Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Дајте линк момци.. Само на Нова Спорт ја има утакмицата?
 
Midlam koga ima prenos na.nekoja TV nema na ffm lani taka bese koga ne imase SK
 
Пандевци поконкретни во првото полувреме.Гача чист гол фати.Ќе биде тешко.
 
Неуспехот да се најде превоз до Струмица, значи да го гледам подетално натпреваров на ТВ. Топ бројка на Комити и вардарци во Струмица, како дома играме. Греота е што се игра на вакви теренчиња. Срамота. Закачиле таму некои најлони со трофеи на Пандев, еден куп луѓе ги испотргаа гледаат фудбал од оградите. Место да се игра на Младост, па дури и Турново е подобра опција, земале ми играат на приватно стадионче со 200 столчиња. Добро е што барем ина од каде да гледа публиката, не се затворени ко што бевме со Воска.

Инаку, изгледа пандевци ќе ни бидат едни од екипите со кои може да извадиме некој бод. Ние сме преслаби, а они не се ништо посебно.
Благодарение на Гача и среќата, резултатот се уште е 0-0.
Почнавме очајно лошо, 15 минути бевме притиснати во шеснаесетник, ама домаќините немаа посериозна шанса. Нападот е целосно отсечен. Смешна е поставава со Цветков, Николовски, Трајковски, Цветановски и Десниќ. Со ваков тим ќе се мачиш да направиш шанса со Башкими, а не па со екипите од прва лига. Ама тие се играчите... Јусуфи е аут, мора Цветков да игра или пак Омерагиќ ко напаѓач. Десниќ е просек за прва лига, слично како и Деки на крило. Очајно фали брзината на Размоски, огромна штета што си замина. Трајковски има пребледа партија, игра бандажиран, ништо не покажува. Камо да останеше муфљузот Серафимов, ќе го игравме бек, а Брда ко поистурен бек. Не е лошо и со 3 дефанзивци да играме ко ќе добие дозвола андорецот, а Глипиќ и Брда поистурени да бидат. Единствените акции преку Брда и Мицковски беа. Се ослободивме од првичниот притисок и 15 минути притискавме ние. Имавме една шанса откако украдовме топка во нивен шеснаесетник, ама Николовски биеше очајно. После тоа повторно паднавме и ни искреираа 3 чисти шанси. Гача спаси со 2 паради, откако претходно шитна топка во опасна зона и го скинав од пцуење. На крајот имаа удар од слободен кој не се бранеше, но мина крај стативата.

Не знам што би можело да се промени без Лемос. Демир е подобра опција за крило и од Деки и од Лука, само дали е во игрчка форма. Јас дури би одел и со Велковски на крило или да се врати на бек, а Брда напред. Не верувам да Жоглев биде поефикасен од Десниќ, сепак Десниќ има поголемо искуство.
Ќе биде чудо ако издржиме и освоиме бод. Вецевски уште не ми е квалитет за прва лига, неколку пати отпадна, а Мишко е веќе стар за да ја држи цела одбрана.
 
Второво полувреме е само доказ колку сме главни кандидати за отпаѓање. Вецески ужасен во дефанзива, му бегаат играчиве што ги чува, во место ко да цупка кога трча. Глишиќ исто никаква помош не дава во дефанзива. Откако влезе италијанецов го поремети по таа страна, ја сврти цела утакмица. Тешко враќање, како се подотворивме да напаѓаме, така Гача спаси и трета 100% шанса.
Грне конечно го извади Лука, да видиме што ќе донесе Велковски. По мене треба да лета и Цветков, а би го внел и Жоглев во игра или Демир.
Се што правиме е врз база на искуство на неколку играчи, но на долга стаза тоа нема да носи резултати.
Ќе мора да се помириме дека без спонзори цела сезона ќе биде мачење.
 
Добар играч е Јанкулов, многу ги потценвите Брера, имаа доста допри припремни, доминираа со 5то пласираната екипа од Албанска лига со многу допадлив фудбал и трчаат доста.
Пандев најавил уште 2 напаѓачи, јас мислам имаат шанса овие за топ 4-5
 
Па имаат потенцијал ама и многу млади играчи со кој што на гости ќе биде тешко.За нас на некои позиции сме ужасно слаби имавме некој налет но фала му на Гача што не изгубивме со повеќе.Со странците посебно Лемос па и стоперот од Андора ќе изгледаме поинаку но пак ни фалат 2/3 засилувања.Од Град Скопје има нешто најави или..
 
Позади сме добро покриени, на Брдаровски му треба едем добар крилен играч поред себе. Мицевски не е во форма, денес многу ни фалеа Педрињо и Нијаз. Према напред стара песна. Десниќ не може да игра шпиц, тоа Грне мора да го сфати.
 
Да не се повторувам и претходно. Ова се оние порази и бледа игра со која ќе се мачиме цела сезона. Веќе сме го виделе и во минатото, кога сме имале состав од 1-2 добри играчи и другото било просек. Ако имавме среќа ќе дадевме гол за израмнување од некој прекин, а ако не беше Гача ќе загубевме 5-0.

Играчите се тие, пари за нови НЕМА.
Ќе мора да се турка со она со кое располагаме во моментов.

