Истатов, Рингов, Никица Клинчарски.. може некој и ќе заборавам.
Дур си на темава нешто и за со кого се имаме сврзано сезонава за да опстанеме? Со Ѓорче нешто мутно во позадина правиме или Горан и Декси треба да ги почекаме за тие муабети?
 
Бива ли да пишете бе еден пост, а да не лупнете ваква "не престануваат маките на Албанците поради немањето правда" епска глупост за колку сте пропатиле вие од Вардар. Те поздравија браќата Ѓуровски, Истатов, Рингов, Никица Клинчарски.. може некој и ќе заборавам.
Дур си на темава нешто и за со кого се имаме сврзано сезонава за да опстанеме? Со Ѓорче нешто мутно во позадина правиме или Горан и Декси треба да ги почекаме за тие муабети?
Друже видовме по продажбата на карти ...поздрав
 
Дали има вистина дека Вардар е во преговори со Факрудин Ѓорѓевиќ и Танушев.Проблем со Танушев бил дека уште два клуба го барале и нуделе повеќе пари
 
Со огромно задоволство ја соопштуваме веста, дека од денес за нов тренер на ФК Вардар е назначен Александар Васовски - Тетовче, играчка легенда на клубот и човек под чие водство ФК Вардар ја освои последната шампионска титула во 2019 година.

Покрај него, во клубот се враќа и големата спортска легенда Ѓокица Ѓоко Хаџиевски, најтрофејниот Вардаров тренер и човекот кој со "црвено-црните" има освено вкупно пет шампионски титули и два национални купа. Веруваме дека со неговото богато интернационално тренерско искуство и знаење, ќе биде од огромна помош за тренерот Васовски, но и за целокупниот тим.

Особено не радува искрениот пристап на двајцата тренери, кои веднаш и без размислување ја прифатија понудата на клубот. Сметаме дека спојот на професионализам и искуство и на желбата и знаењето, ќе биде темелот врз кој во понатамошниот период ќе се развива клубот, градејќи го постепено потребниот победнички менталитет.

Првиот официјален натпревар за тренерот Васовски, како и за Ѓоко Хаџиевски ќе биде веќе во среда, против екипата на Силекс, кој нашиот Вардар ќе го одигра на стадионот "Борис Трајковски" во населбата Маџари, со почеток од 16:30ч

Ги покануваме сите навивачи на клубот да присуствуваат на натпреварот, да ги поздравиме како што доликува големите Вардарови легенди и да им дадеме поддршка на нашите фудбалери, за да стигнат до првата победа.

Обединети се бориме, за клубот на народот!

#ЕденЖивотЕднаЉубов
#СитеЗаедноЗаКлуботНаНародот

FB_IMG_1692721587393.jpg
 
Се радувам за Васоски, но криво ми е за Бајо што си замина, зошто знам дека се трудеше и со љубов работеше. Штета што си замина...
А Ѓоко нема што ново и подобро да понуди. Мислам дека времето за да се бави со фудбал му помина..
 
vo momentot ni trebaat luge sto moze da donesat igraci. slobodno neka ima poveke direktori ili skauti ako toa znaci deka ke se zajakneme na igracki plan.
 
За играчи требаат пари.Просечни играчи не ти доаѓаат ако нема што да понудиш.Единствената шанса за играчи е ако до крајот на преодниот рок останат без ангажман па некако заради името Вардар да се донесат.
 
Се радувам за Васоски, но криво ми е за Бајо што си замина, зошто знам дека се трудеше и со љубов работеше. Штета што си замина...
А Ѓоко нема што ново и подобро да понуди. Мислам дека времето за да се бави со фудбал му помина..
Само едно ќе кажам, освен Михо, не постои, нити постоел некој што во последниве 20 години САМО од љубов работел во Вардар.
Сите си имаат терано шеми, не сакам да коментирам на темава детално.
Особено оние што се јавуваа како функционери во времињата кога имавме пари.

Сепак и по мое убедување, можеше да се истера бар полусезоната со Бајо и Грне.
Реков, квалитативно ќе донесеме подобар тренер. Ама па истиот не напушти кога почна да тоне бродот (нема замерка, без пари не се работи).
За Ѓоко исто така имам слушано многу негативно работи од екс вработени во Вардар. А и како функционер во Пелистер не се прослави, напротив си напика некои негови дрва со високи плати, експресно отпаднаа.
Ќе видиме што ќе излезе на крај.

Одиме на 3 бода утре, очајно ни треба победа за да се подобри атмосферата.
 
Вообичаено смената на тренер носи позитивен шок во екипата, извесно размрдување и работите можат да тргнат на подобро. Но, во нашиот случај се работи за реално (пре) слаб квалитет на одредени позиции и ситуација кога целиот стручен штаб и играчите имаа изградено хемија и функционираа како колектив, па затоа сменава ми е некако пола/пола позитивна/негативна. Од друга страна, се погласни се муабетите низ градов дека заминувањето на Бајо е врзано со потенцијален спонзор, а целиот стручен штаб заминува како резултат на таа ситуација, не првенствено заради двата порази.
Во секој случај сите посакуваме позитивен пресврт со Тетовче на клупа, почнувајќи веќе утре против ѕинговци.
 
Последно уредено:
До мене стигна муабет(не знам дали е точно) дека Грне и Бајо имале анексни договори и дека нон-стоп ги менувале во своја корист,па така да Вардар сега им должи еден куп пари
 
До мене стигна муабет(не знам дали е точно) дека Грне и Бајо имале анексни договори и дека нон-стоп ги менувале во своја корист,па така да Вардар сега им должи еден куп пари
И други муабети има што не се за на форум
 
Ајде за арно нека е. Нека им е со среќа на Тетовче и Хаџиевски и утре мора да се победи Силекс и да се земат првите три бода.
 
Едно треба да се знае, никој не работи од љубов по се изгледа.
И со Бајо и Грне има многу работи што се сумњиви, како што викаат старите кај што има дим има и оган.
Али тоа е, битно ние да не излеземе од колосек и идејата за Вардар, клуб на народот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom