Да не се повторувам и претходно. Ова се оние порази и бледа игра со која ќе се мачиме цела сезона. Веќе сме го виделе и во минатото, кога сме имале состав од 1-2 добри играчи и другото било просек. Ако имавме среќа ќе дадевме гол за израмнување од некој прекин, а ако не беше Гача ќе загубевме 5-0.
Играчите се тие, пари за нови НЕМА.
Ќе мора да се турка со она со кое располагаме во моментов.
Реално, во клубот има неколку класа играчи кои за жал веќе се и во поодминати години.
Тоа се Гача кој знае и да киксира, Мицевски, Брдаровски и ветеранот Мишковски.
Мишко е стар и не може сам да ја носи цела одбрана. За еден на еден е цар, во воздушни дуели исто, но веќе е бавен и не може да покрие се.
Вецевски со очајна партија, бавен како трактор. Од авион се гледа разлика во квалитет со Мишко, дури и на 37 години е доктор за него.
Јас сериозно надежи имам во андорецот. Се надевам дека ќе се погоди и ќе му биде партнер на Мишко. И сериозен сум дека со составот кој го имаме треба да играме со 3 штопери и Брда и Глишиќ како поистурени.
Глишиќ беше слаб дефанзивно, но за волја на вистината беше осамен на таа страна, затоа што Цветановски веќе е далеку од некогашниот квалитет и воопшто не покриваше дефанзивно (покрај тоа што не понуди ништо и во офанзива).
Тројка со андорецот, Мишко, па и Блажевски би го играл пред Вецевски. Едино Папули е послаба опција по мене.
Се лажам себеси секоја сезона дека Велковски може да придонесе нешто. Едноставно нема квалитет, единствен плус е што игра со срце и многу трча. Не ми е јасно зошто Демир не доби шанса, можеби не е подготвен да игра. За Лука имав дилеми уште кога го потпишавме. Уште на млади години, година и кусур да не играш фудбал е огромен проблем. Него му треба многу време за да почне да игра на повисоко ниво. Денес беше најслаб. Едноставно тука мора да се игра со Демир или Велковски или пак Брда како поистурен бек.
Цела надеж ни е само во Лемос. Неговото играње ќе биде голем плус, самите знаеме кој е квалитетот на лигата и колку еден играч може да смени нешто. Наместо неподвижниот Цветановски, би имале одлично и брзо крило. Уште еднаш ќе нагласам дека е огромна штета што си отиде Размо, остави голема дупка во нападот.
Ако го тргнеме Мицевски, сакаме гол да даде напад со Николовски, Цветков, Трајковски, Цветановски и Десниќ. Тоа ти се 5 играчи кои не би стартувале во ниту еден годинешен прволигаш. Николовски мора да ни стартува, но освен борбеност, нема некоја друга одлика.
Огромен проблем е што немаме ни добар У 21 играч. Менингитот на Јусуфи не пресече, иако за волја на вистината и тој има конституција како Цветков, но сметам дека е подобар. Цветков невидлив, по Лука најслаб денес. Мислам дека и Грне се изгуби со измените, место да ги извади Деки и Цветков, ги извади Десниќ и Николовски.
Значи Николовски и Мицевски би ни биле средина, а трет посолиден играч немаме.
Деки би можел да помага од клупа, има искуство, но веќе е стар и бавен. Десниќ е играч кој би бил резерва во екипа што се бори за опстанок. Не може сам да даде тол, не е убоит, нешто меѓу крило, полупиц и напаѓач...
Но, немаме подобра опција и да се надеваме дека со подобри крила ќе биде попродуктивен. Се бори, не може да му се замери. Жоглев нема што да бара во прва лига. За да имаме ќар од него треба да имаме состав како во време на Самс, крилата да го хранат непрекинато, само да се гради и да шутира со глава. Во дефанзивен тим, отсечен во нападот, само ќе се резили незнаејќи да игра со нога. Ако се погоди Лемос, можеби би било океј да играме со Жоглев од време на време. Енигма е Демир, затоа што од него очекуваме многу.
Значи јас би одел со Гача на гол, андорецот, Мишко, Вецевски/Блажевски во одбрана, Брда и Глишиќ по страна поистурени, Мицевски и Николовски средина, Лемос и Демир/Велковски крила, а Десниќ напад. И тука доаѓа проблемот со немање младинец во составот. Тоа би значело дека ќе мора да се жртвува некоја позиција, а тоа или би бил нападот со Омерагиќ или Цветков како денес.
Нема слаба екипа годинава и уште поважно, ова е една од ретките сезони во која освен ние, ниту една друга екипа нема финансиски проблеми. Без финансиска инјекција, сигурно ќе отпаднеме. Надежта е дека со притисок ќе извадиме некој бод а домашен терен и да се молиме да легне некоја пара на полусезона, но ќе биде ѓаволски тешко.
Дополнително немаме ниту замени. Ако се повреди Брда или Мицевски, комотно може да се откажеме од натпреварувањето.