Реално, во клубот има неколку класа играчи кои за жал веќе се и во поодминати години.
Тоа се Гача кој знае и да киксира, Мицевски, Брдаровски и ветеранот Мишковски.
Мишко е стар и не може сам да ја носи цела одбрана. За еден на еден е цар, во воздушни дуели исто, но веќе е бавен и не може да покрие се.
Вецевски со очајна партија, бавен како трактор. Од авион се гледа разлика во квалитет со Мишко, дури и на 37 години е доктор за него.
Јас сериозно надежи имам во андорецот. Се надевам дека ќе се погоди и ќе му биде партнер на Мишко. И сериозен сум дека со составот кој го имаме треба да играме со 3 штопери и Брда и Глишиќ како поистурени.
Глишиќ беше слаб дефанзивно, но за волја на вистината беше осамен на таа страна, затоа што Цветановски веќе е далеку од некогашниот квалитет и воопшто не покриваше дефанзивно (покрај тоа што не понуди ништо и во офанзива).
Тројка со андорецот, Мишко, па и Блажевски би го играл пред Вецевски. Едино Папули е послаба опција по мене.
Се лажам себеси секоја сезона дека Велковски може да придонесе нешто. Едноставно нема квалитет, единствен плус е што игра со срце и многу трча. Не ми е јасно зошто Демир не доби шанса, можеби не е подготвен да игра. За Лука имав дилеми уште кога го потпишавме. Уште на млади години, година и кусур да не играш фудбал е огромен проблем. Него му треба многу време за да почне да игра на повисоко ниво. Денес беше најслаб. Едноставно тука мора да се игра со Демир или Велковски или пак Брда како поистурен бек.
Цела надеж ни е само во Лемос. Неговото играње ќе биде голем плус, самите знаеме кој е квалитетот на лигата и колку еден играч може да смени нешто. Наместо неподвижниот Цветановски, би имале одлично и брзо крило. Уште еднаш ќе нагласам дека е огромна штета што си отиде Размо, остави голема дупка во нападот.

Ако го тргнеме Мицевски, сакаме гол да даде напад со Николовски, Цветков, Трајковски, Цветановски и Десниќ. Тоа ти се 5 играчи кои не би стартувале во ниту еден годинешен прволигаш. Николовски мора да ни стартува, но освен борбеност, нема некоја друга одлика.
Огромен проблем е што немаме ни добар У 21 играч. Менингитот на Јусуфи не пресече, иако за волја на вистината и тој има конституција како Цветков, но сметам дека е подобар. Цветков невидлив, по Лука најслаб денес. Мислам дека и Грне се изгуби со измените, место да ги извади Деки и Цветков, ги извади Десниќ и Николовски.
Значи Николовски и Мицевски би ни биле средина, а трет посолиден играч немаме.
Деки би можел да помага од клупа, има искуство, но веќе е стар и бавен. Десниќ е играч кој би бил резерва во екипа што се бори за опстанок. Не може сам да даде тол, не е убоит, нешто меѓу крило, полупиц и напаѓач...
Но, немаме подобра опција и да се надеваме дека со подобри крила ќе биде попродуктивен. Се бори, не може да му се замери. Жоглев нема што да бара во прва лига. За да имаме ќар од него треба да имаме состав како во време на Самс, крилата да го хранат непрекинато, само да се гради и да шутира со глава. Во дефанзивен тим, отсечен во нападот, само ќе се резили незнаејќи да игра со нога. Ако се погоди Лемос, можеби би било океј да играме со Жоглев од време на време. Енигма е Демир, затоа што од него очекуваме многу.

Значи јас би одел со Гача на гол, андорецот, Мишко, Вецевски/Блажевски во одбрана, Брда и Глишиќ по страна поистурени, Мицевски и Николовски средина, Лемос и Демир/Велковски крила, а Десниќ напад. И тука доаѓа проблемот со немање младинец во составот. Тоа би значело дека ќе мора да се жртвува некоја позиција, а тоа или би бил нападот со Омерагиќ или Цветков како денес.

Нема слаба екипа годинава и уште поважно, ова е една од ретките сезони во која освен ние, ниту една друга екипа нема финансиски проблеми. Без финансиска инјекција, сигурно ќе отпаднеме. Надежта е дека со притисок ќе извадиме некој бод а домашен терен и да се молиме да легне некоја пара на полусезона, но ќе биде ѓаволски тешко.
Дополнително немаме ниту замени. Ако се повреди Брда или Мицевски, комотно може да се откажеме од натпреварувањето.
 
Пребавни, преспори за полетната екипа на Пандев. Не може единствено со Гача и Мишко на задоволително ниво, да се надеваш на позитивен исход против било кој противник. Се слагам со Сабјата дека оние неколку класа играчи кај нас се во поодминати години, и се мислам дека не можат да го пратат оној интензитет на трчање што го наметнаа пандевци. Особено не на вакви пеколни температури. Кај Панта се забележуваше и отсуството поради повреда, му требаат неколку утакмици за да влезе во посакувана форма. Знаеме колку значи за нашата креативност во офанзива.
Факт е дека Пато, Цветков и сличните се изнудени решенија во овој момент, но јас не би бил до толку песимист. Ќе заигра пред се' Лемос, се надевам уште во следната утакмица, кој може битно да го смени ритамот на игра. Денеска на пример крилата беа тотално неупотребливи.
Исто така се отвара можност за кам бек на една битна фигура од златната генерација, која го урна Фенербахче. Епилогот би требало да се знае до средината на неделата што следи. За во шпицот не е сеуште затворена опцијата за потпис на Нгоба, има некакви проблеми со документацијата во Франција засега, а покрај него се разгледуваат и некои други варијанти. Се разбира ќе зависи и од финансиската конструкција. Се на се, не треба да очајуваме. Ќе се екипираме полека. Сепак до пред само 2 месеци се натпреварувавме во Втора лига, каде единствени сериозни екипи беа Воска и Гостивар.
 
Греота е што се игра на вакви теренчиња. Срамота. Закачиле таму некои најлони со трофеи на Пандев, еден куп луѓе ги испотргаа гледаат фудбал од оградите. Место да се игра на Младост, па дури и Турново е подобра опција, земале ми играат на приватно стадионче со 200 столчиња.


Dojdi vidi gi terenite na Mladost ili Turnovo :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom